Временска прогноза
Дожд уште денеска! Од утре по стабилно и по суво време..
За денешниот ден метеоролозите предвидуваат дека ќе биде последен изминатиов период кој ќе биде проследен со локални врнежи од дожд, а на планините од снег.
Ќе дува слаб ветер од променлив правец, максималните температури на воздухот ќе бидат од 7 до 15 степени.
Од утре (Среда) се очекува времето да се стабилизира и врнежите да престанат, ќе имаме по сончево и стабилно време.
За нови информации нашиот сервис ќе ве извести на време.
Имајте пријатен ден!
Временска прогноза
Викендов вистинска пролет, утринските температури ќе бидат над нулата – ова се најновите метео вести
Во петок и во сабота (31 јануари, и 1 февруари) во Македонија ќе имаме преодно и краткотрајно стабилизирање на времето, со многу повеќе сончеви периоди, како и со повремено слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Особено во ноќните и во утринските часови по котлините повторно ќе има појава на магла и на ниска облачност.
И во Скопскиот регион во овие два дена ќе имаме стабилно, суво време со многу повеќе сончеви периоди, а во котлината, особено во ноќните и во утринските часови ќе има појава на магла и на ниска облачност.
Наутро речиси насекаде во Македонија температурите ќе бидат позитивни, односно над нулата, а преку денот тие ќе бидат значително натпросечни за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени, додека во Скопје температурата ќе се искачи до околу 16 степени, информира Славчо Попоски.
Временска прогноза
Дали во месец февруари се враќа ладниот бран проследен со нов снег?
Според она што може да се истакне, според најновото ажурирање на прогностичките модели, големо враќање на зимата и големо заладување на времето, со многу ниски температури на воздухот, северен ветер и можност за нов снег можно е од 3 февруари па во деновите потоа, што значи по се изгледа дека од тој период ќе навлеземе во нов многу ладен период.
– Состојбата околу ова постојано ќе ја следам, што значи дека јавноста навремено ќе биде информирана што точно не очекува од првите денови на месец февруари и дали навистина зимата своето право лице повторно наскоро и тоа како ќе го покаже, информира Славчо Попоски.
Временска прогноза
Температурна инверзија, ладно во градовите, магла и топло на превоите и котлините
Голема температурна инверзија имаме и ова утро и претпладне во Македонија, котлините се многу поладни од планинските места и Скијачките центри, па така најладно утринава до 7 часот беше во Битола со -5 степени и во Прилеп со -4 степени. Највисока минимална температура во исто време е измерена во Гевгелија, и тоа 3 степени.
Снежната покривка утринава до 7 часот изнесуваше 40 сантиметри на Попова Шапка, 31 сантиметар во Маврово, 15 сантиметри во Крушево и 10 сантиметри во Битола.
На табелата можете да ги погледнете и останатите температури измерени по градови и места утрово до 7 часот низ Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.
Инаку, по котлините, особено оние во Полошкиот, Пелагонискиот и Повардарскиот регион е многу магливо и со ниска облачност, па во овие котлини како што веќе напоменав е многу поладно за разлика од повисоките места, планините, секако вклучувајќи ги и Скијачките центри. Густа магла секако има и во Скопската котлина, истакна Славчо Попоски
-
Хроника11 часа
Кичевчанец додека работел на работни задачи на автопат Кичево-Охрид паднал и починал
-
Магазин1 ден
Денес им е роденден: Спасен Сиљаноски, еден од најдобрите и најпопуларни пејачи на македонската естрада
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (29 јануари)
-
Хороскоп24 часа
Хороскоп за четврток (30 јануари)
-
Lifestyle1 ден
Лимонот не се препорачува секогаш: Во овој случај ја влошува состојбата на организмот
-
Култура21 час
Денеска е Св.Антониј Велики, честито име Антонио, Антоанета, Антониј..
-
Временска прогноза1 ден
Викендов вистинска пролет, утринските температури ќе бидат над нулата – ова се најновите метео вести
-
Lifestyle1 ден
„Перењето постелнина: Колку често треба да го правите за здрава кожа и добар сон“