Следете не

Случувања

Фудбалери против судии – откачена компилација со тензични моменти (ВИДЕО)

Објавено пред

на

Кичево

Кичевчанец бил физички нападнат во семејниот дом од членови на неговото семејство

Објавено пред

на

©porta.mk

На 05.01.2025 во 23.10 часот во ОВР Кичево е пријавено дека 31 – годишник од Кичево во семејниот дом бил физички нападнат од членови на неговото семејство. По целосно документирање на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, за порта.мк информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски

Прочитај повеќе...

Кичево

(ФОТО+ВИДЕО) Празник за очи, радост за душа, топлина за срце, денес во Кичево се одржа најголемата „Бадникова Поворка 2025“, дечињата во еден глас го најавија Христовото раѓање!

Објавено пред

на

©porta.mk

Со многу радост, насмевки, возбудливи стихови пеејќи ја најубавата божикна песна „Вечниот Бог“ денес најмилите дечиња со ѕвезди во рачиња го најавија Христовото раѓање – Божиќ низ кичевските улици. И оваа година благодарение на својот ментор Бошко Сарафилоски и родителите кои неуморно беа ангажирани, со поддршка од кичевското свештенство и нас, се реализираше традиционалната „Бадникова Поворка“ во Кичево.

Како и секоја година така и оваа традицијата продолжи движејќи од кичевскиот храм „Св.Петар и Павле“ по ул. „Маршал Тито“, ул. „Рудничка“, бул „Ослободување“ за на крај поворката да заврши пред големиот и најубав украс на градскиот плоштад во непосредна близина на нашата црква, каде започна и Божиќниот концерт кој го водеше еден од најдобрите актери на сите времиња, г-дин Владо Дојчиноски. Прекрасни каланди, одлична атмосфера ни приреди оркестарот на Хор „Козма Пречистански“, а за нештото да го добие она најдоброто „Хуманитарниот Божиќен Базар“ беше неколку часа отворен за сите посетители.

Ја користиме оваа прилика, додека сме кај „Хуманитарниот Божиќен Базар“ кој благодарение на вас функционира, вечерва и утре нема да работи со цел големите Христијански празници. Со програма се враќа за последните два завршни денови 8-ми и 9-ти јануари од 18:00ч, со спектакуларна програма за сите посетители.

  • 8-ми јануари (Концерт на естрадните уметници од Кичево, Дарко Стојаноски, Мирослав Мирчески, Христијан Тришоски, Христијан Трајаноски, Михајло Данилоски, Марко Тодороски, ќе ја имаме најубавата Скара на Жар од старите мајстори, Dj Vix Alex & Zmija Lights, Богата лотарија, Воз за најмилите и спектакуларен огномет)
  • 9-ти јануари (Завршен ден: „Addicted Band“ во живо, маестро Лука Лазарески, Скара на Жар, Dj Vix Alex & Zmija Lights, Маскоти, исто така Богата лотарија, Воз за најмилите и спектакуларен огномет, со кој ќе го затвориме овој прекрасен Базар)

Што се однесува на Бадник и бадниковите активности, помеѓу луѓето кои ги заслужуваат сите почести се и оние кои секоја година се мобилизираат за транспорт на „Бадникови гранчиња“, а годинава со своите возила дефилираа низ кичевските улици до сега во рекорден број.

Во прилог ви ја претставуваме нај радосната галерија преку нашиот објектив и објективот на Јове Ангелески, од нашите пријатели „Фото Зоран“, доколку ви треба некоја од фотографиите, пишете ни порака ТУКА

Прочитај повеќе...

Македонија

Вечерва регистриран земјотрес во Македонија, епицентарот бил северозападно од Скопје

Објавено пред

на

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва 5 јануари 2025 година во 23 часот и 12 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 24 километри северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.8.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во градот Скопје и северозападните делови на Македонија со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, известуваат од ЦУК.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево12 секунди

Кичевчанец бил физички нападнат во семејниот дом од членови на неговото семејство

На 05.01.2025 во 23.10 часот во ОВР Кичево е пријавено дека 31 – годишник од Кичево во семејниот дом бил...

Кичево2 часа

(ФОТО+ВИДЕО) Празник за очи, радост за душа, топлина за срце, денес во Кичево се одржа најголемата „Бадникова Поворка 2025“, дечињата во еден глас го најавија Христовото раѓање!

Со многу радост, насмевки, возбудливи стихови пеејќи ја најубавата божикна песна „Вечниот Бог“ денес најмилите дечиња со ѕвезди во рачиња...

Автомобили11 часа

Греење и ладење на седиштата: Корисно, но претерувањето може сериозно да го загрози здравјето

Греење и ладење на седиштата: Корисно, но претерувањето може сериозно да го загрози здравјето Самото седење во автомобил, особено за...

Lifestyle11 часа

Кога е најдобро да го земате витамин Д – наутро или навечер?

Витаминот Д, познат како „витамин на сончевите зраци“, е од суштинско значење за здравјето на коските, имунитетот и општата благосостојба....

Магазин11 часа

Како да ја зачувате батеријата на вашиот лаптоп и да го продолжите нејзиниот животен век

Ако забележите дека батеријата на вашиот лаптоп брзо се троши, следете ги овие едноставни совети за да го продолжите нејзиниот...

Магазин11 часа

Вака ќе изгледа Samsung Galaxy S25 во сина боја (ФОТО/ВИДЕО)

Се очекува серијата Samsung Galaxy S25 да биде официјално претставена на 22 јануари, а како што се приближува датумот, се...

Магазин11 часа

Apple се откажува од претплатите за iPhone

Apple одлучи да ги прекине плановите за воведување претплати за уредите со iPhone, пренесува Bloomberg. Компанијата првпат ја разгледа оваа...

Автомобили11 часа

Tesla го забележа првиот годишен пад на испораките во историјата

Оваа вест предизвика пад на цената на акцијата за околу седум отсто. Помали бројки и во Европа Tesla го забележа...

Култура22 часа

Дeнот на очекување на радосната вест, денеска е „БАДНИК“, да се помолиме за здравје, среќа, љубов, мир и благосостојба!

Денес е Бадник, додека истражувачите на овие обичаи истакнуваат дека во почетокот Коледе бил празник поврзан со враќањето на Сонцето...

Македонија22 часа

Вечерва регистриран земјотрес во Македонија, епицентарот бил северозападно од Скопје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет...

НАЈЧИТАНИ