Спорт
ФФМ за клубовите: Пополнете апликација за ваучер кој ќе овозможи користење на средствата од даночно ослободување по Закон за данок на добивка
Се информираат клубовите од сите рангови на натпреварување за можноста за апликација за добивање на ваучер за користење на средствата од даночното ослободување по Законот за данок на добивка.
Уредно пополнетото, заверено и потпишано барање да се достави во архивата на Фудбалската Федерација на Македонија до 14.01.2021 (четврток) до 16:00 часот, како и по електронски пат на следниве адреси:
НАПОМЕНА: Со право за користење на Ваучер за користење на средства од даночно ослободување се стекнуваат оние клубови кои биле активни во последните две натпреварувачки сезони.
Образец-В2 Барање за користење на средства од даночно ослободување за СПОРТСКИ КЛУБ.docx
Образец-В2 Барање за користење на средства од даночно ослободување за СПОРТСКИ КЛУБ.pdf
Спорт
Вчера во ФФМ се одржа работилница за финансиски критериуми во клупско лиценцирање
Вчера во „Куќата на фудбалот“ се одржа работилница за финансиските критериуми во процесот на клупско лиценцирање, која беше организирана со цел да ги информира и едуцира сите вклучени субјекти во процесот на лиценцирање на клубови.
Работилницата се одржа во присуство на финансиски директори, сметководители и ревизори кои се дел од клубовите кои аплицираат за лиценца.
Целта на работилницата беше да се обезбедат детални информации и практични насоки за тоа како клубовите можат да ги исполнат финансиските критериуми потребни за успешна апликација за клупска лиценца. Присутните имаа можност да ги разгледаат најновите прописи и регулативи кои се однесуваат на финансиската стабилност, транспарентност и одржливост на клубовите.
Теми на работилницата беа:
Основи на финансиските критериуми за клупско лиценцирање:
Преглед на клучните финансиски стандарди што клубовите мора да ги исполнат, како што се ликвидност, профитабилност и одржлива финансиска структура
.Прописи за финансиски извештаи и документи:
Детален преглед на финансиските документи што се бараат при апликацијата за лиценца, вклучувајќи годишни извештаи, ревизии и други релевантни извештаи.
Преглед на најчести финансиски грешки и проблеми:
Анализа на најчестите грешки кои се појавуваат при подготовката на финансиските извештаи и како тие можат да се избегнат.
Презентација на системи за ревизија и контрола:
Како клубовите можат да воведат подобри процеси за финансиска контрола и ревизија за да ги задоволат барањата на лиценцирањето.
Работилницата се состоеше од теоретски дел, каде што учесниците беа запознаени со законските рамки и правилници, при што присутните имаа можност да дискутираат на овие теми. Оваа интерактивна форма овозможи поблиска комуникација помеѓу учесниците и експертите, што значително ја подобри размената на искуства и знаења.
Работилницата беше од големо значење за учесниците, кои добија практични совети и препораки за подобрување на финансиското управување во клубовите. Присутните се согласија дека најголемиот предизвик за клубовите е да ги исполнат финансиските критериуми, особено во периоди на економски предизвици.
Одделението за лиценцирање при ФФМ најави дека работилници од овој тип ќе продолжат и во иднина, со цел да се овозможи поддршка на клубовите кои аплицираат за клупска лиценца и размена на знаења и искуства, за јавноста истакнаа од Фудалската федерација на Македонија
Спорт
Ѓоковиќ и натаму е на седмото место на АТП листата
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и натаму е на седмото место на АТП листата со 3.910 бодови, додека Италијанецот Јаник Синер е прв со 11.830 бодови. Германецот Александар Зверев е втор со 7.915 бодови, додека на третото место е Шпанецот Карлос Алкараз со 7.010 бодови.
Потоа следат Американецот Тејлор Фриц, Русинот Данил Медведев и Норвежанецот Каспер Руд. Рускиот тенисер Андреј Рубљев е осми тенисер во светот, а зад него се Австралиецот Алекс де Минор и Бугаринот Григор Димитров.
Како и кај другите српски тенисери, Миомир Кечмановиќ го задржа 54. место со 1.021 бод, додека Душан Лајовиќ е 81. светски играч со 710 поени. Хамад Меѓедовиќ е 114. тенисер во светот со 536 поени, додека Ласло Џере е на 115. позиција со 519 поени, пренесува danas.rs
Спорт
Гвардиола: „Се е полошо и полошо, неможам да најдам решение“ – По водството Манчестер Сити за две минути прими два гола и остана без бодови
Манчестер Сити и Пеп Гвардиола испуштија победа во градското дерби. „Сити“ водеше на „Етихад“ до 88. минута, за само две минути примија два гола и останаа без бодови: Манчестер Сити – Манчестер Јунајтед 1:2.
Шпанскиот тренер по мечот делуваше неутешно, а неговите играчи беа вознемирени, особено Матеус Нунес, виновникот за пеналот.
– „За жал, оваа година пречесто почнаа да ни се случуваат вакви работи. Не бевме добри во начинот на кој игравме. Порано се се одвиваше така глатко, сега се мачиме од разни причини. Ова е голем пораз. Вложивме сè и натпреварот беше речиси затворен. Тешко е да се прифати дека на крајот примивме два гола и загубивме. Ова не е вина на еден играч. Ова е дефинитивно тешка сезона за нас“, изјави Пеп Гвардиола.
Сегашната статистика е катастрофална. Дури осум порази во последните 11 натпревари во сите натпреварувања.
– „Немавме толку порази во претходните две сезони заедно. Мора да се браниме подобро. Загубивме премногу натпревари. Тешко е, но мораме да продолжиме понатаму и да се обидеме да најдеме решение“.
Новинарите прашаа дали овој пораз од градскиот ривал му бил еден од најтешките на клупата на Сити. Добија негативен одговор.
– „Мислам дека во овие девет години не беше најтешкиот пораз. Поразите се многу потешки во Лигата на шампионите. Но, во моментов ни требаат резултати за да ни се подигне духот. Сè е полошо и полошо. Морам да најдам решение. Досега не сум успеал и тоа е вистината“.
Сити остана на петтото место со 27 удари. Во следното коло гостува Астон Вила.
Табела:
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за среда (18 декември)
-
Кичево1 ден
Кичево се спрема за најубавите празнични денови од годината, плоштадот ќе биде украсен со најубавата „Витлеемската Пештера“ и огромна елка со многу подароци и лампиони
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (17 декември)
-
Кичево22 часа
Соопштение од кичевската црква Св.Петар и Павле по повод благословување и осветување на славските колачи за големиот ден Св.Николај Мирликијски
-
Кичево6 часа
Дедо Мраз пристигна во Кичево, на голема радост на најмилите
-
Временска прогноза2 дена
Засилен ветер и снег е новата метео анализа за викендот кој ни доаѓа
-
Временска прогноза1 ден
Еве какво време не очекува викендот пред нас
-
Автомобили23 часа
По нивното автомобилско стратешко партнерство, дали производителите на автомобили „Honda“ и „Nissan“ ќе се спојат?