Храна
Денешна трпеза: Вкусни и сочни поховани тиквички

Омилен начин за поховање на тиквички,едноставен и брз, а тиквичките остануваат меки и вкусни.
Состојки:
- 2 тиквички
- сол
- 4 јајца
- 150 гр презла
- 200 гр брашно
- Маслиново масло или сончогледово масло
Подготовка:
Излупете ги тиквичките и пресечете ги на кругчиња, ставете ги во подлабока чинија, насолете ги и измешајте ги со рацете. Оставете 10-15 минути да отстојат за да пуштат вода и исцадете ја. Јајцата изматете ги со вилушка, а секое кругче прво извалкајте го во брашно, потоа во јајца и конечно во презла.Ставете парче хартија за печење во тепсијата и ставете ги кругчињата, прелијте го секое кругче со малку маслиново масло. Печете во рерна на 220 степени околу 30 минути. За време на печењето, свртете ги тиквичките да се испечат и од другата страна. Уживајте!
Можете да ја видите подготовката во видеото:
Магазин
Рецепт од нашите баби: Како да направите домашно кисело млеко?

Иако денес киселото млеко лесно се наоѓа во продавниците, вкусот на домашното кисело млеко не враќа во детството. Процесот на подготовка е едноставен, бара минимално време, а резултатот е природен, вкусен и здрав производ кој не може да се спореди со индустриските варијанти.
Освен што има богат и кремаст вкус, киселото млеко е одличен извор на протеини и пробиотици, кои го подобруваат варењето на храната и ја одржуваат балансот на цревната микрофлора.
Состојки:
- 3 литри млеко (по можност со 3,8% маснотии)
- 1 лажичка шеќер
- 350 г кисела павлака
Начин на подготовка:
- Во млекото додадете шеќер и оставете го да зоврие.
- Потоа исклучете го огнот и оставете го малку да се излади. Оптималната температура е ако можете да го држите прстот во млекото 10 секунди без да ве пече. Некои баби ја проверувале температурата и со лактот – ако не е премногу жешко, значи дека е подготвено.
- Одвојте околу 300 мл топло млеко во посебен сад и додајте ја павлаката. Измешајте добро додека не добиете мазна смеса.
- Истурете ја оваа смеса во остатокот од топлото млеко и убаво измешајте со лажица.
- Префрлете го млекото во сад во кој ќе се закисели. Најдобро е да користите глинена тегла, но може и друг сад.
- Покријте го садот со кујнска крпа и оставете го преку ноќ на собна температура.
- Следното утро, ставете го киселото млеко во фрижидер и оставете го 24 часа пред да го консумирате.
Совет:
Некогаш мајките додаваа кора од леб во млекото за да помогнат во згуснувањето. Доколку користите млеко со помала масленост, ова е одличен начин да добиете погуста текстура.
Со овој рецепт, ќе подготвите вкусно, природно и здраво домашно кисело млеко, исто како што правеле нашите баби!
Извор: RadioSA
Храна
(ВИДЕО) Мудар начин како да ја воочите разликата помеѓу природна и вештачка храна

Ова е начинот да забелижите која храна е природна а која вештачка, имено вештачката или ГМО храна е поубава, позаоблена, посјајна, со еднаква големина и изглед, со сјајна боја, без модринки и оштетени делови, без знаци за гниење…
Вештачкото месо, исто така, изгледа добро. Но, доколку обрнете внимание на црниот дроб и бубрезите ќе забележите дека тоа е лажна храна. Имено, ако бубрезите или црниот дроб од некои животни ви делуваат болно, не го купувајте тоа месо бидејќи тие животни најверојатно се хранети со ГМО сточна храна.
На кратко, вештачката храна содржи пестициди и хемиски вештачки ѓубрива, содржи генетски модифицрани организми и сл.
Што мислите, ја чувствуваат ли луѓето разликата меѓу обичната и органската храна?
Магазин
Старомодни колачиња со јаткасти плодови кои одлично се комбинираат со кафе или чај

Овие неодоливи колачиња со ореви ќе ги воодушеват и најпребирливите љубители на слатки. Совршени за оние моменти кога сакате да уживате во топло кафе или чај, овие колачиња се полни со вкус и топлина. Со едноставен рецепт и неколку основни состојки, можете да создадете уникатен десерт кој ќе ги изненади сите!
Состојки:
- 3 белки
- 250 гр мелени ореви
- 250 гр шеќер во прав
- 1 лажица цеден лимон
- 250 гр сечкани ореви
Подготовка:
- Загрејте ја рерната на 200°C.
- Изматете ги белките: Почнете да ги матите белките додека не станат чврсти. Постепено додавајте шеќер во прав, по една лажица, и продолжете со матење околу 10 минути.
- Додавање на лимон: Додадете една лажица исцеден лимон и продолжете да матите уште половина минута.
- Измешајте со ореви: Додадете 250 гр мелени ореви и нежно измешајте со рака.
- Обликувајте колачиња: Обликувајте топчиња од смесата и секое валкајте го во сечкани ореви. Потоа обликувајте ролат и свиткајте го во полумесечина.
- Печете: Наросете уште малку сечкани ореви на врвот и наредете ги на плех обложен со хартија за печење. Намалете ја температурата на 150°C и печете ги оревите околу 35 минути.
Со ова едноставно, но вкусно колаче, ќе имате совршен десерт кој одлично оди со кафе или чај, и ќе ги воодушеви вашите пријатели и семејство.
Извор: Alo
-
Македонија2 дена
Љупче Спироски од Кичево избран за нов началник на „РЦ Запад“, истакнат професионалец во својата работа
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за сабота (29 март)
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (28 март)
-
Магазин20 часа
„Евротип“ на вработени од Кичево, Битола, Прилеп и Кавадарци им додели награди по повод нивниот 10 годишен работен јубилеј
-
Скопје20 часа
И за утре најавен посебен сообраќаен режим во Скопје поради протест во централното градско подрачје
-
Временска прогноза2 дена
Почеток на месец април ќе имаме ладно време, на планините и скијачките центри ќе имаме снег
-
Кичево24 часа
Вечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево ќе се одржи детската претстава „Рибарот и златната рипка“
-
Македонија1 ден
Викендов започнува летното сметање на времето, стрелките од часовниците се поместуваат еден час понапред