Спорт
Балде: Ми се оствари сонот од детството
Сенегалецот Кеита Балде по трансферот од Монако во Интер, рече дека му се остварил сонот од детството.
– Многу сум среќен што сум тука, ќе дадам се од себе да ги задоволам навивачите. Имам искуство со играње во Серија А, но овој пат ќе настапувам за клубот за кој од детството сонував да играм. Секогаш ми се допаѓале навивачите неро-азурите и сакам да ги направам среќни, изјави Балде.
Тој претходно ви Италија има настапувано за Лацио.
Минатата сезона Балде играше за Монако. На 23 натпревари постигна осум погодоци.
Спорт
Трајковски: „Со победа да го завршиме ова издание во Лигата на нации“
Македонската А репрезентација утре од 15:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ ќе го одигра последниот натпревар од групата во Лига на нации против Фарски Острови. На официјалната прес-конференција пред мечот своите очекувања со новинарите ги споделија селекторот на нашата репрезентација, Благоја Милевски и напаѓачот Александар Трајковски.
Благоја Милевски – селектор на македонската А репрезентација:
„Фарски Острови покажаа дека во денешниот фудбал нема аутсајдери и се квалитетен тим. Во овие Лига на нации го играат добро, се работи за дисциплинирана екипа, одговорна и доста силна, тркачки одлично подготвена. Нè очекува уште потежок меч од тој со Летонија во четвртокот. Фокусот ни е на нас самите, како ќе изгледаме на теренот и да го завршиме ова издание на најдобар можен начин. Прашањето за првото место е решено, ама ние си имаме свои мотиви, индивидуални и како тим. Си поставивме уште една цел, со што е можно повеќе бодови да бидеме поконкурентни во завршната ранг-листа.
По последниот меч присутен е замор, со оглед на тоа дека истрчаа доста и одигравме напорна средба. Дополнителен проблем е теренот кој не е во сјајна состојба. Дојдовме до последното скалило и мислам дека момците ќе го дадат последниот атом на силите за да покажат карактер, па со победа да ја затвориме годината. Околу составот, се надевам дека сите ќе останат здрави, па освен Елмас нема да ни недостига никој. Ќе има одредени промени во играта и тимот”.
Александар Трајковски – репрезентативец на Македонија:
„Постои мал замор бидејќи играме во три дена два натпревари, но не е прв пат да имаме ваков ритам. Секогаш сакаме да го дадеме најдоброто од себе и наша цел е со победа да го завршиме ова издание во Лига на нации. Треба да бидеме фокусирани и доколку го дадеме максимумот сметам дека може да ја оствариме целта и три бода“, за јавноста истакнаа од Фудбалската федерација на Македонија.
Спорт
Минимална но заслужена победа против Летонија, Серафимов со неговиот деби-гол го потврди првото место, во недела завршен меч против Ф.Острови на „Тодор Проески“
Македонската фудбалска репрезентација ја победи Летонија вчера со 1:0 во претпоследниот натпревар од групната фаза на Лигата на нации и дефинитивно го потврди првото место во групата и пласманот во поквалитетна Б лига.
Избраниците на Благоја Милевски не постигнаа водечки гол од неколку полуприлики во првото полувреме, но во продолжението притисокот кон противничкиот гол донесе резултат и тоа во 57. минута, кога во противничкиот шеснаесетник одлично се снајде Никола Серафимов.
Нашиот дефанзивец донесе водство, по наш корнер, а потоа и асистенција од Зајков и го постави конечниот резултат, бидејќи до крајот немаше промени и Македонија стигна до нова победа во својата група.
Македонија со 13 бодови е убедливо прва и во следното издание на Лигата на нации ќе игра во поквалитетната Б лига.
– „Им честитам на фудбалерите за трпението и решителноста, стигнавме до тешка, но сепак заслужена победа. Ја остваривме најважната цел, а тоа е пласман во Б дивизијата”.
„Знаев дека ова ќе биде поразличен натпревар од тој во Рига, но стигнавме до победата, иако можеби требаше да постигнеме уште некој гол, за порано да ја потврдиме. Тешко е напаѓачите да дојдат до израз кога играте против екипа со толку густа одбрана“, за јавноста истакна Милевски после натпреварот.
Натпреварите од групната фаза ги завршуваме со меч против Фарски Острови во недела од 15:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“, поканети се сите љубители на фудбалот да дадеме заедничка поддршка за нашите рисови!
Спорт
Серафимов со „деби-гол“ и носи предност на Македонија на „Тодор Проески“ од 1:0 против Летонија
Никола Серафимов (25) и носи водство од 1:0 на македонската репрезентација против Летонија на гратски, топката дојде до него на втората статива и го постигна својот дебитантски гол, на својот 19-ти настап за „црвено жолтиот дрес“. Да напоменеме на стартот од второто полувреме Димовски од далечина имаше прекрасна можност веднаш да го отвори резултатот но фалеше прецизност.
Милевски направи две измени, Чурлинов и Димовски ги заменија Милан Ристовски односно Димитар Митровски.
-
Кичево4 часа
(ФОТО) На кичевско „Китино Кале“ наши сограѓанки од граѓанското здружение “Sunshine Kids” организираа културен настан „Мојот шарен град“
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (15 ноември)
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за сабота (16 ноември)
-
Временска прогноза1 ден
Викенд временска прогноза, ќе имаме и сонце но ќе биде ладно
-
Македонија1 ден
СВР Охрид денес реализираше превентивна кампања за безбедно патување во зима
-
Магазин1 ден
Google Maps брише сè: Имате уште малку време, еве како да ги зачувате вашите податоци
-
Македонија23 часа
Намалена видливост поради магла на превоите Стража, Плетвар, Ѓавато..
-
Спорт2 дена
Серафимов со „деби-гол“ и носи предност на Македонија на „Тодор Проески“ од 1:0 против Летонија