Кичево
(МЕГАГАЛЕРИЈА) Кичевчани со „Амадеус Бенд“ го најавија стартот на #лето2019 во ноќен клуб „Exclusive“

Вчера на 06.07.2019 сабота во полна сала и одличен амбиент стартуваше со работа ноќен клуб „Exclusive“. Кичевчани најпрво имаа прилика да се забавуваат со комерцијалните хитови на домашниот хост DJ Vix-Alex, за потоа во живо да се загреваат со најголемите хитови заедно со „Happy End Band“ – и секако „Амадеус Бенд“ кои започнаа со нивниот голем хит „Moja Zemlja“
Кичевчани и гостите од другите градишта на пеколниот подиум пееја во еден глас, уживајќи до раните утрински часови со најголемите хитови, но неможе да се заборави специјалниот амбиент кога заедно со македонско знаме ги интерпретираа „Излези момче“, „Едно име имаме“, и останатите македонски безвременски изворни хитови во чест на присутните..
Нашиот тим во соработка со ноќниот клуб „Exclusive“ направи мега-галерија на оваа ноќ преку својот објектив, каде може да го доловите целосниот амбиент преку фотографија…
Уживајте:
Кичево
Вчера во Кичево била пријавена физичка пресметка помеѓу малолетници, додека едно лице настрадало од куче скитник

Вчера на 02.07.2022 година во 22:50 часот, во ОВР Кичево пријавена е физичка пресметка на улицата „Веле Змејкоски“ во Кичево, помеѓу две малолетни деца.
Притоа, едното се здобило со повреди и било пренесено во болница за укажување лекарска помош.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Истиот ден на 02.07.2022 година во 19:30 часот, С.К.(51) од Кичево, во полициска станица пријави дека, на булеварот „Ослободување“ во Кичево бил каснат од куче скитник, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
Ноќеска на магистралниот пат во Кичево се случила страшна сообраќајна несреќа со жртва

На 03.07.2022 во 01.30 часот во Плициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Д.(23) од кичевското село Горно Строгомиште, излетало од патот.
Возачот и сопатникот Л.Р.(24) од Кичево биле пренесени во Општата болница во Кичево, а потоа во приватна болница во Скопје, каде на здобиените повреди подлегнал сопатникот Л.Р., а возачот бил задржан на лекување со тешки телесни повреди.
Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција. На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
(ФОТО+ВИДЕО) Најавеното невреме носи сè пред себе, кон с.Извор се лее кал по регионалниот пат

Најавеното невреме за попладневните часови очигледно носи сè пред себе.
Пред неколку минути нашата екипа патуваше кон Кичево од Охрид, па во отежнати временски услови со ограничена брзина можеше да се забележат остатоци од кал и камења на регионалниот пат во близина на с.Извор – кичевско.
Апел до сите учесници во сообраќајот внимателно да движат преку овој патен правец, поради можни свлечишта и остатоци од карпи и камења, додека надлежните органи го санираат проблемот кој за сега не претставува пречка но може да биде од сериозен обем доколку невремето заземе поголем интензитет.
Видео од силен град охридско-кичевски регион предмалку:
-
Кичево2 дена
Се бара 52-годишник од кичевско, скоро една недела го нема
-
Кичево16 часа
Ноќеска на магистралниот пат во Кичево се случила страшна сообраќајна несреќа со жртва
-
Кичево1 ден
(ФОТО+ВИДЕО) Најавеното невреме носи сè пред себе, кон с.Извор се лее кал по регионалниот пат
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (3 јули)
-
Кичево13 часа
Вчера во Кичево била пријавена физичка пресметка помеѓу малолетници, додека едно лице настрадало од куче скитник
-
Хороскоп5 часа
Дневен Хороскоп (4 јули) – понеделник
-
Хроника1 ден
Трагедија ја потресе Македонија, се трага по телото, 14-годишник попладнево се удави во Беровско Езеро
-
Македонија2 дена
СВР Охрид: Внимавајте, дури 27 санкции за возила кои престигнувале на недозволени места