Следете не

Свет

Сцена од која што за момент ќе ви застане срцето: Си го прегази својот внук (ВИДЕО)

Објавено пред

на

Детенцето Калеб од Бразил беше прегазено со автомобил од страна на неговиот чичко, додека седеше пред неговиот автомобил.

За среќа оваа немила сцена завршила со среќен крај па малиот Калеб освен тоа што се исплашил не е посериозно повреден.

– Братот на мојот сопруг беше кај нас на кратко. Кога тие разменуваа некои работи малиот Калеб се заигра пред автомобилот на неговиот чичко. Никој од нас не го виде. За среќа се заврши без посериозни последици. – изјавила мајката на Калеб.

https://www.youtube.com/watch?v=ZBkYmeVx0gQ

Свет

Тужба: TikTok и шпионирање на демонстрантите во Кина

Објавено пред

на

ByteDance, компанијата која е сопственик на TikTok, и помогна на Кина да ги шпионира демонстрантите, според тужбата поднесена од поранешниот извршен директор на компанијата во САД.

Во тужбата што ја поднел против неговата поранешна компанија, Џинтао Ју тврди дека ByteDance, која ја поседува апликацијата TikTok, и помогнала на Кина да ги шпионира демонстрантите и активистите за граѓански права во Хонг Конг. Наводно тоа го направила дозволувајќи им на членовите на кинеската Комунистичка партија (ККП) да пристапат до корисничките податоци на демонстрантите, пишува BBC News.

Тој тврди и дека не биле шпионирани само учесниците на демонстрациите, туку и корисниците кои објавувале содржини поврзани со протестите. Покрај тоа, членовите на ККП наводно имале пристап до податоците на американските корисници.

Портпаролот на ByteDance ги отфрли овие наводи како неосновани.

Како ByteDance наводно и помогнал на Кина во шпионирањето?

Наводно, ByteDance им дал на членовите на одборот на ККП пристап до ингеренциите за „супер кориснички“, познати и како „божји корисници“, што им овозможило да ги идентификуваат и лоцираат демонстрантите, активистите за права и поддржувачите на демонстрациите во Хонг Конг од 2014 до 2018 година.

Во тужбата, Ју тврди дека членовите на одборот не биле вработени во ByteDance, туку всушност дошле во канцелариите на компанијата во Пекинг. Тој факт, пишува тој, бил општо познат меѓу високите директори на компанијата. Тој беше вработен во компанијата приближно една година, почнувајќи од летото 2017 година.

Актуелниот портпарол на компанијата ги негира неговите наводи и вели дека фирмата „енергично планира да се спротивстави на неоснованите тврдења“. Во својот одговор за BBC, тој истакнува дека е интересно што Ју овие тврдења ги изнесува и пет години по престанокот на работниот однос и ги припишува на целта да привлече внимание.

Тужбата доаѓа во време кога апликацијата TikTok се соочува со интензивна контрола и забрани ширум светот. Некои држави им забранија на вработените во владините структури да ја користат апликацијата на официјални телефони, додека американската сојузна држава Монтана стана првата држава што донесе целосна забрана за користење на оваа платформа. Сите забрани доаѓаат поради сомневање за неовластено собирање на кориснички податоци.

Прочитај повеќе...

Свет

САД бараат повлекување на 67 милиони воздушни перничиња

Објавено пред

на

Американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на патиштата бара повлекување на 67 милиони воздушни перничиња од возилата бидејќи верува дека има безбедносен проблем.

Сепак, добавувачот на автомобили ARC Automotive го одби барањето на американското регулаторно тело, според документите објавени во петокот.

Во возилата на компаниите General Motors, Stellantis, BMW, Hyundai и Kia Motors се поставени воздушни перничиња „ARC“.

Во петокот, Џенерал Моторс се согласи да повлече речиси милион возила со воздушни перничиња ARC по инцидентот со воздушните перничиња во март, кој повреди возач.

Извор: Rtv

Прочитај повеќе...

Свет

(ВИДЕО) Експлозија во центарот на Милано, горат повеќе возила

Објавено пред

на

printscreen/video twitter

Неколку возила се запалија во центарот на Милано, Италија, откако експлодираше комбе со боци со кислород. Едно лице е повредено, а пожарот зафатил неколку возила и околни објекти.

Италијанскиот весник „Ла Република“ објави дека комбето превезувало 20 боци со кислород, секоја со волумен од 32 литри, кога тие експлодирале, предизвикувајќи домино ефект. Комбето било паркирано на раскрсницата.

SkyTG24 емитуваше снимка од миланската област Порта Романа, на која се гледаат високи облаци од црн чад и пожарникари на местото на настанот.

Најмалку пет автомобили и четири мопеди се зафатени во пламен, пренесува Sky News.

Во експлозијата е повреден возачот на комбето, му изгорела раката. Полицијата го опколи местото на настанот.

La Repubblica наведува дека првичната експлозија најверојатно започнала од моторот на комбето и дека пожарот поради присуството на боца со кислород се проширил побрзо отколку што возачот успеал да го изгаси.

Евакуирани се блиското училиште и домот за стари лица.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт1 час

„Куќа на фудбалот“ го објави списокот, ова се 27-те примените кандидати за „УЕФА“ академијата на генерација 2010

„Куќа на фудбалот“ денес пред медиумите го пласира конечниот список на 27-те примени кандидати за УЕФА академијата на генерација 2010,...

Автомобили3 часа

Сопствениците на автомобилот Рено, го тужат Рено за прекумерна потрошувачка на моторно масло

Рено го призна проблемот со своите мотори, но не и потребата од отповикување Во прашање се автомобили со 1,2-литарски бензински...

Автомобили4 часа

Летото доаѓа, еве како да го подготвите вашиот автомобил за потоплите денови

Наскоро започнуваат одморите, а ние ви носиме потсетник да го направите вашето патување што е можно побезгрижно. Според истражувањето на...

Магазин4 часа

Од сега па натаму размена на фотографии со висок квалитет на WhatsApp

WhatsApp започна со тестирање на важна функција пред неколку месеци. Станува збор за можноста за споделување висококвалитетни фотографии преку платформата...

Магазин4 часа

Корисниците на социјалната мрежа Instagram ширум светот од утрово пријавуваат проблеми

Се чини дека Instagram, една од најпопуларните платформи на социјалните мрежи ширум светот, утрово не работи, пишува „Дејли мејл“. Според...

Магазин4 часа

Google ја прекинува поддршката за уште еден од своите производи

Нема повеќе софтверски или безбедносни ажурирања за првиот Chromecast на Google, кој Google тивко го прекина на крајот на април,...

Свет4 часа

Тужба: TikTok и шпионирање на демонстрантите во Кина

ByteDance, компанијата која е сопственик на TikTok, и помогна на Кина да ги шпионира демонстрантите, според тужбата поднесена од поранешниот...

Магазин4 часа

Amazon Prime Video добива пакет со реклами

Се чини дека платформите за стриминг прават се што можат за да преживеат во конкурентна средина, а сега Amazon Prime...

Магазин4 часа

Поради лажна промоција на криптовалути против YouTube, Twitter, Instagram и TikTok, поднесена е жалба до Европската комисија

Групите на потрошувачи во Данска, Франција, Грција, Италија, Литванија, Португалија, Словачка и Шпанија, исто така, ја потпишаа жалбата. Европската групација...

Мобилни уреди8 часа

Новиот iOS 17 дополнително им го отежнува допишувањето на корисниците на Android

Новиот оперативен систем iOS 17 им отежнува на корисниците на Android да имаат групни разговори кога се допишуваат со луѓе...

НАЈЧИТАНИ