Здравје и убавина
Антибиотиците во прекумерна доза и не се баш најдобра варијанта, еве што предизвикуваат…

Американскиот Центар за контрола и превенција од болести (CDC) не е познат по песимистичните искази, но во последно време алармира за последиците од прекумерното користење на антибиотици.
Додека експертите работат на зачувување на делотворноста на антибиотиците, и забавувањето на потенцијалните инфекции преку подобри насоки, прекумерното користење на антибиотици има сериозни здравствени последици во целиот свет.
1. Се зголемуваат случаите на пролив кај децата
Повеќето настинки се предизвикани од вируси, па антибиотиците немаат влијание на инфекцијата и можат да предизвикаат некакви несакани нус-појави. Сепак, студиите покажаа дека половина од пропишаните антибиотици за деца отпаѓаат на лечење на инфекции на горните дишни патишта поврзани со настинка.
Новите студии на CDC покажуваат дека на децата на кои рутински им се препишуваат антибиотици за горните респираторни инфекции се поосетливи на агресивни бактерии отпорни на антибиотици, познати како Clostridium difficile.
Студијата покажа дека 71 процент од децата кои имале инфекција со ваква бактерија земале антибиотици за болести на дишните патишта.
Кога на децата погрешно им даваме антибиотици непотребно ги изложуваме на здравствени проблеми со бактерии отпорни на антибиотици.
Бактеријата Clostridium difficile се наоѓа во човечките црева и може да предизвика тежок пролив и одговорна е за 250.000 случаи на хоспитализација, како и за 14.000 смртни случаи годишно помеѓу децата и возрасните во САД.
2. Ја пореметуваат осетливата цревна флора
Цревата содржат околу 100 трилиони бактерии од различни видови. Иако некои можат да бидат смртоносни, постои природна рамнотежа која може да се поремети со користење на антибиотици.
Агресивните антибиотици, иако корисни кај некои инфекции, можат да уништат многу „добри“ бактерии и да предизвикаат зголемување на бројот на оние отпорни на антибиотици. Тоа често доведува до пролив.
Многу луѓе, особено децата, се осетливи на несаканите нус-појави, вклучувајќи ја и трајната промена во цревната флора.
3. Ги претвораат добрите бактерии во лоши
Бактериите развиваат отпорност на антибиотици со процесот на хоризонтален пренос на гени.
Едно истражување покажа дека бактериите кои поминуваат низ дебелото црево можат да ги пренесат своите гени на отпорност на другите облици на бактерии.
4. Се зголемува бројот на случаи на неизлечива гонореја
Со Clostridium difficile, CDC засилено ги следи случаите на гонореја отпорна на антибиотици. Овој неизлечив сој на бактерии не само што предизвикува болка туку е поврзан и со воспалителни болести на карлицата, неплодност, неонатални инфекции на очите и слично.
Специфичната врста, Neisseria gonorrhoeae развила отпорност на антибиотиците кои обично се користат за лечење на оваа инфекција.
5. Зголемени болнички трошоци
Колку што ќе се проширува отпорноста на антибиотици, толку повеќе тие ќе мора да се повлекуваат од пазарите. Тоа значи дека лечењето на заболените од инфекции ќе трае подолго, а терапијата ќе биде поскапа.
Здравје и убавина
Знаете колку е битна положбата на спиење за здравјето?

Сигурни сме дека често не размислувате за позата во која спиете, бидејќи после напорниот ден единствено е важно да легнете во кревет и да заспиете. Сепак, научниците дошле до заклучок дека положбата во која спиете може да има големо влијание врз вашето здравје.
Имајќи предвид дека приближно една третина од животот поминуваме спиејќи, позицијата која дава најдобра поддршка треба да биде еден од нашите приоритети.
„Спиењето на грб е најдобрата положба во која ‘рбетот може природно да се усогласи и да биде во неутрална положба без никакви свиоци или кривини, така што оваа положба е најздрава за’ рбетот. Телото на секого е различно и некои положби може да бидат подобри за одредена личност врз основа на неговата висина, тежина или какви било претходни повреди, а ако имате некаква болка во грбот, дефинитивно препорачувам да спиете на грб“, објаснува експертот за спиење Кјара Причард.
Само 10 проценти од луѓето спијат на грб
Покрај споменатите придобивки, докажано е дека оваа положба на спиење помага во спречување на металоиди, рефлукс на киселина во желудникот, но и ги ублажува симптомите на настинка или алергија. Во случај спиењето на грб да не ви доаѓа природно, експертите советуваат дека е доволно само да го практикувате.
Меѓутоа, истражувањата покажуваат дека само 10 отсто од луѓето имаат навика да спијат на грб, додека 16 отсто од нив спијат на стомак, а најголемиот број, дури 74 отсто, спијат на страна.
Важно е да се спомене дека спиењето на стомак е единствената поза која се смета за нездрава бидејќи создава притисок на ‘рбетот, градите и белите дробови. Со оваа поза повеќе е функцијата на вратот кој мора да го свртите на левата или десната страна и затоа, предупредуваат лекарите, го загрозувате протокот на крв.
Здравје и убавина
Киселини во желудник: Седум намирници за спас кои ја гасат „огнената“ болка

Киселините во желудникот се симптом на болести во дигестивниот систем или на несоодветна исхрана кои се проследени со непријатно печење и болка зад градната коска. За среќа, и за нив постои олеснување, а тоа доаѓа во облик на овие производи.
Храна која ги смирува киселините во желудникот:
Чај од ѓумбир
Зовријте во вода исчистен и исечкан корен ѓумбир (со големина на палец), оставете го да отстои 10-тина минути, па испијте. Оваа напивка е делотворна против разни видови воспаленија, а ќе ги смири и киселините во желудникот.
Банани
Ако ги чувствувате симптомите на непријатните киселини во желудникот, изедете банана. Ова тропско овошје содржи минимални количини киселини, па така го штитат и смируваат надразнетиот желудник.
Бадемово млеко
Оваа здрава алтернатива на класичното кравјо или козјо млеко помага во неутрализирање на киселините во желудникот. Со бадемовото млеко изматете „смути“ во кое секако додадете јагоди, банани и спанаќ.
Овесни снегулки
Иритираниот желудник сака храна богата со прехранбени влакна како овесни снегулки. Наутро почнете со чинија снегулки кои ќе ви дадат енергија во текот на денот и ќе ја згаснат секоја евентуална болка.
Коморач
Во врела вода ставете две лажици семки од коморач. Оставете да отстои половина час, зачинете со мед и испијте. По консумирањето на оваа напивка ќе немате проблеми со киселините во желудникот.
Кефир и алое
Лажица сок од алое вера измешајте со кефир и изедете за појадок. Оваа одлична комбинација која го смирува системот за варење, а покрај тоа е мошне вкусна.
Лиснат зеленчук
Со зеленчукот е тешко да згрешите. Јадете што повеќе лиснат зеленчук како целер, брокули, карфиол и аспарагус кое содржи малку киселини па се добри во борбата против желудочните киселини.
Здравје и убавина
Дали знаете дека кафето штити од цироза на црниот дроб?

Секојдневното консумирање кафе штити од цироза на црниот дроб, заклучуваат британските научници во студијата објавена во магазинот Alimentary Pharmacology & Therapeutics. Научниците од универзитетот во Саутемптон ги анализирале податоци од девет долгорочни истражувања спроведени врз речиси половина милион луѓе од шест држави.
Цирозата на црниот дроб е тешка болест којашто може да биде фатална, бидејќи значително ја зголемува можноста од затајување на функцијата на црниот дроб и појавата на рак.
Притоа заклучиле дека зголеменото консумирање кафе значително го намалува, речиси за половина, ризикот од заболување од цироза на црниот дроб. Шест повеќе шолји кафе, ризикот е помал, тврдат научниците. Според нив, два дополнителни филџани кафе во денот го намалуваат ризикот од цироза за 44 отсто.
Научниците појаснуваат дека кафето, освен кофеинот, содржи и многу биолошки активни состојки, како што се материите кои помагаат против воспаленијата. Освен индиректниот биохемиски ефект, кафето има и директна улога во заштитата од цироза, бидејќи разните состојки откриени во кафето ги блокираа вирусите хепатитот Б и Ц, а кафето го намалува и појавата на дијабетес од типот 2.
Во студијата се заклучува дека врските меѓу зголемените дневни консумации на кафе и намалениот ризик од цирозата на црнито дроб е голена, и е поголема отколку кај многу лекови кои се користат за превенција на оваа болест. Покрај тоа, спротивно од дејството на многу медикаменти, кафето нема ниту одблизу толку несакани појави.
/denar
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (22 февруари)
-
Македонија1 ден
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“
-
Временска прогноза7 часа
Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!
-
Хороскоп1 час
Хороскоп за недела (23 февруари)
-
Македонија9 часа
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба
-
Мобилни уреди7 часа
Крај на една ера, „Apple“ ја прекина една од најпрепознатливите функции на „iPhone“ по 18 години
-
Автомобили1 ден
Dacia подготвува електричен автомобил поевтин од новото Twingo
-
Магазин1 ден
Како да ја зачувате батеријата на телефонот: Четири клучни совети