Lifestyle
Дневен Хороскоп за вас | 13.02 Среда
Овен
Не е претерано поволен за вашето поле на работата. Потрудете се да на почнувате важни проекти денеска.
Можно е да доаѓа до мали проблеми во комуникацијата со личноста која сакате да ја освоите.
Внимавајте на штитната жлезда.
Бик
Ако можете, потрудете се да склопите партнерство со личноста која е родена во воден знак.
Посветени сте на својот партнер и уживате во љубовта. Денеска е одличен ден.
Можни се проблеми со видот. Проверете ја диоптријата.
Близнаци
Ако планирате патување, пред вас се позитивни околности. Сите работи ќе бидат подобри одошто очекувате.
Ситуацијата на полето на љубовта е хаотична. Можно е да ви се допаѓа личност за која не сте сигурни дали сакате да се впуштите во нешто повеќе.
Избегнувајте ги пороците.
Рак
Не очекувајте промени денеска. Работите ќе бидат бавни.
Можно е личноста на која и се додворувате да се предомислува во однос на вас.
Можни се проблеми со грчевите и мускулите.
Лав
Позитивниот став кој го заземате може да ви донесе многу добри резултати.
Имате впечаток дека саканата личност е неискрена. Ќе ви биде тешко да ги решите проблемите кои се јавуваат.
Вознемирени сте.
Девица
Пред вас е поволен ден за почнување нови проекти и промени.
Решавате да ставите крај на врската во која не сте среќни. Сакате да продолжите понатаму и да ја најдете љубовта на својот живот.
Проблеми со бубрезите.
Вага
Подгтовете се за некои отежнувања на полето на работата. Доста работи нема да бидат како што очекувате.
Можно е да немате доволно време да се посветите на својот партнер.
Пад на имунитетот.
Шкорпија
Очекувајте ден во кој ќе дојде до помали препреки и отежнувања на полето на работата. Не оди се така одлично.
Подгответе се за важен разговор со партнерот. Од тоа зависи вашата иднина.
Проблеми со видот.
Стрелец
Ве очекува мала загуба односно штета. Потрудете се ја го осигурате тоа што го имате.
Ако сте во врска или брак, ве очекуваат мали проблеми во текот на денешниот ден.
Болки во стомакот.
Јарец
Не е претерано поволен ден за нови договори. Потрудете се да ги одложите.
Пред вас е убава авантура.
Чувствителни бели дробови.
Водолија
Потребно ви е време да донесете исправна одлука на полето на работата. Сега не е момент за импулсивност.
Можно е саканата личност да ви замерува поради тоа што често сте зафатени.
Внимавајте на штитната жлезда.
Риби
Можно е да нема да добиете тоа што го очекувате на полето на работата.
Упорни сте во својата намера да ја освоите личноста која ви се допаѓа. Можеби ќе очекувате позитивни промени.
Можна е омалаксаност.
Lifestyle
Скокањето со јаже – едноставна навика што го продолжува животот

Скокањето со јаже е омилена детска активност, но експертите препорачуваат да ја вратиме во секојдневниот живот поради нејзините бројни здравствени придобивки. Според познатиот олимписки тренер за спринт, Стјуарт Мекмилан, оваа едноставна вежба може да биде дури и поефикасна од џогирањето.
Зошто скокањето со јаже е толку корисно?
Мекмилан, кој има тренирано повеќе од 70 олимпијци, објаснува дека прескокнувањето е совршена комбинација на аеробни и плиометриски вежби – експлозивни скокови кои развиваат брзина, координација и сила.
Во подкастот The Huberman Lab, тој ги истакна главните придобивки:
-
Зајакнување на срцето и белите дробови
-
Подобрување на координацијата и мозочната функција
-
Јакнење на мускулите и сврзното ткиво
-
Намалено оптоварување на зглобовите во споредба со интензивните вежби
„Следниот пат кога ќе трчате, пробајте да менувате – трчајте 30 секунди, а потоа прескокнувајте со јаже. Ќе почувствувате разлика веднаш“, вели Мекмилан.
Позитивно влијание врз држењето на телото
Д-р Ендрју Хуберман, водител на подкастот, ја сподели својата лична искуство: „Се чувствував фантастично! Моите колкови беа опуштени, држењето ми беше совршено, дури ми се чинеше дека сум повисок за еден инч.“
Научни докази за здравствените придобивки
Истражувањата, вклучително и студија од 2010 година, покажуваат дека динамичните вежби како скокањето со јаже го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и го подобруваат квалитетот на животот во подоцнежните години. Дополнително, оваа активност создава помало оптоварување на зглобовите во споредба со други интензивни тренинзи, што ја намалува можноста за повреди.
Само 10 минути дневно се доволни
Мекмилан препорачува скокањето со јаже дури и како побезбедна алтернатива за спринт, бидејќи помага во зачувување на брзината и експлозивноста што природно ја губиме со возраста. Според него, само 10 минути дневно се доволни за да ги активирате мускулите одговорни за брзи реакции и стабилност.
Извор: Index
Lifestyle
Како да заштедите на сметките за вода: 7 едноставни совети од експерти
Lifestyle
Како поместувањето на часовникот може да го подобри вашето здравје и расположение

Секоја година, кога ги поместуваме часовниците за еден час напред, се покренува истата дебата – дали оваа промена носи корист или само предизвикува замор и конфузија?
Иако многумина се жалат на недостаток на сон и потешки утра, ретко се зборува за позитивните аспекти на ова прилагодување. Летното сметање на времето носи бројни придобивки за здравјето, продуктивноста и расположението.
Повеќе дневна светлина значи подобар квалитет на живот
Подолгите денови овозможуваат повеќе време во природна светлина, што има позитивен ефект врз телото. Сончевата светлина го стимулира производството на серотонин – хормон кој го подобрува расположението и го намалува стресот. Помалку време под вештачко осветлување придонесува и за подобро здравје на очите.
Подобрен деноноќен ритам и полесно будење
Иако во првите неколку дена будењето може да биде потешко, со текот на времето, деноноќниот ритам станува подобро усогласен со природната светлина. Утрото станува посветло порано, што овозможува поприродно будење со изгрејсонцето, наместо со аларм во темнина. Ова ја намалува утринската поспаност и ја подобрува концентрацијата во текот на денот.
Помал ризик од сезонска депресија
Сезонското афективно растројство (SAD) е поврзано со недостаток на сончева светлина, а поместувањето на часовниците овозможува подолга изложеност на дневна светлина, што може да помогне во борбата против сезонската депресија. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои поминуваат повеќе време на сонце имаат постабилно расположение и повеќе енергија.
Повеќе физичка активност
Подолгите денови го поттикнуваат активниот начин на живот. Дополнителниот час на светлина често се користи за вечерни прошетки, возење велосипед или други активности на отворено. Ова позитивно влијае на физичкото здравје и целокупната кондиција.
Подобрена продуктивност и мотивација
Посветлите денови имаат позитивно влијание врз работната ефикасност. Повеќе сончева светлина во текот на денот го намалува заморот, го подобрува фокусот и го зголемува чувството на задоволство од работата. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои работат во простории со многу природна светлина имаат повисоки нивоа на енергија и помала потреба од попладневни дремки или вишок кафе.
Подобро регулирање на спиењето
Иако менувањето на часовникот може привремено да го наруши ритамот на спиење, телото со тек на време се прилагодува и тоа може да доведе до подобар ноќен одмор. Изложеноста на природна светлина во текот на денот придонесува за подобра регулација на сонот и подобро општо здравје.
Извор: Dnevnik
-
Хороскоп1 ден
Месечен Хороскоп (април)
-
Спорт2 дена
ФФМ упати експресно соопштение во врска со нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија
-
Македонија15 часа
МВР: Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Временска прогноза9 часа
Попоски: Влегуваме во период на температури во минус, студ и снег, невообичаено за месец април – ова се информациите
-
Македонија17 часа
Поскапуваат дизелот и бензинот, ова е новата цена од вечерва
-
Временска прогноза2 дена
Повторно доаѓа нова тура на обилни врнежи од дожд и невреме над Македонија
-
Хороскоп8 часа
Хороскоп за среда (2 април)
-
Скопје2 дена
(ВИДЕО) МВР: Санкциониран возачот кој управуваше возило по тротоар на Бит Пазар и ја загрози безбедноста на пешаците