Мобилни уреди
Три нешта што треба да ги знаете за бришењето пораки на „Месинџер“
По една недела од најавата, новата корисна функција на „Месинџер“ стигна до првите корисници. Станува збор за бришењето на испратените пораки, што ќе им дојде многу добро на оние што пишуваат во афект.
Колку и да е слична на функцијата која веќе долго ја има на „Вацап“, на „Месинџер“ нештата сепак ќе бидат поинакви.
1. Само десет минути за бришење
Како прво, треба да имате на ум дека имате само 10 минути да ја избришете испратената порака, а тоа се прави така што го држите прстот на текстот додека не се појави „Избриши“ на дното од екранот.
Потоа, слично како и на „Вацап“, ќе мора уште еднаш да потврдите дека сакате да ја избришете пораката од сите уреди.
2. Може да ве пријават
Потоа ќе се појави известување дека трајно ја бришете пораката, па другата страна ќе види дека е избришана и ќе може да пријави во случај на проблематична содржина.
3. „Фејсбук“ се осигури
„Фејсбук“ ќе ја задржи уште некое време избришаната порака, во случај таа да е предмет на жалба.
Опцијата за бришење на пораката стигна во Полска, Боливија, Колумбија и во Литванија, а прашање на време е кога ќе стигне и во другите земји.
Оваа функција на „Вацап“ ја има од 2017 година, а таму за бришење на пораката имате дури еден час.
Fakulteti.mk
Магазин
Huawei го симна Apple од тронот на пазарот за носечки уреди
Иако Apple долго време доминираше на пазарот за носечки уреди благодарение на успехот на Apple Watch, новите податоци покажуваат дека ситуацијата се промени.
Во првите три квартали од годината, Huawei испорача 23,6 милиони носечки уреди, заземајќи го водечкото место со пазарен удел од 16,9%, што претставува раст од 44% во споредба со истиот период минатата година. Apple, кој забележа пад од 10% во испораките, сега има пазарен удел од 16,2%, со испорачани 22,5 милиони уреди. Xiaomi го зазеде третото место со 20,5 милиони испораки и раст од 25%, додека Samsung е на четвртото место со 11,5 милиони испораки.
Вкупно, во првите три квартали годинава се испорачани 139 милиони уреди за носење, што е мало намалување од минатогодишните 140,5 милиони. Кина продолжува да биде најголем пазар, со над 45 милиони испорачани уреди и раст од 20%. Од овој број, 33 милиони се паметни часовници, што претставува раст од 23,3%.
Успехот на Huawei се припишува на новите модели како Watch GT 5, GT 5 Pro и Watch D2, како и на проширувањето во различни региони, особено во Азија и Блискиот Исток. Дополнително, силната позиција на кинескиот пазар значително придонесе за нивниот раст.
Сепак, важно е да се истакне дека Apple сè уште го задржува првото место кога станува збор исклучиво за паметни часовници, без да се земат предвид другите уреди за носење, како фитнес лентите.
Извор: Telegraf
Магазин
Сакате да го спречите iPhone-от да ја менува осветленоста автоматски? Еве како
Магазин
Еве колку ќе чинат Redmi Note 14 телефоните во Европа
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (21 декември)
-
Временска прогноза12 часа
Попоски од вечерва најавува снежни врнежи во нашиот регион, како и на Балканот
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за недела (22 декември)
-
Временска прогноза1 ден
Од денес и календарски е зима, од понеделник по студено со снег и силен ветер
-
Автомобили13 часа
Автомобилскиот бренд Dacia продаде повеќе од пола милион примероци во Европа за 11 месеци од оваа година
-
Спорт10 часа
Масар Омерагиќ со 62 гласа и нути еден против избран за нов претседател на ФФМ
-
Магазин10 часа
Живот на Месечината? Јапонија работи на лунарно живеалиште со вештачка гравитација
-
Социјални мрежи1 ден
„ТикТок“ станува недостапен во Албанија, владата ја затвори социјалната мрежа на најмалку една година