Следете не

Временска прогноза

Детали за времето денеска и утре, преку преодна стабилизација со нови тековни врнежи

Објавено пред

на

До крајот на денов времето во државава ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Локално ќе провејува слаб снег а ќе дува и засилен ветер од северен и од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачува во интервалот од -2 до 7 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 4 степени.

Потоа утре и во петок во текот на денот ќе има преодна стабилизација на времето, додека од петок во вечерните часови и во текот на ноќта кон сабота следува период на променливо време со нови почести врнежи од дожд и снег на планините. Поради јужното воздушно струење температурите повторно ќе бидат во пораст и максималните дневни во текот на следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени.

Пишува: Славчо Попоски

Временска прогноза

Продолжуваат ниските температури, ова се најновите детали..

Објавено пред

на

Сончево со умерена облачност. Повеќе облачност ќе се задржи во јужните предели. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој Долж Повардарието повремено ќе засилува на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 17 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Максималната температура ќе се искачи до околу 15 степени.

Потоа во следните денови времето ќе се задржи сончево со мала, повремено и локално и позначителна облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Наутро температурите на повеќе места ќе се спуштат до околу 0 степени, додека понекаде, и тоа особено на повисоките и планинските места истите ќе се спуштат до околу -3 степени, со што локално е можна појава и на слаб мраз. Максималните температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 17 степени.

Инфо: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Детали за временската прогноза, ќе биде уште по студено

Објавено пред

на

До крајот на денов времето во Македонија ќе биде променливо облачно и релативно топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Кон крајот на денов и во вечерните часови, Долж Повардарието ќе започне да дува засилен северен ветер, со што од север ќе започне да се спушта постудена воздушна маса.

Температурите на воздухот денес ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 23 степени. Исто така попладнево и вечерва, особено на запад и на север ќе има услови за локални послаби врнежи од дожд.

Потоа од утре ќе имаме нешто пониски температури, а утре исто така ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец, најизразен Долж Повардарието и во источните предели. 

Температурите ќе бележат тенденција на пад и тоа поради влијанието на постудената воздушна маса од север, и од утре па натаму максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени.

Во текот на следната седмица, наутро ќе биде значително постудено, кога минималните температури понекаде ќе се спуштаат и под нулата, односно истите понекаде ќе се спуштаат и до околу -2, -3 степени. Времето пак ќе биде стабилно, суво и сончево со умерена, повремено и локално и позначителна облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

/Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Најнови метео вести, викендов следува промена на времето

Објавено пред

на

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 21 степен.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и релативно топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 18 степени.

Потоа утре ќе се задржи претежно сончево, додека во петок облачноста полека ќе се зголемува, а за време на викендот ќе има повремени локални врнежи од дожд и тоа особено во недела.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени, додека од недела истите ќе бележат тенденција на пад и тоа поради продор на постудена воздушна маса од север. Во недела исто така ќе дува и умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

/Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

СпортПред 39 секунди

Одбранетиот пенал на македонецот Димитријевски против Барселона, му ја запечати судбината на тренерот Куман

Барселона по поразот од „Рајо Ваљекано“ падна на деветтото место на табелата, по десет кола има само 15 освоени бода,...

КичевоПред 7 минути

Кичево: Времен прекин на електрична енергија, Бул. „Ослободување“, П.С. Кичево, 11-ти септември, „Надпашино“…

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа денес 28.10.2021 година – четврток, ЕВН Кичево ќе работи на терен, така што прекини во...

На денешен денПред 19 минути

На денешен ден: 28 октомври

1492.- Кристофор Коломбо ја открил Куба на своето прво патување преку Атлантикот и го прогласил за шпанско. 1628 – Кралските...

ХороскопПред 2 часа

Дневен Хороскоп (28 октомври) четврток

ОВЕН Вашата страст и ентузијазам денес ќе ја истакнат вашата креативност. Ова е одличен период за да започнете некое уметничко...

МакедонијаПред 7 часа

Ноќта помеѓу сабота и недела започнува зимското сметање на времето

Ноќта меѓу сабота (30 октомври) и недела (31 октомври) поголемиот дел од регионот ќе премине на зимско сметање на времето....

LifestyleПред 8 часа

🎵„La Casa“: Викендов „Скандал Састав“ и „Зоран Илиев“ во живо ќе бидат задолжени за вашето расположение

Викенд агенда на кичевските локали кои се во соработка со нас. Овој петок 29 ноември, забавите во „La Casa“ продолжуваат...

КичевоПред 11 часа

Кичево вчера: Удрен велосипедист + случен пожар на орман со електрични броила

На 26.10.2021 година во 18.30 часот, во полициската станица Кичево пријавено е дека на улицата „Арсо Војвода“ во Кичево, патничко...

МагазинПред 12 часа

Twitch го тестира копчето за премотување назад

Една од атракциите на Twitch е гледањето на работите во живо, но многумина од нас посакуваа да можеме повторно да...

СветПред 12 часа

Директор на Центарот „Гамалеја“: „Sputnik V“ е ефикасен против новата мутација на ковид

Руската спутник вакцина „Sputnik V“ штити од сите варијанти на корона вирусот, вклучувајќи го и новиот вид делта, изјави за...

Здравје и убавинаПред 13 часа

ОВА СЕ СИМПТОМИ ДЕКА ИМАТЕ ТРОМБ ВО ТЕЛОТО! Обрнете внимание – знаци кои не смеете да ги ИГНОРИРАТЕ

Згрутчување на крвта или тромб е нешто со кое треба да се биде многу внимателен, бидејќи може да го нападне...

НАЈЧИТАНИ