Македонија
Ели Илијоска од Кичево донесе трофеј од меѓународниот натпревар за фризури „Hair Fair 2018“ (ГАЛЕРИЈА)
Овој викенд во Охрид, на 25 и 26 март, по 12-ти пат се одржа Меѓународниот натпревар Hair-Fair 2018, кој е во огранизација на стилистот Димче Ивановски од студио Кармен – Битола. Како и претходните години, така и оваа, голем број реномирани стилисти од Македонија зедоа учество, а натпреварот го разубавија и издигнаа на едно сосема ново ниво неколкуте престижни стилисти од светот со своето присуство, меѓу кои беше и италијанскиот фризер Џанкарло Миланезе, како и Гоце Ралевски, еден од најтрофејните фризери со македонско потекло кој живее и работи во Шведска.
Претставник имаше и од нашиот град Ели Илијоска (Студио Ели) викендов се претстави себеси во најдобро светло и заслужено се врати со трофеј. Таа учествуваше во категориите Женско потстрижување и Салонска фризура. Ели во категоријата Женско потстрижување ги покажа своите способности и од 10-те натпреварувачи, таа и нејзините вешти раце, го освоија првото место.
Со ова, Ели ни покажа дека посветеноста, трудот и љубовта кон тоа што го работи секогаш се исплаќа и уште еднаш ни докажа зошто е вредна да го носи епитетот „најдобра“ во она што го работи.
Нашиот портал со сите почести честита за овој докажан и заслужен трофеј, нека се нижат успеси во својата област, Кичево е богат град кој само докажува дека има свои професионалци во секоја област, браво!
[justified_image_grid title_field=off caption_field=off caption=off mobile_caption=off caption_match_width=no v_center_captions=off custom_fonts=no gradient_caption_bg=no show_text_before=no show_text_after=no wrap_text=no load_more=off]
Македонија
(ФОТО) Нови моторни возила за дел од едниците на полицијата
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во кругот на министерството официјално ги стави во функција дел од моторните возила набавени за потребите на организациските единици на МВР и БЈБ.
„Во насока на нашата посветеност да градиме вистински опремена, модерна и европска полиција која ќе има капацитет за борба со сите видови криминал и заштита на безбедноста на сите граѓани на Македонија денес имам можност да ги ставиме во употреба нови автомобили обезбедени за потребите на полициските сектори и единици. Се работи за автомобили од производителот Шкода набавени од страна на министерството на јавна набавка, во насока на обновување на возниот парк на министерството кој е во незавидна состојба и кој планираме во следната година да го реобновиме во најголем дел.
Македонската полиција ќе биде гордост и носител на безбедноста на македонските граѓаните и се стремиме кон остварување на оваа цел. Продолжуваме во следната година со навистина амбициозни цели на градење нови полициски станици, нови униформи за најголем број полициски единици и модернизација во секој сегмент на работењето на полицијата“, потенцираше министерот Тошковски.
Македонија
Забрана за тешки товарни возила Пресека, Кичево-Гостивар, Дебар-Маврово
АМСМ предмалку соопшти дека воведени се забрани за движење на товарни моторни возила на следните патни правци:
- Дебар – Маврово
- Охрид – Кичево (Пресека)
- Кичево – Гостивар (Стража)
- Тетово – Попова Шапка (забрана за ТМВ, за сите останати видови возила задолжителна е употреба на зимска опрема).
Македонија
ЈП Македонија Пат состојба на патиштата до 12:00ч
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во западните и југозападните делови од државата, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
Сите патни правци во државата се проодни.
ЈП Македонијапат со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучена во расчистување на патиштата.
Исто така на располагање се и фирмите со кои соработуваме, како навремено би се справиле со снежните наноси.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на нашиот дежурен телефон 02 25 61 502, истакнаа од ЈП Македонија Пат.
-
Хороскоп18 часа
Хороскоп за вторник (24 декември)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (23 декември)
-
Спорт19 часа
Со одлука на новоизбраниот претседател Омерагиќ, Ѓорѓи Христов назначен за технички директор во Фудбалската федерација на Македонија
-
Македонија1 ден
ЈП Македонија Пат состојба на патиштата до 12:00ч
-
Автомобили19 часа
(ВИДЕО) Лада Нива „Sport“ крена во производство
-
Автомобили1 ден
Најбезбедни автомобили во Европа: Листата за 2024 година
-
Автомобили1 ден
Каде да се постават синџирите за снег на возила со погон на четири тркала?
-
Временска прогноза2 дена
Западните и северозападните делови од Македонија утрово под продор на ладен и влажен воздух кој носи снежни врнежи