Следете не

Скопје

Детали како се случила сообраќајката на обиколница, каде едно лице загина, а другите се тешко повредени

Објавено пред

на

Меѓу повредените се и двајца полициски службеници.

Според првичните сознанија на Основното јавно обвинителство Скопје, несреќата се случила кога сообраќајна полициска патрола запрела возило БМВ со гостиварски регистарски таблички кое возело со брзина поголема од дозволената.

Додека полициските службеници разговарале со возачот на автомобилот, на нив налетал камион со скопска регистрација. Од ударот, автомобилот БМВ се запалил и целосно изгорел. Притоа, на лице место животот го загубил совозачот во автомобилот.

По наредба на јавен обвинител ќе се врши обдукција врз починатото лице, додека од возачот на камионот ќе бидат земени примероци од крв и урина заради испитување на присуство на алкохол или други супстанции кои би можеле да влијаат на неговата способност за управување со превозно средство.

Врз камионот ќе се врши вонреден технички преглед со цел да се утврдат причините за несреќата.

Скопје

Вчера 17-годишник бил прегазен од автомобил на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје

Објавено пред

на

На 18.02.2025 околу 15.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(61) од Скопје, удрило во 17-годишен пешак од с.Страчинци, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, истакна МВР.

Прочитај повеќе...

Скопје

МВР со зајакнати контроли во главниот град

Објавено пред

на

Во текот на вчерашниот ден (18.02.2025) во периодот од 09:30 до 18:30 часот беше спроведена зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот на територијата на град Скопје, при што санкционирани се 262 учесници во сообраќајот.

Од нив 10 возачи управувале без возачка дозвола, изречени се три санкции за нерегистрирани возила, три мерки за непропуштање пешаци на  обележан пешачки премин, четири санкции за возач почетник, 12 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Прочитај повеќе...

Скопје

МВР: Кривична пријава за малолетникот што удри пешаци во Скопје

Објавено пред

на

СВР Скопје денеска (16.02.2025) до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против малолетникот што синоќа удри пешаци во Скопје.

Имено, на 15.02.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од ул.„Дринска“ и ул.„Галичица“ во Скопје патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17- годишен малолетник од Косово, удрило во пешаците С.И.(18) и 17-годишна малолетничка, двајцата од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.И., додека малолетничката се здобила со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Возачот е задржан во полициска станица и против него е поднесена кривична пријава по брза постапка.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Lifestyle7 часа

Утрински навики што го забрзуваат стареењето на кожата

Вашите утрински рутини може да изгледаат безопасно, но некои навики значително го забрзуваат стареењето на кожата. Брчки, загуба на еластичност...

Lifestyle7 часа

Три кујнски состојки што ќе ги разубават вашите лилјани

За да поттикнете побогато цветање, експертите препорачуваат додавање природни ѓубрива во подлогата на вашите мировни лилјани. Аме Родригез, експерт за...

Магазин8 часа

Windows 10 си заминува – Google нуди бесплатно решение

Со крајот на поддршката за Windows 10 во октомври, корисниците мора да преминат на Windows 11 или да платат за...

Хороскоп18 часа

Хороскоп за четврток (13 март)

ОВЕН Не се опуштајте премногу, особено ако имате впечаток дека имате целосна контрола врз вашиот живот и настаните што ве...

Здравје и убавина23 часа

Дознајте за храната која е богата со витаминот „Е“, а тој е и тоа како корисен за здравјето на човекот

Витаминот Е е вреден за здравјето и затоа е добро да се вклучи во менито во форма на одредена храна....

Спорт1 ден

Омерагиќ: Со заеднички амбиции и взаемна желба, ФФМ добива нов спонзор за македонскиот фудбал

Новоматик Македонија станува дел од тимот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) како нов официјален спонзор. Соработката меѓу Новоматик Македонија,...

Спорт1 ден

Милевски го истакна списокот на повикани фудбалери за мечевите против Лихтенштајн и Велс

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски го истакна списокот на повикани фудбалери за натпреварите против Лихтенштајн и Велс од...

Временска прогноза1 ден

Услови за грмежи проследени со дожд, но генерално температури во пораст – вели Попоски

Денес (среда 12 март) и во текот на ноќта кон утрешниот ден (четврток 13 март), како и во четврток претпладне...

Хороскоп2 дена

Дневен Хороскоп (12 март) – среда

Овен (21.03 – 20.04) Сe натпреварувате и ги докажувате сопствените вредности. Сакате да ја убедите околината на некои свои замисли....

Спорт2 дена

Станиќ ги истакна избраниците на Македонија до 21 година против Белорусија и Азербејџан во Анталија

Селекторот на Македонија до 21 година, Горан Станиќ го истакна списокот на повикани фудбалери за контролните натпревари против Белорусија и...

НАЈЧИТАНИ