Следете не

Култура

Денес започнуваат Богородичните пости, еве што не треба да се јаде за време на постите

Објавено пред

на

„За разлика од она што повеќето мислат и чувствуваат, периодот на духовната напрегнатост, Богородичниот пост, е време на радост, затоа што тоа е време кога се враќаме дома, време кога можеме да оживееме. Успенскиот пост треба да биде време, кога од себе го истресуваме она што во нас остарело и омртвело, за да стекнеме способност да живееме – да живееме со потполниот простор, со потполната длабочина и интензивност, кон кои сме повикани.

Сè додека овој момент е недостапен и неразбирлив за нас, во нас ќе се случува чудовишна и богохулна пародија; божем во име Божјо, сопствениот живот ќе го претвориме во постојано мачење за самите себе и за оние што ќе треба да плаќаат заради нашите бесплодни обиди да станеме свети“ (митрополит Антониј Сурошски).

Богородичниот (или Успенскиот) пост се смета за есенски пост и, навистина, тој ја отвора вратата на новото годишно време, а ја завршува црковната година: 14 септември, по нов стил, е црковната нова година.

Овој пост има потекло од древните времиња на Христијанството. Јасно укажување за Успенскиот пост наоѓаме кај Лав Велики, околу 450 година: „Црковните пости се поставени во годината, така што се припишува особено воздржание за секое време. Така, за пролетта има пролетен пост – 40-те дена на Великиот пост; за летото има летен пост (Апостолскиот); за есента има есенски пост, во седмиот месец (Успенскиот); за зимата има зимски пост (Божикниот)“.

Успенскиот пост е единствениот, посветен на Богородица: започнува две седмици пред празникот Успение на Пресвета Богородица. Богородичниот пост е речиси исто така строг, како и Великиот пост: од понеделник до петок е строг пост, во саботите и неделите е дозволено и масло, додека риба се дозволува само на празникот Преображение Господово (19 август). Постот започнува на 14 август и завршува со 27 август, навечерието на празникот Успение. На самиот празник, 28 август, се блажи, освен ако празникот не падне во среда или петок, и во тој случај постот е олеснет со употреба на риба.

Сè до празникот Преображение Господово, кога во црквите се благословуваат грозјето и јаболката, Црквата пропишува да се воздржуваме од овие овошја; особено оваа традиција е запазена по однос на грозјето. Според преданието на светите отци, „ако некој од браќата јаде грозје пред празникот (Преображение), тогаш нека му биде забрането, заради послушание, да вкусува од грозјето за време на целиот месец август“.

Празникот Успение (Голема Богородица), кон кој нè подготвува Богородичниот пост, е еден од најнеочекуваните за световното поимање празници: што е тоа што се празнува? Зар е можно да се празнува смртта?! Но, словенскиот збор успение значи сон. Смислата на празникот Успение е во тоа што веќе не постои онаа смрт, која го очекувала секого до Воскресението Христово, повеќе нема жалење за смртта, нема страв пред неа.

Апостолот Павле, воспевајќи ја победата со зборовите на древниот пророк: Смрт, каде ти е осилото? Аду, каде ти е победата?, вели: за мене живот е Христос, а смртта – придобивка (Филип 1,21). Пресвета Богородица и по заминувањето од земниот живот не го остава светот: „Во раѓањето си го зачувала девството, во успението не си го оставила светот, Богородице…“ – напомнува црковната песна.

Според црковното предание, Богородица дознала за своето преминување од овој свет и се подготвувала за тој премин со пост и засилена молитва, иако самата и немала потреба од очистување на душата или исправување – целиот Нејзин живот бил образ на светост и жртвеност. Православните постат и го подражаваат подвигот на Пресвета Богородица, сакајќи макар делумно да се уподобат на Нејзината чистота, восхвалувајќи ја Неа.

Во Црквата специјално се нагласува дека постот кардинално се разликува од вегетаријанството или обичната диета: постот, пред сè, е воздржување заради Христа – како во телесни задоволства, така и во душевни разоноди. Верните со помош Божја се трудат да победат одредени свои недостатоци, да го повратат мирот и согласноста во односите со ближните, онаму каде што тие се нарушени.

Култура

(ФОТО) Во кичевското ЦОУ „Христо Узунов“ реализирана работилница со дечиња под наслов „Позитивна комуникација“

Објавено пред

на

ФОТО: ЦОУ Христо Узунов/Социјални мрежи

Овој месец стручната служба во ЦОУ „Христо Узунов“ во кичевското с.Другово со учениците од VII одделение заедно со вработените во установата, психологот Јасмина Дејаноска и дефектологот Цвете Наќеска ја реализираа работилницата под наслов „Позитивна комуникација“ – Самоосознавање и спознавање на другите, a во рамки на проектот: Зачувување на нашето Ментално здравје.

– Психолошката поддршка е многу важна во секој период од нашиот живот, доколку наидеме на некакви проблеми. Затоа превенцијата е еден од клучните моменти да спречиме одредено расплинување на одредена проблематика.

Проектот Ментално здравје преку реализација на работилниците ни нуди можност на учениците да им укажеме како да се справуваат на училиште и општо во секојдневниот живот со различните ситуации, за јавноста истакнаа од училиштето.

Прочитај повеќе...

Култура

Денес е „Младенци“, честит именден и честит брак на тие што стапиле и се нови брачни парови

Објавено пред

на

©porta.mk

Празникот на пролетта – 22 март, поради големата трагедија во Кочани, тој во нашата држава е во денови на жалост, додека младите брачни парови години наназад го празнуваат како свој ден, како ден на младоста, љубовта и убавината. На овој ден, Светата православна црква го празнува споменот на четириесетте вojници од Севастија кои мaaчeничkи зaгинaлa за христовата вера.

Именден тогаш празнуваат: Младен, Младенка…

Христијански обичај е во првата година од својот брак на 22 март младите да слават Младенци. На тој ден, во црква се носат свеќите од венчавката за да се дoгopaт.

Навечер обично доаѓаат најблиските за да честитаат. Во некои краишта на денешен ден се оди на гости и во семејствата кои имаат новороденче.

Житијата за Светите четириесет мaчeници како и повеќето народни преданија за нив меѓусебно малку се разликуват, но во сите се зборува дека четириесетте вojници од Севастија мaчeничkи зaгинaлe не откажувајќи се од христијанската вера. Во 320 година четириесет војници од еден полк во Севастија је одбиле наредбата да се пokлонат пред римските идoли и да им принесат жpтви. Кога изјавиле дека тоа го прават бидејќи веруваат во Исуса Христа најпрвин биле повикани кај градоначалникот и биле убедувани да се откажат од христијанството и да му се вратат на идолопоклонcтвoтo, а кога тоа го одбиле биле затвopени, мaчeни и изведени пред cyд. Биле ocyдени цела ноќ да стојат во вода што cмpзнyва. Во близината имало бања со топла вода, а на војниците им било речено дека ако некој се предомисли и се откаже од Исуса Христа да појде во бањата каде што го чекаат топла вода и вкусни гозби. Но момчињата храбро ги издржувале стpaдањата, молејќи се на Исуса и меѓусебно храбрејќи се. Само еден од нив не можејќи да издржи во водата што cмрзнyвала тајно го напуштил базенот и се упатил кон бањата, но на самиот влез во неа починал.

Ноќта сите стражари заспале, само еден останал буден. Во еден момент тој забележал светли венци над главите на вojниците и бидејќи бил христијанин веднаш влегол во водата молејќи го Бога и нему да му даде таков венец. И навистина набргу над сопствената глава забележал ист таков венец. Утрото измpзнaтите вojници ги натовариле на кола и ги одвеле надвор од градот каде што ги зaпaлилe.

Честит именден и за многу години да е, честит брак и на тие што стапиле и се нови брачни парови!

Прочитај повеќе...

Култура

Чистиот Понеделник – почеток на „Четириесетдневната пролет“ на покајанието

Објавено пред

на

©bigorski.org.mk

Влеговме во светата и блажена Велика Четириесетница, во ова духовно патување што ни е дадено како лек за нашата душа, како можност за обновување, како враќање кон светлината Божествена. Бигорската Обител денеска е озарена од мистичната атмосфера на Чистиот Понеделник, денот кога зачекоруваме на патот на очистувањето, на покајанието, на преобразувањето во Христовата милост.

Во ова прво пустинско деноноќие, кога срцето веќе ја вкусува сладоста на подвижничкиот подвиг, во Манастирот тивко се разлева звукот на долгочасовните богослужби, кои како поток на благодатта течат во душите на оние што пристапуваат кон постот со ревност и со љубов. Гласовите на браќата се издигнуваат во псалмопеења, во пророчки читања, во светоотечки посланија; сè сведочи за светата тајна на покајанието, кое не е ништо друго, туку враќање во домот на Отецот небесен.

„Дојдете луѓе, дарот на постот денес да го примиме, како од Бога дарувано време за покајание, и во него Спасителот да Го смилостивиме“.

Особено трогателен е Великиот Покаен Канон на Свети Андреј Критски – таа молитвена исповед, што го наведува срцето на самопрегледување, на покајнички плач, на длабока внатрешна потресеност. Нашиот возљубен Старец, Епископот Антаниски г. Партениј, ги читаше неговите чудесно вдахновени стихови со посебно умиление, со глас полн со сериозност и љубов, со глас што го повикува секој присутен да се соочи со својата душа, да се сретне со себе самиот, да ги согледа сопствените слабости, но и да положи надеж во бездната на милосрдието Божјо.

„Душо моја, душо моја, стани, зошто спиеш? Крајот се приближува и ќе се смутиш. Разбуди се, за да се смилува Христос Бог, Кој е насекаде и сè исполнува“.

Во овој ден на исихија и молитва, во квечерината што го покрива светот, од светите сводови на Манастирот се издигнаа и првите песнопенија на Великото Повечерие.

„Со нас е Бог! Разберете, народи, и покорете се, зашто со нас е Бог!“

Чистиот Понеделник е дар. Тој е почеток на патувањето кон Пасхата, кон Воскресението. Не како некоја надворешна дисциплина, не како обична жртва, туку како откровение за тоа кои сме, каде сме и каде треба да одиме. Затоа, овој пост да не биде само воздржување од храна, туку отворање на срцето за дејствително покајание, за прошка, за добрина, за љубов.

„Да постиме со пост пријатен, благоугоден на Господа, а вистински пост е: бегање од злото, воздржување на јазикот, отфрлање на гневот, на похотите, на озборувањето, на лагата, на прекршување на дадено ветување. Ако овие нешта ги оставите, постот е вистински и благопријатен“.

„На покајанието отвори ми двери, Жизнодавче, зашто утренува духот мој кон светиот храм Твој, храмот носејќи го телесен сиот осквернавен; но, како сожалив очисти ме, според благоутробната Ти милост!“ – повикува душата. А Бог, со неискажлива милост, ни ги отвора тие двери. Нè чека. Нè повикува. Да не Го оставаме да чека, истакна Бигорскиот Манастир, повеќе фотографии прегледајте на официјалниот линк ТУКА

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија10 часа

Сообраќајно инфо: Намалена видливост поради магла на превој „Стража“

Патна информација до сите кои патуваат преку планинскиот превој „Стража“, особено да внимаваат затоа што има намалена видливост поради појава...

Хороскоп11 часа

Хороскоп за среда (2 април)

ОВЕН Секогаш може подобро и вие тоа најдобро го знаете, па поработете на организацијата и плановите во наредниот период. Ништо...

Временска прогноза11 часа

Попоски: Влегуваме во период на температури во минус, студ и снег, невообичаено за месец април – ова се информациите

Почнувајќи од 5 април (сабота) па во текот на следната седмица, ни следува многу ладен период, и тоа поради спуштањето...

Спорт14 часа

Андов го истакна списокот со фудбалерки за дуелите со Летонија и Косово во рамки на Лигата на нации за пласман на СП 2027

Женската А репрезентација на Македонија на почетокот на април ќе одигра два натпревари против Летонија и Косово во рамките на...

Македонија18 часа

МВР: Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување за злоупотреба на службена положба и овластување

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија20 часа

Поскапуваат дизелот и бензинот, ова е новата цена од вечерва

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени...

Македонија20 часа

МВР санкционира 2.508 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава во текот на продолжениот викенд

Во текот на изминатите денови, односно во петокот и деновите од празничниот викенд (28/29/30/31.03) во рамки на редовните сообраќајни контроли...

Македонија21 час

(ФОТО+ВИДЕО) Во Манастирот Рајчица одекна новиот „Благовесник“

Во прославениот и прекрасен духовен дом на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец во Рајчица одекна моќниот благоѕунлив звук на новата камбана–благовесник,...

Магазин22 часа

BlackBerry повторно на пазарот: Дали легендарниот бренд се враќа со 5G смартфон?

Легендарниот телефонски бренд BlackBerry, познат по своите физички QWERTY тастатури, би можел да се врати на пазарот со нов модел....

Автомобили22 часа

BYD ја надмина Tesla: Полнач што е четири пати побрз од Supercharger?

Новата технологија на кинескиот производител BYD овозможува електричните автомобили да добијат автономија од 400 километри за само пет минути полнење!...

НАЈЧИТАНИ