Следете не

Автомобили

(ФОТО) „AutoVaz“ ја зголеми продажбата за 27% на Лада откако моделот го доби легендарното име „Нива“

Објавено пред

на

Секој ден 245 примероци од легендарниот теренец Лада излегуваат од производните линии. Рускиот производител „АвтоВАЗ“ веќе го зголеми производството на моделот Lada Niva Legend од 172 на 245 автомобили на ден, пренесува Autostat.ru.

Како што беше објавено од таа фабрика, зголемувањето на производните капацитети се должеше на растот на побарувачката за легендарниот теренец во јануари.

Имено, во изминатиот месец продажбата на Лада Нива скокна за 27% во споредба со јануари 2020 година.

Една од причините за зголемената популарност во тоа време, теренецот лежи во фактот што „АвтоВАЗ“ го врати правото да го користи оригиналното име „Нива“, кое многу години го носеа теренците на Шевролет на рускиот пазар.

Во тој период, автомобилот, кој кај нас е познат како Лада Нива, беше продаден под комерцијално непривлечна етикета „4х4“.

Сега, кога „АвтоВАЗ“ повторно има право да го користи оригиналното име на моделот, од крајот на седумдесеттите, тие одлучија да ја додадат ознаката „Легенда“.

Така се продолжи животот на Лада Нива уште некое време.

ФОТО: АвтоВаз 

Автомобили

BMW вели: Европа не е подготвена да ги забрани SUS моторите

Објавено пред

на

Фото: Unsplash

Додека Европа се соочува со претстојна енергетска криза за гас, BMW предупредува дека целосното прифаќање на електричните возила како единствено средство за масовен транспорт не е решение.

Извршниот директор на баварската марка Оливер Зипсе вели дека Европа не е подготвена за остро исклучување на бензинските и дизел моторите: „Погрешно е да се исклучат моторите со внатрешно согорување во Европа.

Индустријата ќе изгледа поинаку во однос на опсегот и структурата ако се сврти кон само една технологија – рече Zipse.

Прочитај повеќе...

Автомобили

Гигафабриката на Tesla произведе 10.000 Model Y

Објавено пред

на

Tesla помина уште една значајна пресвртница во производството.

Уште еден рекорд за Tesla

Според извештаите од Electrek, компанијата соопшти дека нејзината гигафабрика во Тексас има произведено 10.000 примероци од теренецот Model Y. Ова може да биде добра вест за оние кои се надеваат дека ќе го купат новиот Cybertruck следната година.

Tesla планира да започне со производство првенствено во Тексас. Компанијата првично изјави дека ќе започне со масовно производство во 2021 година, но потоа го одложи почетокот за 2022 година, а потоа за 2023 година.

Според извештаите, една од причините зошто новиот EV на Tesla сè уште не пристигнал е новата генерација на батериски ќелии со ознака 4680. Имено, во 2020 година извршниот директор Илон Маск изјави дека технологијата ќе доведе до тоа ЕВ да чинат помалку од автомобилите со внатрешно согорување.

Сепак, Tesla и неговиот партнер за производство на батерии Panasonic допрва треба да започнат со масовно производство на ќелиите на батериите.

Затоа е интересна пресвртницата кај Model Y. Во април Tesla започна со продажба на нов SUV модел кој користи 4680 батериски ќелии.

Новиот модел може да помине околу 450 километри со едно полнење и неговата почетна цена е 59.990 долари. Тесла не соопшти колку нови модели има произведено досега.

Сепак, извештаите од Electrek проценуваат дека Gigafactory на Tesla во моментов произведува повеќе од 1.000 Model Y секоја недела. Според сите сметки, фабриката веројатно е на пат да започне со производство на 2.000 нови модели на секои седум дена.

Извор: Engadget

Прочитај повеќе...

Автомобили

Лажирање километража на автомобили – на кои возила веќе не е можно да се направи тоа

Објавено пред

на

Регулативата на Европската унија од 2017 година за заштита од манипулација со километражата сè уште не е имплементирана, додека истражувањето на германскиот автомобилски клуб (ADAC) докажува дека се уште лесно може да се манипулира со километражата на автомобилот.

Сепак, два германски производители на автомобили сега тврдат дека имаат решение.

Прилагодувањето на километражата денес е рутина и се нуди од дури 50 евра. Полицијата претпоставува дека на секој трет користен автомобил продаден во Германија е поправена километражата.

Измамниците ја зголемуваат вредноста во просек за 3.000 евра по автомобил, измамувајќи ги купувачите на половни автомобили или компаниите за лизинг. Проценетата вкупна штета во Германија е околу 6 милијарди евра годишно, според магазинот ХАК.

Регулативата на ЕУ 2017/1151 формално пропишува дека километражата во автомобил мора систематски да се одржува. Законот се применува за новите модели на возила од септември 2017 година, а од септември 2018 година за сите нови автомобили.

Сепак, сè уште недостасува детална листа за тоа како треба да изгледа оваа заштита и кое неутрално тело треба да ја провери. Резултатот од сето ова – изневерувањето продолжува, но не на сите автомобили.

Кога ги прелистуваа релевантните страници за користени автомобили, експертите на ADAC забележаа дека ова повеќе не важи за Audi A3 (од 2020 година) и VW Golf 8 (од крајот на 2019 година).

Овие модели се подобро заштитени од измами со километражата отколку многу конкуренти. Причината се новите компјутерски чипови со HSM (Hardware Secure Module) кој се користи за заштита на километражата.

Volkswagen најавува и нови мерки за спречување на отчитување на километражата.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

На денешен ден2 часа

28 септември – На денешен ден

48 п.н.е. – Во Египет е убиен Гнеј Помпеј Велики, еден од најголемите римски државници и војсководци, кој во 69...

Хороскоп9 часа

Хороскоп за среда (28 септември)

ОВЕН  Ако можете, искористете ја можноста да патувате или да присуствувате на оние деловни настани што ќе ви помогнат да...

Македонија19 часа

АМСМ: Важна информација за патниот правец Велес – Градско, како и Ново Лагово – Боротино

Од 28.09.2022 ќе започнат градежни зафати (асфалтирање) на патниот правец R2339 од Ново Лагово до Боротино така што сообраќајот ќе биде во...

Спорт1 ден

Македонија до 19 години од негатива два гола до пресврт и голема победа против своите врсници од Кипар

Младата репрезентација на Македонија до 19 години во еден интересен натпревар, со многу возбудување и пресврти, успеа да забележи минимална...

Култура1 ден

Денеска е Крстовден, од народните верувања се вели дека денот и ноќта се крстосуваат, а температурата почнува да се намалува

Во народните верувања, на денот кој се нарекува Крстовден, се смета дека сите молитви ќе се остварат. На Крстовден се...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за вторник (27 септември)

ОВЕН Полни сте со ентузијазам и со многу оптимизам се фокусирате на деловните обврски. Љубовта ви е во мислите но...

Спорт2 дена

Ова се 11-те лавови кои ќе стартуваат на мечот против Бугарија

Предмалку објавени беа 11-те момчиња кои ќе бидат стартери на мечот против Бугарија на „Тодор Проески“. Што се однесува до...

Култура2 дена

Крстовден единствениот празник што започнал да се прославува истовремено со случувањата на самиот настан

Крстовден, или Воздвижението на Чесниот Крст, како празник се јавува со самото пронаоѓање на Светиот и Животворен Христов Крст, којшто...

Свет2 дена

Полицијата во Сан Франциско може да гледа приватни камери за надзор во реално време

Полицијата во Сан Франциско доби засилување во нивните овластувања за надзор оваа недела, откако градскиот одбор на надзорници гласаше да...

Свет2 дена

ФОТО Еруптираше подводен вулкан, НАСА фотографираше нов остров во Тихиот Океан

Само единаесет часа откако вулканот почна да еруптира, нов остров се појави над површината на водата, според НАСА, која сними...

НАЈЧИТАНИ