Следете не

Без категорија

Денес е 11-ти Ноември 2018. Важи за најмоќен ден во последните 100 години, еве зошто!

Објавено пред

на

Ако чувствувате дека животот ви е успорен, ако се чувствувате болно и уморно од истите работи, 11. ноември сигурно ќе ви донесе здив на свеж воздух…

11. ноември е вибрациски моќен ден поради фактот што е 11. ден во 11. месец. и ние сме во годината со број 11, што го прави најмоќен ден во повеќе од последните 100. години.
1111 или 11/11 поседува духовно значење бидејќи се верува дека тоа е број на духовно будење и моќни нови почетоци. Кога честопати гледате 11:11 на часовникот или кога ве привлекува бројот 1111, тоа често укажува на идна промена или будење кое се појавува на хоризонтот.
Ангелите, духовните водичи и Вселената исто така ги користат броевите како начин на поврзување и комуницирање со вас. 1111 обично го користат божеските битија за да ви помогнат да изберете вистински правец и да ви го осветлат патот пред вас.
Во нумерологијата бројот 1 означува нови почетоци, но кога постои низа како датата 11. ноември (11.11), тоа создава силна енергија за денот која ни овозможува сите да се разбудиме со нов потенцијал.

Астрономите очекуваат ноќта на 11 ноември, меѓу 5 и 10 метеори да го понудат највпечатливото ѕвездено шоу на небото.
Метеорниот поток е наречен „Северна Таврида”, откриен уште во далечната 1869 година.
Ѕвездениот прав доаѓа од кометата „Енке”, а ројот ѕвезди ќе биде голем заради нејзината обемност. Ќе паѓаат ѕвезди со различен интензитет.
Астрономите изјавуваат: Доцните часови се погодни за набљудување. Подобра видливост постои на места каде што загадувањето е минимално – т.е. – далеку од градските светла.
Ако го видите тој природен феномен, не заборавајте да си посакате желба!
Единаесеттиот ден од единаесеттиот месец вибрациски е секако силен, а бидејќи се наоѓаме во годината со број 11, овој 11. ноември ќе биде најмоќниот ден во последниве 100 години. 1111 или 11/11 поседува посебно духовно значење, бидејќи се верува дека тој број означува духовно будење и моќни нови почетоци.
Поради тоа, на 11. ноември е вистинско време да го проемните својот живот, да поставите цели или подлабоко да копате за да ја откриете вистината! Нови будења, нови информации и ново ниво на просветленост – се’ тоа е возможно на овој ден поради оваа енергија.

Значењето на 2018. година
Последен пат ваква универзална година со бројот 11 сме дожувеале во 2009, а пред тоа во 1910 така што повеќе од 99% од светската популација искусува една или две Универзални години со вибрација на бројот 11 во својит живот.
Имаме можност да живееме живот во кој сме љубезни едни кон други, во кој живееме во склад со Земјата и служиме на нешто поголемо од нас.
Нашата универзална година со бројот 11 е повик на будење, повик да се потсетиме на Шамбала, да се потсетиме дека светот се чувствува убаво кога своите животи ги доживуваме низ нашето срце и да одлучиме да создадеме Шамбала во се што работиме, да бидеме најдобри во себе и да ги поттикнуваме другите да го прават истото.

Конечни мисли за овој важен ден
Ако чувствувате дека животот ви е успорен, ако се чувствувате болно и уморно од истите работи, 11. ноември сигурно ќе ви донесе здив на свеж воздух
За да ја искористите енергијата на 11. ноември во своја корист морате да ја активирате. Морате да го отворите срцето за енергијата и да и посакате добредојде во вибрациите на новите почестоци.

Без категорија

Нова луда закана од YouTube: „Ако блокирате реклами, плеерот ќе биде оневозможен“ (ФОТО)

Објавено пред

на

Новата закана на YouTube е дел од продолжувањето на неговата агресивна кампања против блокаторите на реклами и предупредува некои корисници дека плеерот престанува да работи по три блокирани видеа.

Популарната платформа повторно експериментира со кампања против блокирање реклами за да ги принуди корисниците да се префрлат на платената услуга „YouTube Premium“. Некои корисници пријавиле дека додека го користеле, добиле закана од YouTube во скокачки прозорец со предупредување дека плеерот ќе биде блокиран по три видеа ако продолжат да користат блокатори на реклами.

Исто како и во претходното тестирање за забрана за блокирање реклами, скокачкиот прозорец понуди „објаснување“ што требаше да го оправда потегот. Имено, платформата посочува дека рекламите ја прават услугата достапна за милијарди корисници ширум светот, а со платената верзија, рекламите исчезнуваат додека креаторите на содржини продолжуваат да заработуваат.

Претходните скокачки прозорци само ги предупредуваа корисниците дека екстензии на веб-прелистувачи за блокирање реклами не се дозволени на платформата и дека се против условите за користење. Меѓутоа, бидејќи не многу луѓе го пријавиле проблемот, се чинеше дека експериментот можеби нема да започне.

Прочитај повеќе...

Без категорија

Колку чини производството на iPhone 14 Pro Max?

Објавено пред

на

Сите знаеме колку iPhone 14 се продава за различни варијанти на телефони на Apple, но сигурно често сте се прашувале колкава е нивната цена на производство. Кога станува збор за моделот iPhone 14 Pro Max, Counterpoint Research ни го дава одговорот на тоа прашање. Според податоците собрани од нивна страна, вкупната цена на компонентите што го сочинуваат телефонот, во верзијата со 128 GB простор за податоци чини 464 долари.

Според Counterpoint Research, споменатата цена на чинење на делови за iPhone 14 Pro Max е за 3,4 проценти повисока од деловите инсталирани во iPhone 13 Pro Max. Разликата во цената е затоа што новата верзија користи понапредна (поскапа) главна камера со резолуција од 48 MP, како и нов дисплеј. Од друга страна, некои други компоненти поевтинија, со најголем пад, поради масовното производство, на компонентите поврзани со 5G технологијата (13 проценти). Инаку, чипот A16 Bionic е за 11 долари поскап од чипот A15 Bionic, а неговата цена сочинува околу 20 отсто од вкупната цена на сите компоненти во телефонот iPhone 14 Pro Max.

Секако, за да се добие конечната цена на производството, потребно е да се додадат трошоците за работа на склопување на телефонот, трошоците за пакување и дистрибуција до продавниците. Дополнително, во цената на чинење треба да бидат вклучени и активностите за истражување, развој, продажба и маркетинг на Apple. И покрај малку повисоката цена на компонентите, iPhone 14 Pro Max чини исто како и iPhone 13 Max (кога беше пуштен во продажба). А еден од најголемите „скокови“ на трошоците за производство се случи помеѓу производството на сериите телефони iPhone 11 и iPhone 12. Тогаш цените на компонентите пораснаа за цели 26 отсто, пред се поради инсталирањето на тогаш новите (и прескапи) 5G модеми.

Извор: 9to5mac

Прочитај повеќе...

Без категорија

Кичевскиот оператор „Cable Call“ распишува оглас за работа, аплицирај и стани дел од успешен тим!

Објавено пред

на

Кабелскиот TV оператор, телефонија и интернет „Cable Call“ кој поседува иновативно портфолио на услуги за приватни и деловни корисници поради проширување на својата работна дејност за претстојниот период има потреба од теренски работници (монтер) за кичевскиот регион.

Cable Call“ нуди одлучни услови за тимска работа, навремена плата, осигурување на работникот од моментот на започнување со работната дејност.

Сите заинтересирани може да испратат „CV“ преку електронска форма на [email protected], да контактираат на тел. бр 078/410-393 или да ја посетат канцеларијата на „Cable Call“ на адреса ул. Бул. Ослободување бр. 60 – Лок./4 Кичево.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт4 часа

Пламенот на Олимписките игри кои летово ќе се одржат во Париз, официјално предаден на организаторите на игрите

Пламенот на Олимписките игри, кои летово ќе се одржат во Париз, вчера беше официјално предаден на француските организатори на Игрите...

Хороскоп6 часа

Хороскоп за сабота (27 април)

ОВЕН Не се опуштајте премногу, особено ако имате впечаток дека имате целосна контрола врз вашиот живот и настаните што ве...

Социјални мрежи7 часа

Врховниот суд и даде рок на социјалната мрежа „Х“ (твитер) да се изјасни зошто не ги почитува пресудите

Врховниот суд на Бразил ѝ даде рок на платформата Х (Твитер) до петок да објасни зошто не ги почитува претходните...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за петок (26 април)

ОВЕН  Ако денес планирате патување или треба да се справите со авторитети, внимавајте да не ги прекршите правилата. Некој ќе...

Магазин2 дена

Qualcomm го предизвикува Intel: претстави нови Snapdragon чипови за пазарот на компјутери

Qualcomm ги промовира двата чипсети како врвни решенија за вештачка интелигенција, нагласувајќи дека тие ги имаат најбрзите NPU за лаптопи...

Кичево2 дена

Во сабота по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во Кичево ќе се одржи свечена поворка со традиционални каланди

Возљубени наши пријатели, на наша чест, преку нашиот медиум ве информираме дека на ден 27.04.2024г. (сабота), по повод празникот на...

Автомобили2 дена

Електрични возила и губење на вредноста

Размислувате за купување на електрично возило, но не сте сигурни за неговата препродажна вредност? Новото истражување открива дека додека постарите...

Автомобили2 дена

Кои автомобили се најевтини за одржување во САД?

Првично, трошоците за одржување беа ниски и слични за повеќето брендови. Consumer Reports подетално ги разгледа трошоците за одржување на...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за четврток (25 април)

ОВЕН Можеби се запрашувате какви обврски ве очекуваат на работно поле. Не ви е лесно да дојдете до извесност кога...

Временска прогноза2 дена

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а високо на планините со повремен снег. Локално врнежите...

НАЈЧИТАНИ