Следете не

Спорт

Нашата Кичевчанка Андреа Белеска потпиша за Анкара Јенимаале

Објавено пред

на

Нашата Кичевчанка Андреа Белеска потврди дека следната сезона ќе ги брани боите на Анкара Јенимаале Беледијеси.

Претходно своевремено беше дел од ЖРК Металург, романските екипи Рамницу Влчеа и Данубиус Галаци.

Нашата репрезентативка (24) лани ги пропушти бараж средбите на Македонија против Шведска за настап на Светското првенство во Германија.

sportmedia.mk

Спорт

Во месец декември закажани регионални натпревари за национален тим до 14 години, се однесуваат за најдобри фудбалери родени 2008 год

Објавено пред

на

Фудбалската федерација на Македонија ги информира сите клубови дека во текот на месец декември ќе се одржат регионални селективни натпревари за националниот тим до 14 години. Истите се однесуваат на најдобри фудбалери родени 2008 година.

Секој клуб може да пријави највеќе 5 кандидати со пополнување на формуларот во прилог и доставување до регионалните координатори. Сите основни информации поврзани со селектирањата, како и потребниот формулар подолу. Повеќе информации кај регионалните координатори чии броеви се во документот.

Превземи документ 1 ТУКА – Селектирање У-14 Национален Тим на Македонија 2008 год
Превземи документ 2 ТУКА – Формулар фудбалери 2008 година У 14.pdf

Прочитај повеќе...

Спорт

ФФМ заедно со УЕФА и ФИФА го започнаа процесот за ревизија на Статутот на федерацијата

Објавено пред

на

Фудбалската федерација на Македонија заедно со УЕФА и ФИФА го започнаа најавениот процес на разгледување и ревизија на Статутот на ФФМ согласно стратешкиот план на федерацијата и согласно праксата на добро раководење.

Работни групи во кои се вклучени претставници на ФФМ, УЕФА и ФИФА веќе работат на драфт верзија на Статутот на федерацијата базиран на законските прописи и регулативите на ФИФА и УЕФА.

Претставниците на УЕФА и ФИФА истакнуваат дека целта е да се дојде до решение кое ќе овозможи „посилен Статут – подобра организација“, а силна појдовна основа е актуалниот Статут на ФФМ, исто така базиран на законските прописи и регулативите на ФИФА и УЕФА.

Филип Поповски, генералниот секретар на ФФМ, вели дека федерацијата останува посветена на зацртаните активности и утврдените цели.

Согласно стратешкиот план на ФФМ, еден од носечките столбови, добро раководење го предвидува проектот за ревидирање на Стаутот и понатамошните активности во однос на реформи во регулативите на Фудбалската федерација на Македонија. 

Како што и планиравме, веднаш по завршување на квалификациските натпревари, заедно со нашите партнери ФИФА и УЕФА го започнавме процесот на ревизија на Статутот со однапред утврдени работни групи. 

Многу сме задоволни од овој работен состанок затоа што е дел од основниот столб, доброто раководење и од овој процес ќе произлезат голем дел на иницијативи и активности кои ќе се имплементираат согласно утврдената динамика. Остануваме посветени на поставените активности и однапред утврдените цели“, изјави Филип Поповски.

Лука Никола и Јан Хефнер се претставници на Европската фудбалска Асоцијација (УЕФА) на работните состаноци организирани од ФФМ.

Лука Никола – раководител на Национални асоцијации за управување, претставник на УЕФА:

„Сакам да го искажам моето задоволство од нашата конструктивна дискусија во изминатите два дена во Скопје. Заедно со вашата федерација започнуваме процес на изработка на драфт верзија на Статутот на ФФМ. 

Искрено се надеваме дека заеднички ќе понудиме квалитетно решение кое значи усогласеност со Статутите на УЕФА и ФИФА и се разбира со националното законодавство. Впрочем, како што ФФМ и досега функционираше согласно праксата на добро раководење, почитување на законските регулативи и координираност со УЕФА и ФИФА.

Ова е процес, работиме на “жива материја”, одлично е што го слушаме вашето размислување и се надевам дека навистина ќе дојдеме до решение кое ќе биде прифатливо за сите заинтерсирани страни можеби веќе на некое од следните Генерални собранија на вашата федерација“. 

Софија Малициа – менаџер за раководни услуги, претставник на ФИФА:

Навистина нѐ радува досегашната заедничка работа поврзана со Статутот на Фудбалската федерација на Македонија. 

Во основа, ние сме овде да разбереме која е намерата и целта на вашата федерација и заедно со луѓето вклучени во работните групи да дојдеме до решение кое е прифатливо за сите заинтересирани страни. Секако како основа и тоа многу силна и квалитетна го имаме досегашниот Статут на ФФМ кој исто така е базиран на законските прописи и регулативите на ФИФА и УЕФА. 

Во овој момент, ние ја гледаме “големата слика” поврзана со главниот правен документ на федерацијата. Но, на крајот ќе се потрудиме да дојдеме до степен на унапредување на Статутот бидејќи праксата и во многу други федерации покажува дека тоа е добро и за самата организација. Сѐ во насока, посилен Статут – подобра организација. 

Во изминатиот период вие имавте одлични резултати на теренот, ние сме овде да дадеме придонес да го следите тој чекор и надвор од теренот. Гледајќи ги луѓето кои се вклучени во процесот, организацијата на работните состаноци и темите кои обработуваме, немам сомнеж дека ќе успееме да направиме одлична работа“.

Прочитај повеќе...

Спорт

Вакцината може да биде услов за сите Грен слемови

Објавено пред

на

Според новинарот на Форбс, Адам Загорија, организаторите на Вимблдон и Ролан Гарос размислуваат да го следат примерот на ограничувањата на Австралија Опен.

„Можно е Ролан Гарос и Вимблдон исто така да го следат истиот тренд и да ги условат учесниците на турнирот со вакцини, што значи дека Австралија опен може да предизвика домино ефект“, напиша тој на својот Твитер профил.

Засега е извесно дека властите на Мелбурн, градот домаќин на воведниот сезонски Грен слем, односно државата Викторија, нема да дозволат никој што не е целосно вакциниран против коронавирусот, додека двонеделниот карантин за невакцинирани Ковид 19 само неофицијално се споменува како алтернатива.

Во меѓувреме, натпреварувачите беа поделени на оние кои спасот го гледаат во вакцинацијата и оние кои експлицитно одбиваат да се подложат на истото или едноставно не сакаат да коментираат за лични одлуки поврзани со сопственото здравје, па спортскиот свет љубопитно го чека 6 декември. . Дотогаш во тек се пријавување за АО open, односно правење списоци на актери за првиот турнир од категоријата 2.000 (поени) во 2022 година.

Доколку се согласи на поставените услови, бранителот на трофејот и деветкратен освојувач на натпреварувањето, Новак Ѓоковиќ, ќе има нова можност да им побегне на вечните ривали Роџер Федерер (20) и Рафаел Надал (20), кои беа болни. заминуваат со месеци, со освојување на 21. Грен слем титула.

Отвореното првенство на Австралија започнува на 17-ти, а завршува на 30-ти јануари.

/Danas/
Фото: Pixabay

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

ХороскопПред 5 часа

Хороскоп за денес (3 декември) – петок

ОВЕН Можеби немате веќе нови идеи и тешко ви е да имате позитивни мисли кога станува збор за работата. Мора...

СпортПред 6 часа

Во месец декември закажани регионални натпревари за национален тим до 14 години, се однесуваат за најдобри фудбалери родени 2008 год

Фудбалската федерација на Македонија ги информира сите клубови дека во текот на месец декември ќе се одржат регионални селективни натпревари за...

КичевоПред 11 часа

(ВИДЕО) Се врши проценка на штетата од поплавите, околу 100 куќи биле поплавени во Кичево, најзагрозени се жителите на „Прилепска“

Околу 100 објекти се погодени од поплавите кои се случија во понеделникот во Кичево. Најпогодена населба е „Прилепска“ која се...

МакедонијаПред 12 часа

Денеска 333 нови случаи на Ковид-19

Во последните 24 часа направени се 2.440 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на КОВИД-19: • Скопје – 154...

МагазинПред 16 часа

Мета ја укина забраната за рекламирање криптовалути

Мета ја напушта својата долгогодишна (ако не и апсолутна) забрана за рекламирање на криптовалути. Според CNBC, Мета ја заврши својата...

МагазинПред 16 часа

Камерата на вашиот следен телефон со Android може секогаш да биде вклучена

Никој не сака да става селотејп на предната камера на својот паметен телефон, но доколку оваа функција стане норма, тоа...

СветПред 16 часа

Шокантно откритие: Што кријат внатрешните извештаи на ЦИА

Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) има докази дека најмалку 10 нејзини вработени биле вмешани во злосторства поврзани со сексуална експлоатација...

СветПред 16 часа

Обединетото Кралство го одобри GSK лекот против Ковид-19

Британската агенција за лекови денеска објави дека го одобрила третманот на GlaxoSmithKline (GSK) против Ковид-19. Сотровимаб базиран на моноклонални антитела...

МакедонијаПред 16 часа

Пронајдени нерегуларности кај кичевски возила и автобус, детали за вчерашната акциска за јавен превоз

На 01.12.2021 на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли  на автобуси и други моторни возила што вршат...

СветПред 16 часа

Соединетите Американски Држави придонесуваат најмногу за загадувањето со пластика во светот

Соединетите Американски Држави се убедливо најголемиот придонесувач за загадувањето со пластика во светот, според новиот извештај, кој повикува на развој...

НАЈЧИТАНИ