Следете не

Мобилни уреди

Galaxy S10 ќе ја покори конкуренцијата: Интензивно се работи на најмоќниот телефон на Самсунг

Екран со дијагонала од дури 6,7 инчи, четири камери на задната и две камери на предната страна, поддршка за 5G – тоа ќе бидат опциите на најмоќниот модел на Galaxy S10.

Идната година јужнокорејски Самсунг ќе ја претстави јубилејната 10-та генерација на својот најголем адут на пазарот на паметните телефони.

Наводно Самсунг идната година ќе претстави дури четири модели од серијата Galaxy S10. Два модели би требало да имаат екран со дијагонала од 5,8 инчи. Најевтиниот модел би требало да му биде конкуренција на iPhone XR, а со исти димензии на екран, но подобри перформанси би бил класичниот Galaxy S10. Покрај тоа, се очекува да биде претставен и Galaxy S10+ кој би имал екран со дијагонала од 6,4 инчи и од 3 до 5 камери распоредени на предната и задната страна.

Покрај овие модели, The Wall Street Journal пренесува дека Самсунг подготвува и јубилеен модел за десетгодишнината на Galaxy S серијата и ако овие информации се вистинити, тогаш тоа би требало да биде најмоќниот телефон на јужнокорејската компанија досега.

Телефонот се развива под кодното име “Beyond X” и би требало да има екран со дијагонала од 6,7 инчи и дури шест камери – четири на задната страна и две на предната страна. Фотографските можности на најмоќниот Galaxy S10 ќе бидат од најголема важност затоа што, Самсунг ќе сака со овој модел да ја врати титулата најдобар „мобилен фотоапарат“.

Покрај тоа, најмоќната верзија на Galaxy S10 би требало да има и поддршка за 5G, па тоа ќе биде еден од првите такви телефони на пазарот.

Извор: Tocka.com.mk

 

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Facebook

Последни објави

ЗабаваПред 3 часа

Хороскоп за денес (26 Јуни) Среда

ОВЕН Размислувајте однапред при носењето одлуки на деловно поле и важно е некои проекти добро да ги организирате. Со саканата...

МакедонијаПред 3 часа

МВР: „Секогаш ставај кацига кога возиш мотор“ – Разбуди ги добрите сообраќајни навики!

Министерството за внатрешни работи уште еднаш Ве потсетува за сообраќајните правила за возење мотор. Заштитниот шлем го намалува ризикот од...

Без категоријаПред 11 час

Со ѕидни цртежи учениците од ОУ „Санде Штерјоски“ го разубавија училиштето

Благодарение на инвентивноста и желбата на учениците од осмо и деветто одделение, ѕидот на училиштето во кое до скоро ја...

Без категоријаПред 12 часа

Закопал стара гума во дворот. Ќе се воодушевите кога ќе видите зошто!

Луѓето од секогаш се во потрага по креативни идеи кои ќе го разубават нивниот животен простор, а кои не бараат...

Без категоријаПред 12 часа

Позитив видео кое ќе ве наежи, пробај да не заплачеш!

Видео на кое не можете а да не пуштите солзи….

ЖивотПред 12 часа

Притисокот кој родителите од Кина го вршат врз своите ќерки за да се омажат до 25-тата година

Видео со моќна порака го прикажува притисокот кој родителите од Кина го вршат врз своите ќерки за да се омажат...

Временска прогнозаПред 12 часа

Кон крајот на денот ќе биде нестабилно со можни врнежи од дожд во реони

Времето попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со...

ЗабаваПред 1 ден

Дневен Хороскоп (25 Јуни) Вторник

ОВЕН Иако вашите очекувања не се преголеми, денес е неповолен ден за вас, па тешко дека ќе успеете да остварите...

КичевоПред 1 ден

Св.Пречиста Богородица: Косење на ливади оваа сабота и недела, обезбеден превоз за сите што ќе пружат помош

Почитувани пријатели Ве известуваме дека на ден 29.06 сабота и 30.06 недела се започнува со косење на Манастирските ливади од...

КичевоПред 1 ден

Прскање против комарци во наредните два дена во Општина Кичево

Во наредните два дена на територија на Општина Кичево ќе се спроведе превентивна систематска дезинсекција. Оваа операција ќе се изведува...

НАЈЧИТАНИ