Следете не

Кичево

(ВИДЕО+ГАЛЕРИЈА) Кичево гласно пееше „Вечниот Бог“: Најубавата Бадникова Поворка сè побројна, најмладите ангелчиња силно го најавија Христовото Рождество!

Објавено пред

на

Денес во голем број по шести пат оваа година дечињата учествуваа во бадниковата поворка во Кичево, пеејќи ја „Вечниот Бог“ на чело со Витлеемската пештера каде е претставено Рождеството Христово маршираа со своите врсници.

Поворката се движеше тргнувајќи од кичевскиот храм Св.Петар и Павле, улицата „Рудничка“, „Булевар Ослободување“ за на крај да завршат на гратскиот плоштад каде е поставен големиот украс на Витлеемска пештера за прв пат во нашиот град.

Традиционално и оваа година, во речиси исто време, Бадникови поворки на радоста се одржаа во уште 39 градови и населени места во Македонија, „Вечниот Бог“ се пееше и низ улиците на Битола, Охрид, Струга, Прилеп, Дебар, Велес, Штип, Крушево, Куманово, Струмица, Богданци, Виница, Ростуше, Луково, Велгошти, Кривогаштани, Гевгелија, Валандово, Свети Николе, Тетово, Гостивар, Ресен, Могила, Демир Капија, Кавадарци, Пробиштип, Радовиш, Неготино, Кочани, Делчево, Македонска Каменица, Дојран, Вратница, Брвеница, Старо село, Беловиште, Рогачево и Теарце, каде распеаните коледарчиња ги стоплија срцата на сите верници, каде беа дочекани и дарувани со најголема љубов, почит и пригодни пакетчиња.

Во пресрет на Рождеството Христово, вечерва со почеток од 17:00 часот во нашиот кичевски храм ќе се отслужи Вечерна Богослужба со која ќе чиноначалствува Неговото Високо Преосвештенство Митрополит Дебарско Кичевски г-дин Тимотеј.
На вечерната Богослужба ќе бидат осветени Бадниковите гранчиња по што ќе бидат поделени на верниот народ присутен во нашата градска црква св. Петар и Павле, повелете сите!

Во име на целата организација и г-дин Бошко Сарафилоски упатуваме благодарност до сите родители кои се потрудија нивните најмили да бидат редовни на истакнатите проби, нивните баби, дедовци, сите гости, МВР – ПС Кичево за безбедно движење по улиците, Радио АКОРД, училишниот хор на д-р „Владимир Полежиноски“ предводен од проф. Кристина Цветаноска и останатите..

А ние, вашиот медиум, се потрудивме да ја направиме најубавата галерија во 5 страни од денешниот настан преку нашиот објектив, пропратена со најубавиот видео запис кој во рекордно време го изработивме со нашиот тим само за големата радост на нашите кичевчанчиња.

[Best_Wordpress_Gallery id=”5″ gal_title=”Бадникови Поворки 2020 Кичево”]

Кичево

Во сабота по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во Кичево ќе се одржи свечена поворка со традиционални каланди

Објавено пред

на

©porta.mk

Возљубени наши пријатели, на наша чест, преку нашиот медиум ве информираме дека на ден 27.04.2024г. (сабота), по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во нашиот град Кичево ќе се одржи свечена поворка за објава на Лазаревото Воскресение, а воедно и подготовка за претстојните празници на Влегувањето Христово во Ерусалим (Цветници) и најголемиот христијански празник на Воскресението Христово (Пасха).

Свечената Литија ќе започне од градскиот плоштад, во 11:00ч. и ќе се движи преку Булеварот „Ослободување“, до храмот на светите апостоли „Петар и Павле“, проследена од псалти, музичари на традиционални музички инструменти и верниот народ.

Ве покануваме сите кои сакаат да земат учество да се вклучат да ја возобновиме оваа древна традиција на радост заради Воскресението Лазарево и нетрпеливо очекување на Христовото Воскресение свечено носејќи врбови гранчиња испратени со традиционални пенија, т.н. каланди.

Датум: 27.04.2024г.
Почеток: 11:00ч на градскиот плоштад во Кичево.

Ве очекуваме низ дружба и песна да го прославиме овој серадосен настан!

Еве како си поминавме пред 1 година, кликнете ТУКА

Прочитај повеќе...

Кичево

Жена жител на Куманово доживеала сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево, се здобила со тешки телесни повреди откако возилото удрило во бетонска преграда

Објавено пред

на

©porta.mk

На 23.04.2024 во 21.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.А.(60) од Куманово, удрило во бетонска преграда од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка М.Ш.(36) од Куманово, констатирани во Медицински центар Кичево.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево, за медиумите информираат од МВР.

Прочитај повеќе...

Кичево

Кичевчани дел од најпознатата „ATM Chiptuning Performance“ тјунинг куќа, најдоброто решение за вашиот автомобил, сега достапно и кај нас!..

Објавено пред

на

©porta.mk

Веќе нешто повеќе од една година ултра популарниот „ATM Chiptuning Performance“, инаку светски позната тјунинг куќа која е синоним за квалитет и експертиза, во својот тим има млади и талентирани луѓе, сертифицирани професионалци кои 2023-та година ја одбележаа со над 500 тјунирани возила. За среќа на сите љубители на модифицираните возила, тие се од нашиот град Кичево, односно Илија Божиноски и неговиот партнер Костадин Крстески со нивната „Car Coding Pro“ под закрила на „ATM Chiptuning Performance“ од Црна Гора се веќе дел од големото „ATM“ семејство.

Оваа реномирана куќа обезбедувајќи врвни услуги во софтверска модификација на автомобили носи нова перспектива и иновативен пристап во тјунинг индустријата. Нивната работа одразува високо ниво на стручност и посветеност.

„Car Coding Pro“ ви ги нуди сите специјализирани софтверски модификации како што е „Chiptuning“ (Stage 1/Stage 2/Stage 3), обезбедувајќи на возилата зголемена моќност на моторот и намалена потрошувачка на гориво. Со овие искусни експерти, ветуваат целосна трансформација на вашиот автомобил.

Покрај тоа, „Car Coding Pro“ преку „ATM“ ви нуди решенија за вообичаените проблеми на поновите возила, како што се „EGR OFF, DPF OFF, AdBlue OFF“ и други.

Рејтингот на ваков модел на модифицирање на вашето возило, кажуваат и бројните задоволни клиенти кои непристрасно возат возила кои достигнуваат извонредни резултати со услугите на оваа тјунинг компанија. Нивната прецизност и внимание на деталите ги прават едни од најдобрите во автомобилската/софтверската индустрија.

Закажете термин на 071/331-894 или 071/506-400 и контактирајте ги за повеќе информации, додека со сите новости може да бидете во тек доколку ги заследите на нивните социјални мрежи на фејсбук ТУКА и инстаграм ТУКА

Мал дел од задоволните клиенти:

 

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт5 часа

Пламенот на Олимписките игри кои летово ќе се одржат во Париз, официјално предаден на организаторите на игрите

Пламенот на Олимписките игри, кои летово ќе се одржат во Париз, вчера беше официјално предаден на француските организатори на Игрите...

Хороскоп7 часа

Хороскоп за сабота (27 април)

ОВЕН Не се опуштајте премногу, особено ако имате впечаток дека имате целосна контрола врз вашиот живот и настаните што ве...

Социјални мрежи8 часа

Врховниот суд и даде рок на социјалната мрежа „Х“ (твитер) да се изјасни зошто не ги почитува пресудите

Врховниот суд на Бразил ѝ даде рок на платформата Х (Твитер) до петок да објасни зошто не ги почитува претходните...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за петок (26 април)

ОВЕН  Ако денес планирате патување или треба да се справите со авторитети, внимавајте да не ги прекршите правилата. Некој ќе...

Магазин2 дена

Qualcomm го предизвикува Intel: претстави нови Snapdragon чипови за пазарот на компјутери

Qualcomm ги промовира двата чипсети како врвни решенија за вештачка интелигенција, нагласувајќи дека тие ги имаат најбрзите NPU за лаптопи...

Кичево2 дена

Во сабота по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во Кичево ќе се одржи свечена поворка со традиционални каланди

Возљубени наши пријатели, на наша чест, преку нашиот медиум ве информираме дека на ден 27.04.2024г. (сабота), по повод празникот на...

Автомобили2 дена

Електрични возила и губење на вредноста

Размислувате за купување на електрично возило, но не сте сигурни за неговата препродажна вредност? Новото истражување открива дека додека постарите...

Автомобили2 дена

Кои автомобили се најевтини за одржување во САД?

Првично, трошоците за одржување беа ниски и слични за повеќето брендови. Consumer Reports подетално ги разгледа трошоците за одржување на...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за четврток (25 април)

ОВЕН Можеби се запрашувате какви обврски ве очекуваат на работно поле. Не ви е лесно да дојдете до извесност кога...

Временска прогноза3 дена

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а високо на планините со повремен снег. Локално врнежите...

НАЈЧИТАНИ