Случувања
Хамилтон откри низ каква драма поминал во Бразил (ФОТО)

Луис Хамилтон ја освои петтата титула за време на трката за Големата награда на Мексико, но бидејќи на таа трка беше четврти, прославата ја направи во Бразил кога по многу перипетии успеа да стигне до првото место.
Најпрвин тој ја поведе трката, но беше престигнат од Ферстапен, за откако возачот на Ред Бул да биде удрен од Естебан Окон, тој да се врати на лидерското место и да го доведе сребрениот болид до целта како првопласиран, иако имал проблеми со моторот.
– Преку радио врската слушнав дека моторот ќе има дефект во следниот круг. Кога тоа не се случи побарав од инженерите да најдат решение. Потоа ми кажаа дека има проблем со издувот. Температурите беа неприфатливо високи,- откри Хамилтон. – Навистина чувствував благодарност што моторот ги издржа последните 10 круга. Врескав во болидот „ајде срцка, ти можеш. Да останеме заедно“, не можете да замислите колку е лудо чувството додека имате срцебиење со 190 отчукувања, а се обидувате да го одржите болидот кој има проблеми. На крајот се чувствував пресреќен и благодарен,- рече Луис.
Без неговите 25 бода за победатаМерцедес немаше да ја освои конструкторската титула на оваа трка и тоа прашање ќе останеше отворено за последното гран при во Абу Даби на 25 ноември.
Ова е петти случај од 2014 до денес Мерцедес да ја освојува „двојната круна“, односно шампионските титули во индивидуална и тимска конкуренција.
Македонија
МВР: Граѓаните да не наседнуваат на измами

Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи од страна на граѓаните пријавени се повеќе кривични дела „измама“, кои се извршени врз повозрасни лица. Сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници, и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои, наводно, непосредно пред јавувањето направиле сообраќајна несреќа со смртни последици. Измамниците ги контактираат жртвите најчесто на фиксен телефон, но има случаи каде што се контактирани и преку мобилен телефон со скриен број, а за да бидат поуверливи во позадина се слуша глас кој бара помош.
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека се преземаат мерки и активности за расчистување на досега пријавените кривични дела и воедно апелираме до граѓани да не наседнуваат на ваквиот вид на измами, а доколку бидат контактирани, веднаш да пријават во полиција.
Кичево
(ФОТО) Во „АТВА Маркети“ го има најубавото свежо цвеќе за 8-ми март! „Меѓународниот Ден на жената“

Секоја година, на 8-ми март, целиот свет го слави „Меѓународниот Ден на жената“. Еден вид признание и чест за фундаменталната улога на жената во општеството.
За време на овој посебен ден, изразувајќи благодарност и љубов, но и почит речиси сите подаруваат цвеќиња како вообичаен и значаен гест. Како препорака, ви ги презентираме најубавите цвеќиња кои денес пристигнаа кај нашите партнери „АТВА Маркети“.
Изберете го најубавото цвеќе и изненадете ги најблиските!
„АТВА Маркет“ на добро познатите локации ширум град Кичево, подари цвеќе за среќа!
Македонија
Од ноќеска цената на сите нафтени деривати се намалува, ова е новата цена

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-ЕV) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.02.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 72,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 71,50 ден/лит.
-
Кичево2 дена
Следните кичевски улици и села утре и во вторник ќе имаат прекин во електрична енергија поради работа на „ЕВН КЕЦ Кичево“
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (3 март)
-
Временска прогноза2 дена
Од среда на повидок пролетни дневни температури, вакво време не очекува оваа седмица
-
Македонија2 дена
Лишен од слобода возач кој под дејство на алкохол удри пешак синоќа во Скопје, одземено му е возилото
-
Култура2 дена
Денеска е „Прочка“ ова се верувањата и обичаите за овој голем ден
-
Хороскоп11 часа
Хороскоп за вторник (4 март)
-
Кичево15 часа
(ФОТО) Во „АТВА Маркети“ го има најубавото свежо цвеќе за 8-ми март! „Меѓународниот Ден на жената“
-
Македонија19 часа
Од ноќеска цената на сите нафтени деривати се намалува, ова е новата цена