Спорт
Реал пресече! АЗАР ќе игра за кралскиот клуб за неверојатни 450.000 евра неделно!

Она што ќе посака Перез го добива, она што ќе посака Реал Мадрид како најголем клуб во светот, го добива. Го сакаа Еден Азар и го добија. Попладнево Марка потврди дека Реал и Челзи ја договориле сумата која Перез треба да ја плати за трансферот на еден од најдобрите светски фудбалери.
Сумата е рекордна кога станува збор за Реал, а таа изнесува 130 милиони евра. Белгијанецот пак ќе добива 450.000 евра неделно, или повеќе од 20 милиони евра на годишно ниво, се разбира без бонусите, премиите и спонзорските договори. Така е тоа со најголемиот клуб.
Се што ќе посака тоа и го добива, затоа Реал Мадрид е кралски клуб.
Извор: Спортски.мк
Спорт
(ФОТО) Официјално започнат мега фудбалскиот стадион во Штип, кој ќе биде спремен за сите меѓународни натпревари

Фудбалската федерација на Македонија преку #hattrick програмата на УЕФА во соработка со општина Штип и Фудбалски клуб Брегалница / Football Club Bregalnica официјално ги започна градежните активности за изградба на Градскиот стадион во Штип.
Новиот стадион во Штип ги задоволува сите критериуми на УЕФА за одигрување на меѓународни натпреварувања, клупски и репрезентативни.
– Како претседател на Фудбалската федерација на Македонија се чувствувам и гордо и среќно што започнуваме со реализација на исклучително важен фудбалски проект
Изградбата на Градскиот стадион во Штип е еден од врвните приоритети за нас.
Заедно со УЕФА и општина Штип во следниот период ќе изградиме репрезентативен стадион кои ги исполнува сите критериуми за одигрување на меѓународни клупски и репрезентативни натпревари”.
“Како еден од нашите најголеми фудбалски центри, градот и фудбалскиот клуб Брегалница ја заслужува сета поддршка од Фудбалската федерација на Македонија. Целосно ќе ја изградиме западната трибина и ќе бидеме логистика за сите други потреби околу изградбата на стадионот”.
“Подобрувањето на фудбалската инфраструктура е еден од клучните делови во работењето на ФФМ и за многу кратко време ја менуваме сликата на стадионите во нашата држава”.
“Упатувам благодарност до општина Штип, фудбалскиот клуб Брегалница и Општинскиот фудбалски Сојуз за поддршката и помошта која ја даваат во реализација на проектот.
Со нивна помош и поддршка од ФФМ и УЕФА, Штип наскоро ќе биде пример за успешна фудбалска приказна во државата. – вели актуелниот претседател на ФФМ, г-дин Муамед Сејдини
Спорт
Се е спремно за реваншот помеѓу Ливерпул и Лајпциг на истиот стадион

УЕФА закажа уште еден натпревар помеѓу Ливерпул и Ред Бул Лајпциг на исто место – во Будимпешта. Првиот натпревар помеѓу овие два тима во осминафиналето од Лигата на шампионите се одигра на „Пушкаш“ арената на 16 февруари, Ливерпул го доби со 2:0, а Европската фудбалска унија денес донесе одлука реваншот да се игра на истиот стадион.
Домаќин ќе биде Ливерпул, а правилата остануваат исти, голот на гости е валиден, иако двата тима се вистински гости во главниот град на Унгарија.
Натпреварите се играат на неутрален терен бидејќи германската влада сè уште не им дозволува на патниците од Островот да влезат во земјата без двонеделен карантин.
– „УЕФА изразува благодарност до Ливерпул и РБ Лајпциг за поддршката и соработката во овој случај, како и до Фудбалскиот сојуз на Унгарија за помошта и согласноста за организирање на натпреварот“, стои во соопштението на УЕФА.
Арената „Пушкаш“ беше сведок на добар фудбал во последниот месец, бидејќи беше домаќин на дуелот помеѓу Менхенгладбах и Манчестер Сити, потоа Тотенхем и Волфсбергер во Лигата на Европа, а таму ќе се игра и реваншот меѓу Молде и Гранада во ЛЕ.
ФОТО: skysports
Спорт
Македонската футсал репрезентација во петок гостува против Србија, три дена подоцна ќе одиграме реванш во Скопје

Македонската футсал репрезентација во петок против Србија во Врање ќе го одигра натпреварот од третиот круг од квалификациите за Европското првенство. Три дена подоцна во С.Ц. „Јане Сандански“ ќе го одиграме возвратниот дуел со Србија.
Нашата најдобра футсал селекција освои бод на воведните два меча. Загубивме со 2:1 против БиХ на гости, а на домашен терен одигравме 2:2 против Романија.
Селекторот Васко Скендеровски за двомечот со Србија нема да смета на Даниел Де Соуса поради повреда, а неизвесни за настап се и Ранготов и Крстевски. Во конкуренција за настап се следните играчи:
Голмани: Антонио Петровски (СК Проект Цујо), Иван Стојановски (Шкупи);
Одбрана: Реџеп Сулејмани (Шкупи), Таулант Исмаили (Арбен Бајрами), Ферид Агуши (Шкупи), Драган Петровиќ (Шкупи), Орхан Ибиши (Приштина Мабетекс, Косово), Харис Омеровиќ (Арбен Бајрами);
Напад: Иван Крстевски (СК Проект Цико), Игор Леовски (Славија Прага, Чешка), Адријан Мицевски (Бетон бојс, Германија), Дарко Ранготов (СК Проект Цико), Мартин Калчевски (Велес), Петар Даиловски (Железарец), Еркан Сефери (Шкупи), Јакуп Рамадани (Арбен Бајрами), Џокица Арсовски (Стуттгартер, Германија);
– Не очекуваат два исклучително тешки натпревари против петтата најдобра селекција во светот. Хендикеп за нас е отсуството на еден од нашите најдобри играчи, Даниел Де Соуса, како и повредите на Крстевски и Ранготов. Исто така, поради Ковид протоколите тимот се комплетираше пред два дена, но се додека постојат шанси нема предавање и ќе се обидеме да направиме изненадување на овие два натпревари со што би ни се отворил патот за Европското првенство.
Како што ветив и минатиот пат, продолжува трендот на подмладување. На овој собир вклучивме тројца дебитанти за да ја почувствуваат атмосферата во националниот тим. Овие натпревари се голем притисок за Србија, освоија само бод, а беа посочени како топ фаворити во групата и можеби тука е нашата шанса за изненадување, изјави селекторот Васко Скендеровски.
-
Кичево2 дена
Важна информација од Кичевска Парохија
-
Случувања3 дена
(ВИДЕО) Страшни снимки од силниот земјотрес кој ја погоди Грција предмалку, истиот почуствуван и во делови од нашата држава
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за денес (5 март) петок
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за денес (4 март) четврток
-
Случувања2 дена
(ВИДЕО) Од низата снимки кои се појавија од земјторесот во Грција, на оваа се гледа морничавиот момент, бутикот се помести од своето земјиште
-
Занимливости2 дена
(ФОТО) За 8-ми март женски продукти на акција само во АТВА Маркети – Кичево
-
Македонија3 дена
Утре продолжува изведувањето на градежни работи на патот А2 Кичево-Охрид каде сообраќајот ќе биде со времен прекин
-
Свет1 ден
(ВИДЕО) Жителите во паника, на Нов Зеланд му се заканува „Цунами“ по земјотресот од 8,1 степен според Рихтер, во прилог снимки од серијата потреси..