Македонија
Еве каде вее снег во моментов во Македонија..
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, а врнежи од слаб снег има на Попова Шапка, Стража, Маврово, Крушево, Буково, Ѓавато, Плетвар и Пресека, информира АМСМ.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Под влијание на серија влажни бранови во наредните денови ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет и позастапени во западните делови од земјава. Повеќе врнежи ќе има до четврток претпладне кога во овие делови локално се очекува да наврнат над 25л/м2, а снежната покривка на планините значително ќе се зголеми. До петок ќе дува умерен југоисточен ветер. Кон крајот на неделава ќе настапи позначително заладување.
Македонија
Намалена видливост поради магла на превоите Стража, Плетвар, Ѓавато..
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.
– Намалена видливост поради појава на магла има на планинските превои Стража 80м Плетвар 80м, Ѓавато 100м Маврово 80м, Пресека 50м и Попова Шапка 20м, известуваат од ЈП Македонија Пат.
Македонија
СВР Охрид денес реализираше превентивна кампања за безбедно патување во зима
СВР Охрид, преку Отсекот за превенција, денеска (15.11.2024) ја реализира превентивната сообраќајна кампања „Биди подготвен за безбедно патување во зима“. Полициски службеници на неколку локации низ Охрид, во непосредна комуникација со возачите на моторни возила, ги потсетуваа за потребата од почитување на законската обврска за задолжително носење зимска опрема во возилата, која започнува од денеска и ќе трае до 15 март идната година, како и за потребата од строго придржување до останатите одредби од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, поставената сообраќајна хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, посебно во зимски услови при замрзнати и влажни коловози, со акцент на придржување до пропишаната брзина на движење и прилагодување спрема условите и состојбите на патот.
На возачите на моторни возила им беа поделени и едукативни материјали со практични совети за безбедно управување моторни возила во зимски услови.
Во врска со зимската сезона 2024/2025 година, СВР Охрид, на 12.11.2024 година, одржа работен состанок со надлежните субјекти од општините Охрид и Дебрца, одговорни за зимско одржување на улиците и патиштата како и со градежните компании кои, работат на изградба на автопатот Охрид-Кичево.
Целта на состанок беше координација и дефинирање на предлог мерките за поуспешно дејствување на сите надлежни субјекти повикани за зимското одржување на патиштата и безбедно одвивање на патниот сообраќај во зимски услови, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
МВР добива нова современа машина за печатење лични документи
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за четврток (21 ноември)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (20 ноември)
-
Кичево6 часа
Во пресрет на новогодишните празници „Intellect Education“ од Кичево организира „Новогодишна магична работилница“ – каде со креативноста на вашите деца ќе создаваат производи
-
Временска прогноза1 ден
Нашиот регион пред циклон од врнежи од дожд и заладување
-
Култура16 часа
Денеска е Св.Архангел Михаил, на помош празникот на војводата на сите ангели!
-
Временска прогноза3 часа
Од утре нашиот регион ќе биде под дождлив бран уште од претпладне, додека истиот ќе се проширува и во вечерните часови – ова се најновите метео информации
-
Спорт2 часа
Грујоски главен во Струмица, Ставрев ќе суди во Скопје – ова се судиите кои ќе ја делат правдата во 15-то коло во првата македонска фудбалска лига в недела
-
Автомобили1 ден
Истражување: Возачите најзадоволни од овие автомобилски брендови