Следете не

Занимливости

Хороскоп за денес (15.09) Сабота

Објавено пред

на

Овен

Пробајте да останете пасивни во своите намери. Не е дојден моментот да преземете нешто конкретно.

Некој ви дава сила и волја. Почитувајте ја личноста покрај себе. Оние кои се сами не треба да очајуваат, бидејќи конечно се појавува и соодветна личност за нив.

Одлично се чувствувате и денеска.

Бик

Имате огромно знаење, а конечно некој почнува да го цени тоа. Имате одличен став, задржете го.

Доколку забележите дека саканата личност е нефлексибилна, избегнувајте секакви конфликти. Ова е само период, кој брзо ќе помине.

Внимавајте на метаболизмот.

Близнаци

Една убава шанса ви избега и сега сте бесни поради тоа, но не влегувајте во конфликти со другите поради тоа.

Барате нова личност во вашиот живот, но таа никако да се појави. Бидете благодарни за убавите гестови од партнерот. Никој не е идеален, а ни вие самите.

Ви се поправа крвната слика.

Рак

Денеска ќе бидете благодарни за убавата соработка со некоја личност. Потрудете се да останете во добри односи со таа личност.

Сакате доминантни партнери, а еден Јарец е одличен избор за тоа.

Ве мачи несоница.

Лав

Не се оптоварувајте на работите кои сте ги пропуштиле, туку фокусирајте се на новите шанси. Полето на странство ви носи одлична соработка.

Парнерот никогаш нема да ви прости неверство. Бидете внимателни што правите ако се најдете во големо искушение.

Ве мачат главоболки.

Девица

Ве очекува ден полн со предизвици. Не дозволувајте да се нервирате поради ситници. Бидете доследни на своите обврски.

Наоружајте се со насмевки и не ги пропуштајте шансите за забава. Денеска ќе бидете во центарот на вниманието. Не дозволувајте ништо да се искомплицира.

Не претерувајте со слатките.

Вага

Не сте од оние кои ги чекате шансите. Сепак, забележувате дека имате сет на добри понуди кои се уште не сте ги реализирале.

Емоциите кои ги имате кон партнерот во голема мера се оправдани. Не влегувајте во беспотребни расправии со еден Рак.

Покачена температура.

Шкорпија

Посветете се на своето резиме и покажувајте го онаму кадешто сметате дека постојат добри шанси за успех.

Имате лош амбиент на полето на љубовта во кој се наоѓате веќе подолго време. На вас е да го поправите тоа.

Здравјето е добро.

Стрелец

Повремено ве мачи фактот дека сте многу нагли во некои потези кога станува збор за работата. Можете да дојдете во конфликт со колегите.

Во љубовта, имате свои ставови кои не сакате да ги промените. Ослободете се од стегите од порано. Имате добитна комбинација на љубовта, искористете ја.

Внимавајте на калоричната храна.

Јарец

Пробајте да останете фокусирани на тоа во што сте најдобри. Ви следат одлични работни потези, а со тоа и парични приливи.

Во љубовта чувствувате нешто посебно. Една Водолија ви се допаѓа многу, но се плашите.

Хроничните болни треба да се внимателни.

Водолија

Морате повеќе да се ангажирате на работа и да не очајувате премногу.

Имате потреба да го искажете тоа што го чувстуввате. Не сакате да заземате интровертен став, но сепак морате да почекате.

Имате проблеми со варењето.

Риби

Не го губете фокусот во работата. Оставате добар впечаток кај колегите, но малку сте расеани.

Партнерот ве почитува, а имате и на кого да се потпрете. Денеска ќе сте љубовно расположени.

Солидно здравје.

Занимливости

Неодолива супер „неделна“ акција на производи само во АТВА Маркети – Кичево

Објавено пред

на

Нова суперакција и попуст на следните производи која ќе трае до 06.10.2022 само во супермаркетите на АТВА во Кичево:

Прочитај повеќе...

Занимливости

Отворен оглас во АТВА Маркет на работна позиција „слаткар/ка“ за реномираниот супермаркет во близина на кичевската пожарна

Објавено пред

на

„АТВА Маркет“ распиша јавен оглас за работа во супермаркетот со локација во близина на кичевската пожарна. Потребно е работник или работничка на позиција „слаткар“. Сите информации ќе ги најдете во маркетот – за нашиот медиум истакнаа менаџментот.

Бидете дел од најдобрите, приклучете се во тимот на ланец маркети „АТВА“

Прочитај повеќе...

Занимливости

Интензивирана потрагата по знаци на „живот“ на Марс

Објавено пред

на

Потрагата по знаци на живот во Марс се интензивира, а роверот Perseverance веќе собра примероци кои содржат органска материја. Тој „живот“ секако не е некој вонземски град, но тоа не ја прави акцијата помалку возбудлива.

Сè почесто пристигнуваат необични вести од Марс, а најновите откритија укажуваат дека оваа планета некогаш изгледала сосема поинаку. Црвената планета денес е како голема пустина, што не било секогаш така – роверот Curiosity неодамна наиде на нови докази дека водата порано била изобилна (прочитајте повеќе за тоа овде). Тој направи видео во кое ги прикажува камењата составени од неколку слоеви. Експертите велат дека е многу веројатно да потекнува од античко корито на реката.

Веќе извесно време роверот Curiosity се движи околу областа Маунт Шарп, каде што реките и потоците некогаш депонирале разни седиментни материјали од кои настанале карпите. На помали височини има и јасни докази дека на Марс имало големи езера, што укажува дека планетата била топла и влажна.

Упорноста од друга страна бара индиции за минатиот живот на оваа планета. Фактот дека во примероците има органски материјали не е доказ сам по себе. Од јули, роверот „талка“ низ пресушената делта на реката во областа на Кратерското Езеро. Се претпоставува дека на тоа место имало езеро пред неколку милијарди години. Роверот успеал да земе четири примероци од речна почва, а научниците истакнуваат дека концентрацијата на органска материја во нив е најголема откако Perseverance ја започна својата мисија пред 18 месеци.

Се посочува дека е можно органските материјали да не се создадени од некој минат облик на живот, туку да се создале преку хемиски и геолошки процеси. Тоа не значи дека примероците не се важни, напротив – тие кријат одговори на многу прашања.

Извор: Futurism.com

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

На денешен ден5 часа

7 октомври – На денешен ден

1571.- Шпанската и венецијанската морнарица ја поразиле турската флота кај Лепанто во југозападна Грција. Во најголемата поморска битка по битката...

Хороскоп8 часа

Хороскоп за петок (7 октомври)

ОВЕН Сите напори кои ги вложувате за да успеете во некоја работа ќе бидат успешни. Ќе бидете понапред од вашите...

Временска прогноза10 часа

Попоски официјално истакна какво време ќе имаме во месец октомври

Септември не беше на наша страна и имавме постудено време отколку што очекувавме. Топлото време ни доаѓа во месец октомври,...

Автомобили11 часа

Порше стана највреден произведувач на автомобили во Европа

Порше денеска ја турна матичната компанија Фолксваген од тронот и стана највредниот производител на автомобили во Европа. Новокотираните акции на...

Култура18 часа

Денес се одбележуваат 79 години од најкрвавата битка кај с.Кленоец кичевско, додека на денешен ден загинал и Јосиф Јосифовски-Свештарот

Денес се одбележува 79 годишнината од една од најкрвавите битки во Втората светска војна што се одиграла во Македонија, наречена...

Кичево22 часа

DJ GOCE SAF @ Република 96250

Хип Хоп Сабота во Република 96250! Ви го претставуваме човекот кој е задолжен за најдобрите Хип Хоп забави на овие...

На денешен ден1 ден

6 октомври – На денешен ден

1014.- Почина императорот Самуило, кој во 976 година кренал востание против Рим (Византија) и ја основал Македонската империја. Неговата империја...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за четврток [6 октомври]

ОВЕН Не се откажувајте или согласувајте се на површни решенија. Продолжете да барате сè додека не најдете одговори или методи...

Македонија1 ден

Серија поскапувања на Дизелот, вечерва со нова покачена цена за литар, додека бензините остануваат непроменети

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се зголемува за 2,00 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство...

Македонија1 ден

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против скопјанец, се сомничи дека употребил лажни пари при купување земјоделски производ

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против О.И.(39) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“....

НАЈЧИТАНИ