Случувања
ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Гимнастичарка ги скрши двете нозе на натпревар

Свет
Илон Маск на суд ги победи акционерите на „Tesla“

Судот во Сан Франциско го ослободи извршниот директор на Tesla, Илон Маск, кој беше обвинет за заблуда на инвеститорите во 2018 година, бидејќи во објава на Твитер напиша дека обезбедил средства за целосна приватизација на компанијата.
На судењето за наводна измама на инвеститори, обвинителите побараа отштета од една милијарда долари од извршниот директор на Tesla, Илон Маск, кој агресивно го бранеше своето право слободно да твита, пишува Ројтерс.
По двочасовна пауза, судот излезе со ослободителна пресуда за Маск, кој не беше присутен во судницата при читањето на пресудата.
Набргу потоа, тој твитна дека „длабоко го цени“ мислењето на жирито. Фала му на Бога, преовлада мудроста на луѓето“, рече Маск.
Акционерите на Тесла тврдат дека Маск ги измамил кога на 7 август 2018 година на Твитер напишал дека размислува да ја преземе сопственоста на компанијата по цена од 429 долари по акција, што претставува премија од околу 23 отсто во споредба со претходниот ден. Наведе и дека за ова се обезбедени средства.
Маск е обвинет дека лажел кога подоцна истиот ден напишал дека „поддршката од инвеститорите е потврдена“.
По твитот на Маск, акциите нагло скокнаа, за набргу да паднат, бидејќи стана јасно дека купувањето нема да се случи.
Адвокатот на акционерите на Tesla рече дека тие се разочарани од ослободителната пресуда на Маск и размислуваат за следните чекори.
Инаку, по изрекувањето на пресудата, акциите на оваа компанија пораснаа за 1,6 отсто.
Извор: RTS, Tanjug
Македонија
На ГП Деве Баир жители на Бугарија недолично се однесувале и се обиделе физички да ја нападнат полицијата

Околу 12.45 часот на Граничниот премин Деве Баир дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на Г.З (35),А.Х(50)и Р.Х(54) бугарски државјани кои најпрво вербално, дрско и недолично со најпогрдни зборови се однесувале а потоа се обиделе и физички да ги нападнат полициски службеници кои преземале службени дејства, при што се приведени и се работи на целосно расчистување на случајот
Извор: МВР
Временска прогноза
Од вечерва поларна воздушна маса и олуен ветер на нашата територија

Почнувајќи од денес попладне и навечер, па во текот на следната седмица територијата на Македонија ќе биде под влијание на ПОЛАРНА воздушна маса од север. Сето ова ќе биде проследено со СИЛЕН , повремено и ОЛУЕН ветер од северен правец (над 80 км/час, на планините и до околу 100 км/час). Токму поради ова препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ поради можни штети.
Во текот на денешната вечер и ноќ температурите НАГЛО ќе опаднат и во следните денови потоа наутро на повеќе места ќе се спуштаат до околу -10 степени, понекаде и до околу -15 степени, додека на високите планини на северозапад температурите ќе се спуштаат и под -15 степени.
Утре локално сеуште ќе провејува снег, додека во текот на следната седмица ќе имаме претежно стабилно, суво и МНОГУ СТУДЕНО време (претежно сув студ).
Во Скопје и околината исто така ќе има послаби врнежи претежно од снег а ќе започне да дува и СИЛЕН северен ветер. Температурите од денешната ноќ НАГЛО ќе опаднат и ќе бидат под нулата (близу -10 степени наутро). Максималните температури исто така ќе се задржат околу или под нулата.
Пишува Славчо Попоски
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (4 февруари)
-
Хороскоп9 часа
Хороскоп за недела (5 февруари)
-
Македонија18 часа
На ГП Деве Баир жители на Бугарија недолично се однесувале и се обиделе физички да ја нападнат полицијата
-
Македонија1 ден
Мин. за земјоделство, шумарство и водостопанство одобри лов на дива свиња до крајот на месец март, ова се деталите..
-
Временска прогноза23 часа
Од вечерва поларна воздушна маса и олуен ветер на нашата територија
-
Скопје2 дена
Осум средни училишта од Скопје денеска добиле закана за поставен експлозив
-
Македонија2 дена
Поради агресивно однесување, СВР Охрид приведе жител на Албанија
-
Спорт2 дена
Одржана меѓународна работилница поврзана со клупскиот лиценцен систем, во организација на УЕФА и ФФМ