Македонија
Конечна информација: Еве каде има забрана за тешки товарни возила
ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ НА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА:Во 15:00 часот на патниот правец Тетово – Попова Шапка воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси. Забрана за тешки товарни возила има и на патните правци Струга – г.п. Ќафасан, крак Маврово – Дебар, крак Стража – село Колари и обратно, како и на планинските премини Пресека и Буково.
Патем патниот правец Крива Паланка – Куманово кај нас.Грамагје, кој беше блокиран во двата правци, е нормализиран.
Македонија
Намалена видливост поради магла на превоите Стража, Плетвар, Ѓавато..
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.
– Намалена видливост поради појава на магла има на планинските превои Стража 80м Плетвар 80м, Ѓавато 100м Маврово 80м, Пресека 50м и Попова Шапка 20м, известуваат од ЈП Македонија Пат.
Македонија
СВР Охрид денес реализираше превентивна кампања за безбедно патување во зима
СВР Охрид, преку Отсекот за превенција, денеска (15.11.2024) ја реализира превентивната сообраќајна кампања „Биди подготвен за безбедно патување во зима“. Полициски службеници на неколку локации низ Охрид, во непосредна комуникација со возачите на моторни возила, ги потсетуваа за потребата од почитување на законската обврска за задолжително носење зимска опрема во возилата, која започнува од денеска и ќе трае до 15 март идната година, како и за потребата од строго придржување до останатите одредби од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, поставената сообраќајна хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, посебно во зимски услови при замрзнати и влажни коловози, со акцент на придржување до пропишаната брзина на движење и прилагодување спрема условите и состојбите на патот.
На возачите на моторни возила им беа поделени и едукативни материјали со практични совети за безбедно управување моторни возила во зимски услови.
Во врска со зимската сезона 2024/2025 година, СВР Охрид, на 12.11.2024 година, одржа работен состанок со надлежните субјекти од општините Охрид и Дебрца, одговорни за зимско одржување на улиците и патиштата како и со градежните компании кои, работат на изградба на автопатот Охрид-Кичево.
Целта на состанок беше координација и дефинирање на предлог мерките за поуспешно дејствување на сите надлежни субјекти повикани за зимското одржување на патиштата и безбедно одвивање на патниот сообраќај во зимски услови, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
МВР добива нова современа машина за печатење лични документи
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (21 ноември)
-
Фчерашни новости23 часа
Хороскоп за петок (22 ноември)
-
Кичево1 ден
Во пресрет на новогодишните празници „Intellect Education“ од Кичево организира „Новогодишна магична работилница“ – каде со креативноста на вашите деца ќе создаваат производи
-
Временска прогноза3 часа
Ладниот бран се поблиску до нашата држава, ова се последните метео вести
-
Временска прогноза13 часа
Попоски: Продолжува силниот ветер (90 км/ч), врнежи од дожд, а утре снег
-
Спорт1 ден
Грујоски главен во Струмица, Ставрев ќе суди во Скопје – ова се судиите кои ќе ја делат правдата во 15-то коло во првата македонска фудбалска лига в недела
-
Култура2 дена
Денеска е Св.Архангел Михаил, на помош празникот на војводата на сите ангели!
-
Временска прогноза1 ден
Од утре нашиот регион ќе биде под дождлив бран уште од претпладне, додека истиот ќе се проширува и во вечерните часови – ова се најновите метео информации