Следете не

Lifestyle

ХАОС ВО МАТИЧНО: Нема директор, нема венчавки, свадби, изводи…

Објавено пред

на

Повеќе од еден месец Управата за водење на матичните книги нема овластен потписник, па 500 вработени се без плата, нема кој да стави потпис. Како што дознава „Вечер“, поради тоа што нема овластен потписник, се трупаат и други документи и барања кои се примаат, но не може да се решат.

Се работи за одобренија за венчавки во ресторани, станови, односно на места надвор од матичната служба, кои секој ден може да престанат да се вршат, зашто нема кој да потпише одобрение. Исто така, има проблеми со извршните, оставинските, судските постапки за кои се бараат документи од Управата. За издавање на тие документи Управата има рокови кои сега не може да ги запази. Не можат да завршат работа ниту амбасадите кои доставуваат барања за податоци за наши иселеници.

Наместо еден ден, на извод од матичната книга на родените сега се чека десетина дена, а многу скоро можат да престанат венчавките на терен. Управата за водење матични книги, орган во рамки на Министерството за правда, еден месец нема ниту директор, ниту в.д. директор, па ова е само мал дел од хаосот во кој се наоѓа оваа служба, меѓу народот позната како Матично, пишува Вечер.

Од август лани до почетокот на минатиот месец, директор на Управата беше Ѓоко Котевски, кој потоа замина за прв човек на затворот во Шутка. Оттогаш, односно повеќе од еден месец, матично нема овластен потписник, поради што, меѓу другото, ни вработените, кои ги има 500 низ целата држава не земале плата и не знаат кога ќе ја земат. Што се случува во “обезглавената“ Управа за водење матични книги најдобро може да се види на шалтерите на кои се вадат документи, каде нервозни граѓани чекаат во редици и неизвесност кога и дали воопшто ќе ја завршат работата.

-Итно ми треба извод од матичната книга на родените. Јас мислев дека се вади за ден-два, ама видете што се случува овде, колку луѓе има. Викаат дека се чекало по 10 дена. Да знаев, ќе дојдев порано. Сега не знам што да правам, ни изјави еден граѓанин.

Како што дознава “Вечер”, поради тоа што нема овластен потписник, се трупаат и други документи и барања кои се примаат, но не може да се решат. Се работи за одобренија за венчавки во ресторани, станови, односно на места надвор од матичната служба, кои секој ден може да престанат да се вршат, зашто нема кој да потпише одобрение. Исто така, има проблеми со извршните, оставинските, судските постапки за кои се бараат документи од Управата. За издавање на тие документи Управата има рокови кои сега не може да ги запази. Не можат да завршат работа ниту амбасадите кои доставуваат барања за податоци за наши иселеници.

Од „Вечер“ се обиделе да добијат официјално објаснување и коментар за оваа ситуација од надлежниот орган, Министерството за правда, но не добиле одговор.

Конкурсот за избор на директор на матичното и на уште 68 други државни институции и органи, како и на 25 заменици во институциите е во тек. Овој оглас пред еден месец беше објавен, па поништен за повторно да се објави на 31 минатиот месец. Со новиот оглас се даде рок за аплицирање на заинтересираните кандидати од само три дена. Но, иако рокот е скратен, што значи дека постапката за избор на директор ќе се забрза, вработените во Управата за водење матични книги и во другите институции кои се во слична ситуација, без овластен потписник, не очекуваат состојбите да се средат уште најмалку еден месец, колку што сметаат дека ќе помине додека завршат сите процедури за избор. Стравуваат дека најмалку уште еден месец ќе бидат без пари. Што се случува кога државна институција нема прв човек покажува примерот со Државниот комунален инспекторат, каде вработените немаа земено плата цели три месеци.

Со последниот оглас на Владата освен за Управата за водење на матичните книги, директори и заменици се бараат и за Управата за извршување санкции, Бирото за судски вештачења, Бирото за застапување пред Европскиот суд за човекови права, Царинската управа, Бирото за јавни набавки, Управата за финансиско разузнавање, Управата на финансиска полиција, Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат, Фондот за здравство…

Lifestyle

Како носењето торба може да го загрози вашето здравје

Објавено пред

на

Кога носиме торба на едната страна од телото, нашето тело несвесно се прилагодува на дополнителната тежина.
• Рамената се подигнуваат
• ‘Рбетот се искривува
• Тежината нерамномерно се распределува

Како правилно да носите торба?

Избор на вистинска торба
• Користете ранец наместо торба за едно рамо
• Изберете чанти со пошироки и обложени ремени
• Избегнувајте кеси со тенки ремени или синџири

Техники на носење
• Редовно менувајте ја страната ако носите торба на рамо
• Користете чанти што се носат преку телото
• Ако користите ранец, тежината распоредете ја рамномерно
• Чантата држете ја блиску до телото
• Одржувајте исправено држење

Најчестите здравствени проблеми

• Болки во вратот и рамениците
• Асиметрија на мускулите на грбот
• Главоболки и мигрена
• Притисок врз нервите
• Промени во стилот на одење
• Потенцијален развој на сколиоза кај млади

Според Американското здружение за хиропрактика, 80% од луѓето ќе имаат проблеми со грбот во текот на животот, а неправилното носење на торба може да биде една од причините.

Колку треба да биде тешка вашата торба?

• Не повеќе од 10% од вашата телесна тежина (ако тежите 70 кг, торбата не треба да биде потешка од 7 кг)
• Физиотерапевтите препорачуваат уште пониска граница – 5-6% од телесната тежина

Едноставни вежби за превенција

• Ротација на рамената – 10 пати напред, 10 пати назад
• Истегнување на вратот – навалете ја главата кон рамото и држете 15 секунди
• Притискање на рамената – повлечете ги наназад, стегнете ги лопатките и држете 5 секунди

Кога да побарате помош?

• Постојана болка во грбот или рамената
• Трнење во рацете
• Промени во држењето на телото
• Чести главоболки
• Болка што се шири кон други делови од телото

Правилното носење на торбата изгледа како мал детаљ, но долгорочно може да има големо влијание врз вашето здравје. Со следење на овие совети, ќе спречите потенцијални проблеми и ќе го зачувате здравјето на ‘рбетот и мускулите.

Извор: N1Info

Прочитај повеќе...

Lifestyle

Со исклучување на овие уреди преку ноќ, можете да ја намалите сметката за струја

Објавено пред

на

Во продолжение ви претставуваме едноставен начин како да заштедите на струја.

Зошто е важно да се намали потрошувачката на електрична енергија?

  • Во денешно време, кога трошоците за енергија постојано растат, заштедата на електрична енергија е важна за секое домаќинство.
  • Намалувањето на потрошувачката не само што ги снижува месечните сметки, туку придонесува и за зачувување на животната средина со намалување на јаглеродниот отпечаток.
  • Со неколку едноставни промени во секојдневните навики и користење енергетски ефикасни уреди, секој може да ја зголеми енергетската ефикасност во својот дом.

Кој уред троши повеќе енергија отколку што мислите?

  • Еден практичен совет за намалување на потрошувачката е да го исклучувате уредот за кој веројатно не сте размислувале – интернет рутерот.
  • Иако рутерот не е првото нешто што ви паѓа на ум кога мислите на големи потрошувачи, електричарите предупредуваат дека ако го оставите вклучен преку ноќ, ќе троши значително повеќе струја, пишува sensa.si.

Како да го намалите трошењето на рутерот?

  • При купување на нов рутер, проверете дали има ниска потрошувачка на енергија, како во нормален режим, така и во режим на подготвеност.
  • Германската Федерална агенција за заштита на животната средина (UBA) нагласува дека ако рутерот не може да се исклучи бидејќи користи телефонска линија, тогаш е најдобро да купите модел што овозможува исклучување на Wi-Fi функцијата кога не се користи.

Заклучок

  • Иако интернет рутерот не троши повеќе енергија од големите уреди како фрижидери, неговото редовно исклучување може да донесе забележителни финансиски заштеди.

Извор: Danas

Прочитај повеќе...

Lifestyle

Лесен трик за чистење на ножевите од рѓа со лимон

Објавено пред

на

Потребни материјали:

  • Сок од лимон (свеж или претходно исцеден)
  • Плиток сад

Чекор 1: Разберете ја причината за рѓосувањето
Рѓата на ножевите најчесто се акумулира поради дрвените кабинети во кои се чуваат. Многу луѓе ги ставаат ножевите во решетки веднаш по миењето, а влагата од ножот останува на него и пренесува делумно на дрвото, што започнува процесот на рѓосување.
Ножевите исто така можат да рѓосуваат ако ги оставите да седат влажни, што доведува до појава на површински дамки од рѓа.

Чекор 2: Подгответе сок од лимон
Ако ножевите веќе се ‘рѓосани, не треба да се грижите. Сокот од лимон е природен чистач на рѓа. Можете да користите свеж сок од лимон или претходно исцеден сок од лимон во пластичен сад.

Чекор 3: Потопете ги ножевите
Ставете ги ножевите во плиток сад и додадете сок од лимон. Оставете ги да отстојат некое време додека не забележите дека рѓата исчезнува.
Идеално е да користите сад каде што сокот ќе ги покрие ножевите, дозволувајќи му на лимонот да делува на рѓата.

Чекор 4: Исчистете ги ножевите
По некое време, проверете дали рѓата е исчезната. Кога ќе видите дека ножевите се чисти, извадете ги од садот и избришете ги со чиста крпа.

Заклучок:
Со малку сок од лимон, вашите ножеви ќе бидат како нови! Овој природен метод е брз и ефикасен начин да се ослободите од рѓата без потреба од хемикалии.

Извор: Espreso

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп1 час

Хороскоп за вторник (4 март)

Овен Се занимавате со ситници кои не ви одат од рака. Морате да се подготвите за посилно  темпо на работа,...

Култура2 часа

Чистиот Понеделник – почеток на „Четириесетдневната пролет“ на покајанието

Влеговме во светата и блажена Велика Четириесетница, во ова духовно патување што ни е дадено како лек за нашата душа,...

Кичево5 часа

(ФОТО) Во „АТВА Маркети“ го има најубавото свежо цвеќе за 8-ми март! „Меѓународниот Ден на жената“

Секоја година, на 8-ми март, целиот свет го слави „Меѓународниот Ден на жената“. Еден вид признание и чест за фундаменталната...

Технологија8 часа

Тему, глобална компанија за е-трговија која што ги поврзува потрошувачите со милиони комерцијални партнери

Temu особено сериозно ја сфаќа безбедноста на производите и продолжува интензивно да вложува во зајакнување на својот тим за доверба...

Македонија10 часа

Од ноќеска цената на сите нафтени деривати се намалува, ова е новата цена

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-ЕV) и на Екстра лесното масло за домаќинство на...

Lifestyle12 часа

Како носењето торба може да го загрози вашето здравје

Кога носиме торба на едната страна од телото, нашето тело несвесно се прилагодува на дополнителната тежина.• Рамената се подигнуваат• ‘Рбетот...

Магазин12 часа

16 GB RAM повеќе не се доволни за компјутерски игри – Еве зошто

Долги години, 16 GB RAM се сметаше за стандард за гејминг компјутери, но денешните игри и хардвер бараат значително повеќе...

Магазин12 часа

Microsoft го исклучува Skype – крај за некогаш најпопуларната VOIP услуга

Skype би можел да престане да работи веќе во мај, според последните информации. Microsoft планира да ги премести корисниците во...

Магазин12 часа

Apple Maps воведува реклами – лоша вест за корисниците?

Apple размислува да воведе реклами во Apple Maps, потег што би можел да ја наруши корисничката искуственост и да ја...

Магазин12 часа

Јужна Кореја го отстранува DeepSeek од продавниците

Јужна Кореја го забрани преземањето на DeepSeek поради загриженост за безбедноста на податоците. Владината агенција привремено го забрани преземањето на...

НАЈЧИТАНИ