Временска прогноза
Вечерва дожд и грмежи во централна и источна Македонија, утре не очекува многу посвежо време од денес
Оваа ноќ централните како и источните предели од државава ќе бидат под влијание на циклонот БРУНО кој ќе услови нестабилно време на повеќе места со поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.
Утрешниот ден не очекува облачно и значително посвежо, во поголем дел од земјава со врнежи од дожд, локално поројни проследени со грмежи и засилен северен ветер..
Врнежите ќе продолжат и преку ноќта и ќе се интензивираат, особено во северните делови. Ветерот во ноќните часови ќе го промени правецот во северозападен и ќе се засилува, особено во горниот дел на Повардарието.
Како што соопшти УХМР, времето утре ќе биде облачно и значително посвежо, во поголем дел од земјава со врнежи од дожд, локално поројни проследени со грмежи и засилен северен ветер. Локално се можни и поинтензивни процеси во форма на невреме, како и пообилни врнежи од дожд, над 20 литри на метар квадратен.
Утринската температура ќе се движи од 15 до 22, а дневната од 21 до 28 степени. УВ-индексот ќе изнесува 4.
Во Кичево слично како и во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд и грмежи, особено претпладне, а ќе дува и засилен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 20 до 24 степени.
Во вторник ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и ќе продолжи да дува засилен северен ветер, а услови за локален дожд ќе има само во источните делови. Од среда ќе настапи стабилизација со постепен пораст на дневната температура.
Временска прогноза
Попоски утрово истакна важни метео вести за денес, вакво време ќе имаме

Денес (вторник 18 март), особено во претпладневните часови и во западните и во југозападните предели ќе има врнежи од снег кои повремено ќе бидат пообилни и ќе се формира снежна покривка. Во дел од градовите со висина до околу 10 cм снег, додека на планините и на Скијачките центри таа ќе биде поголема.
Во Скопје некои позначителни врнежи не се очекуваат.
Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час).
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат за околу, па и за повеќе од 20 степени пониски во споредба од оние кои ги имавме изминатиот период. Сето ова лошо се одразува на метеопатите, кај кои се можни поголеми здравствени проблеми, рано утрово не информираше Славчо Попоски.
Временска прогноза
Најавеното невреме, проследено со дожд, грмежи, ветер но и снег доаѓа!

Денес (понеделник 17 март) под влијание на висински циклон западно од нас, во Македонија ќе имаме нови повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, како и со силен ветер од западен и од северозападен правец. Локално пак, процесите ќе бидат во форма на невреме, односно поинтензивни.
Поради падот на температурите, на планините над 1400/1500 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и ќе се формира снежна покривка.
Во попладневните часови од утрешниот ден (понеделник 17 март) полека снежната граница од север и северозапад ќе се спушта се пониско.
И во Скопскиот регион утре (понеделник 17 март) ќе има повремени врнежи од дожд кои во делови од котлината ќе бидат поројни и проследени со грмежи, како и со силен ветер, во вид на невреме. На околните планини, особено од попладневните часови врнежите од дожд ќе преминуваат во снег.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени, во Скопје до околу 16/17 степени, меѓутоа, од попладневните часови и навечер тие забрзано и значително ќе опаѓаат, доцна вечерва информираше Славчо Попоски.
Временска прогноза
Попоски: На повидок потврда дека пред нас доаѓа нагла промена на времето

Славчо Попоски предмалку објави првични информации за неверојатната нагла промена на времето која ни претстои.
Во првата метеоролошка карта, односно до среда (19 март) наутро на повеќе места во регионот, како и во Македонија, особено во западната половина од нашата Македонија ќе се формира снежна покривка, снег ќе има и во градовите.
Во втората метеоролошка карта, односно во среда наутро во Македонија појава на мразеви. Со овие прикази повеќе од сигурно се потврдува дека промената на времето ќе дојде сигурно.
-
Кичево1 ден
(ФОТО) „Ветрот ќе шепоти за нивната невиност, огнот ќе сведочи за нивната болка“ – Кичево оддаде почит за загинатите во несреќата во Кочани
-
Хроника4 часа
Филип успеал да излезе, но се вратил во огништето по другарка, потоа никогаш не излегол надвор
-
Македонија22 часа
Министерството за здравство предмалку истакна најново соопштение
-
Кичево35 минути
ТППЕ Кичево го стави под контрола пожарот кој вечерва избувна во с.Лазоровци кичевско, причинета била материјална штета
-
Македонија2 дена
Поради снег предмалку воведена забрана за ТТВ на Стража, Маврово-Дебар
-
Македонија1 ден
Агенцијата за цивилно воздухопловство и МВР со важно известување за корисниците на воздухоплови без екипаж „дронови“ за територија Кочани и Штип
-
Македонија1 ден
Сообраќајци се обиделе да сопрат возило со мигранти, изгубило контрола и удрило во нив!
-
Временска прогноза2 дена
Попоски утрово истакна важни метео вести за денес, вакво време ќе имаме