Следете не

Без категорија

Автомобилскиот свет до 2030-та година ќе движат без гориво?!

Објавено пред

на

Ќе се возат ли во блиска иднина по улиците на Европа, автомобили кои не се придвижуваат со гориво?Ако Германија успее да се наметне, веројатно да. Властите во Берлин веќе донесоа одлука, барем по германските улици тоа да се случи.

Горниот дом на Бундестагот, одлучи од 2030 година во Германија да не се возат автомобили со бензин или дизел. Ова го соопшти списанието „Шпигел“.

Во одлуката е запишано дека Еврокомисијата треба да биде повикана да ги заостри барањата кон земјите-членки за намалување на штетните гасови во воздухот, па од 2030 година на улиците на заедницата да бидат дозволени само автомобили кои не користат горива за возење.

За да се исполни климатскиот договор од Париз, Германија треба до 2050 година да ја намали емисијата на јаглерод диоксид до 95%, потсетува списанието.
Ова може да се случи само при укинување на бензинските мотори и нивната замена со електрични.

Според прогнозите, во 2028 година ќе се продадат повеќе електрични автомобили, откоколку автомобили со конвенционални мотори. 30% од идните произведени автомобили ќе бидат со електромотори, 40% ќе бидат хибридни, а останатите – бензински или дизел. Засега, продажбата на електрични автомобили има премногу скромен успех.

Дури е доделена и од државата субвенција за секој кој ќе купи ековозило, но тоа не придонесе за зголемување на продажбата во земјата.

Причина за тоа се превисоките цени и сѐ уште малиот капацитет на новите автомобили.

Според експертите, сепак, ако се објави дека од 2030 нема да се продаваат веќе конвенционални автомобили, тоа ќе ја смири автоиндустријата за направените инвестиции во ековозилата и тие ќе побрзаат да го зголемат нивниот капацитет.

За пример се даваат ограничувањата за емисии од автомобилите со бензин или дизел, кои придонеле за тоа индустријата да ги направи автомобилите многу штедливи.Ако Германија успее да се наметне, веројатно да.

Властите во Берлин веќе донесоа одлука, барем по германските улици тоа да се случи.

Без категорија

iPhone 16 Pro пристигнува во овие бои, особено се очекува една

Објавено пред

на

Откако пред неколку дена се појавија информации за боите во кои можеме да очекуваме стандарден iPhone 16, сега го добиваме истото и за iPhone 16 Pro.

Фотографијата, споделена на социјалните мрежи од Sonny Dickson, го прикажува iPhone 16 Pro во три бои.

Боите вклучуваат нова верзија на црната варијанта, која е значително потемна од онаа што го краси моделот iPhone 15 Pro.

За потсетување, iPhone 15 Pro и iPhone 15 Pro Max беа достапни во овие бои: Natural Titanium, Blue Titanium, White Titanium и Black Titanium

Во меѓувреме, аналитичарот Мингчи Куо објави дека iPhone 16 Pro и iPhone 16 Pro Max ќе бидат достапни во овие четири бои:

  • Natural Titanium
  • Rose Titanium
  • White Titanium
  • Black Titanium

Оваа информација се совпаѓа и со неколку други извори, а останува да видиме дали ќе се појави верзијата Rose Titanium, со оглед на тоа што Apple можеби не ги финализирал деталите за оваа варијанта на телефонот, а ја нема на сликата што е објавена.

Обожавателите со нетрпение ја очекуваат новата варијанта Rose Titanium за iPhone 16 Pro, бидејќи поставата на iPhone 15 беше првата што не вклучи златна завршница од iPhone XS во 2018 година.

/B92

Прочитај повеќе...

Без категорија

Нова луда закана од YouTube: „Ако блокирате реклами, плеерот ќе биде оневозможен“ (ФОТО)

Објавено пред

на

Новата закана на YouTube е дел од продолжувањето на неговата агресивна кампања против блокаторите на реклами и предупредува некои корисници дека плеерот престанува да работи по три блокирани видеа.

Популарната платформа повторно експериментира со кампања против блокирање реклами за да ги принуди корисниците да се префрлат на платената услуга „YouTube Premium“. Некои корисници пријавиле дека додека го користеле, добиле закана од YouTube во скокачки прозорец со предупредување дека плеерот ќе биде блокиран по три видеа ако продолжат да користат блокатори на реклами.

Исто како и во претходното тестирање за забрана за блокирање реклами, скокачкиот прозорец понуди „објаснување“ што требаше да го оправда потегот. Имено, платформата посочува дека рекламите ја прават услугата достапна за милијарди корисници ширум светот, а со платената верзија, рекламите исчезнуваат додека креаторите на содржини продолжуваат да заработуваат.

Претходните скокачки прозорци само ги предупредуваа корисниците дека екстензии на веб-прелистувачи за блокирање реклами не се дозволени на платформата и дека се против условите за користење. Меѓутоа, бидејќи не многу луѓе го пријавиле проблемот, се чинеше дека експериментот можеби нема да започне.

Прочитај повеќе...

Без категорија

Колку чини производството на iPhone 14 Pro Max?

Објавено пред

на

Сите знаеме колку iPhone 14 се продава за различни варијанти на телефони на Apple, но сигурно често сте се прашувале колкава е нивната цена на производство. Кога станува збор за моделот iPhone 14 Pro Max, Counterpoint Research ни го дава одговорот на тоа прашање. Според податоците собрани од нивна страна, вкупната цена на компонентите што го сочинуваат телефонот, во верзијата со 128 GB простор за податоци чини 464 долари.

Според Counterpoint Research, споменатата цена на чинење на делови за iPhone 14 Pro Max е за 3,4 проценти повисока од деловите инсталирани во iPhone 13 Pro Max. Разликата во цената е затоа што новата верзија користи понапредна (поскапа) главна камера со резолуција од 48 MP, како и нов дисплеј. Од друга страна, некои други компоненти поевтинија, со најголем пад, поради масовното производство, на компонентите поврзани со 5G технологијата (13 проценти). Инаку, чипот A16 Bionic е за 11 долари поскап од чипот A15 Bionic, а неговата цена сочинува околу 20 отсто од вкупната цена на сите компоненти во телефонот iPhone 14 Pro Max.

Секако, за да се добие конечната цена на производството, потребно е да се додадат трошоците за работа на склопување на телефонот, трошоците за пакување и дистрибуција до продавниците. Дополнително, во цената на чинење треба да бидат вклучени и активностите за истражување, развој, продажба и маркетинг на Apple. И покрај малку повисоката цена на компонентите, iPhone 14 Pro Max чини исто како и iPhone 13 Max (кога беше пуштен во продажба). А еден од најголемите „скокови“ на трошоците за производство се случи помеѓу производството на сериите телефони iPhone 11 и iPhone 12. Тогаш цените на компонентите пораснаа за цели 26 отсто, пред се поради инсталирањето на тогаш новите (и прескапи) 5G модеми.

Извор: 9to5mac

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогноза8 часа

Оваа седмица продолжува периодот на под просечни температури за септември со чести врнежи од дожд и грмежи

Циклонската активност која не зафати уште од изминатата седмица, продолжува и во текот на оваа, и истата ќе условува да...

Спорт8 часа

Младата репрезентација на Македонија до 15 години со триумф го отвори УЕФА турнирот во Молдавија, додека женската репрезентација второ место на турнир во Италија

Младата репрезентација на Македонија до 15 години славеше победа над селекцијата на Ерменија во рамките на првиот натпревар од Уефа...

Македонија8 часа

Од ноќеска солидно намалување на цените на сите нафтени деривати

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за...

Автомобили9 часа

Tesla ќе го произведува моделот Y со шест седишта во Кина

Tesla планира да произведе варијанта со шест седишта на својот најпродаван електричен автомобил Model Y во Кина, објави Ројтерс, цитирајќи...

Автомобили9 часа

Калифорниската полиција купи Tesla Cybertruck за 150.000 долари

Полициската станица во Калифорнија стана една од првите што купи Tesla Cybertruck, трошејќи 150.000 долари за него, вклучително и 20.000...

Магазин10 часа

Британскиот регулатор го предупредува Google

Британскиот регулатор соопшти дека Google ја злоупотребува својата позиција во рекламната технологија. Британската антимонополска агенција го предупреди Google на казни...

Магазин10 часа

Еве кој модел на iPhone 16 беше најпродаван првиот викенд

Заснована на неговата анализа за променливите времиња на испорака на официјалната веб-страница на Apple за нарачки во САД, аналитичарот Минг-чи...

Магазин10 часа

Samsung Galaxy S25 Ultra: потенок, полесен и со заоблен дизајн

Неофицијалните рендери го покажуваат потенок и полесен дизајн на Galaxy S25 Ultra со заоблени рабови, со очекувани надградби на Samsung...

Автомобили10 часа

Наједноставен и најевтин начин за одржување на ланец за мотоцикл

Пред Интернет, одржувањето на ланец за мотоцикли не беше проблем. Што се случи? Ланец и запчаници се најчестото финално решение...

Хороскоп22 часа

Хороскоп за понеделник (16 септември)

ОВЕН Ќе бидете доста активни и подготвени да се ослободите од какви било обврски за кои инаку немате волја. Искористете...

НАЈЧИТАНИ