Занимливости Свет

Божиќна елка со ѕвезда од 3 милиони „Сваровски“ кристали – тоа го има само во… (ФОТО)

Божиќната елка со врв украсен со ѕвезда изработена од 3 милиони „Сваровски“ кристали, тешка 400 килограми, беше поставена во „Rockefeller center“, кој е светски познат симбол за празничната атмосфера во Њујорк.

21 метар високата елка, тешка 12 тони, е стара 75 години и ја красат шарени лед сијалици долги 8 километри. Оваа година, сијаличките за првпат беа запалени на 28. ноември, а копчето го вклучи градоначалникот на Њујорк.

Оваа церемонија „Rockefeller“ центарот ја одржува од 1931 годинa и е еден од најубавите периоди во годината.