Занимливости
Понеделнички Хороскоп (18.6)
Овен (21.03-20.04)
Заборавете на ветувањето кое сте и го дале на некоја ваша блиска личност, бидејќи не ќе бидете во состојба да го исполните. На работното место ќе се соочите со препреки. Најдете подобро решение за проблемот. Финансиите ви се одлични но внимавајте, бидејќи трошите без контрола. Во љубовниот живот ве очекуваат новини кои се добре дојдени за вас во моментот. Здравје: внимавајте од вируси.
Бик (21.04 – 21.05)
Потребно е да вложувате многу труд за правилно и навремено извршување на работните задачи и воопшто за постигнување на некој успех. Комуникативноста денес ќе ви биде одлична , но тоа не значи дека треба да се впуштите во решавање на проблемите поврзани со склучување на договори. Во љубовниот живот ќе морте да го расчистите лошиот однос со партнерот. Бидете директни. Здравје: просено.
Близнаци (21.05 – 22.06)
Правилно ќе ја прецените моменталната ситуација на работното место но ќе заборавите на некои помали делови кои се доста важни. Ќе ви помогне ваш стар пријател или колега и ќе направи работата да биде спасена. Преоптоварени сте со деловни обврски и немате доволно време за приватниот живот. Морате нешто да превземете околу тоа прашање, зошто на крај можеби ќе бидете напуштени. Здравје: замор.
Одличен ден за работа. Со поамбициозните работи сте на прав пат па затоа ќе имате напредок. Односите со соработниците и претпоставените се задоволителни, а финансиската состојба ви задава грижи. Во приватниот живот ќе имате многу среќен ден. Ќе бидете привлечни за личностите од спротивниот пол. Здраствената состојба ви е чуствителна, имунитетот опаднат-внимавајте од настинки.
Лав (23.07 – 22.08)
Со причина ќе бидете загрижени за понатамошниот развој на случувањата врзани со работното место. Моменталните случувања се доста сериозни, но секако дека вие не сте единствени кои се соочувате со проблемот. До вас се вашите колеги кои ќе ви помогнат да ја пребродите моменталната ситуација. Што се однесува до љубовта, расправиите кои ќе ги имате со вашиот партнер се доста негативни за врската. Здравје: добро.
Девица (23.08 – 22.09)
Вашите комуникации се одлични, но истовремено ќе се појават некои проблеми кои највероватно ќе бидат поврзани со некој подолготраен проблем во вашиот живот. Тие проблеми ќе бидат се понагласени, а паралелно со тоа ситуацијата во деловните односи ќе се подобруваат. Над сетоа тоа ќе бидете немирни и, незадоволни и склони кон расправи, но околината ќе биде толерантна спрема вашите провокации.
Вага (23.09 – 22.10)
Работните задачи воопшто нема да ви претставуваат проблем, ги извршувате со големо задоволство и елан. Ви се закануваат финансиски неприлики, па најдобро би било да бидете внимателни во трошењето. Бидете трпеливи ситуацијата ќе се подобри. Не ви се добро аспектирани работите со странство, па затоа не би требало да превземате ништо. Љубовниот љивот ви е стабилен и ве прави среќни. Здравје: многу добро.
Скорпија (23.10-21.11)
Најзначајно за вас денес е искористувањето на вашите ментални потенцијали. Ќе бидете постојано исполнети со прогресивни идеи, кои ќе наидат на одличен прием, било каде да ги презентирате. Начинот на кој тоа го правите е професионален и оставате силен впечаток кај сите ваши слушатели, кои нетрпеливо исчекуваат што ќе кажете. Родените од првата декада ќе размислуваат за важна одлука во врска со љубовта.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Ви се зголемува опасноста од кавги што ќе го ограничи вашето делување. Нема да имате енергија, ќе бидете раздразливи и најчесто лошо насочени. Вашите проекти можат да се изјаловат, бидејќи нешто сосема грешно сте направиле. Не е време за започнување на нови работи иако во моментот имате и некои добри показатели. Во приватниот живот ситуацијата е средна, но со тенденција на подобрување.
Јарец (22.12 – 20.01)
Ситуацијате ви се подобрува. Ќе бидете ведри ќе наидувате на многу задоволства и дружење. Ова е добар ден за склопување на нови пријателства како и за друштвениот живот кој не мора да биде диригиран од деловните интересеи, но во иднина може да се покаже и работно корисен. Во сите парични работи потребно е внимание. И воопшто во се друго треба да бидете внимателни но тоа е однсувањето кое одговара на вашата природа.
Водолија (21.01 – 19.02)
Ќе имате многу сила за да можете да ги совладате препреките. Ќе бидете помалку раздразливи, па опасноста од расправии со околината ќе биде се помала. Најдобро ви е аспектирана упорната работа. Имате изгледи да ја стабилизирате вашата ситуација, но за тоа ќе морате да посветите многу енергија. Не ви препорачуваме никакви импровизации. Во љубовните врски владее нетолерантност која може да биде опасна за стабилноста на врската.
Риби (20.02 – 20.03)
Вашата самодоверба се зголемува како и угледот во очите на луѓето со кои морате да соработувате така што вашата положба значително ќе се подобри. Во секој случај работите ќе се одвиваат онака како што планирате. Што се однесува до љубовта, ќе биде присутна љубомората, а недостатокот на слободно време со вашиот партнер ќе ви прави проблеми. Потрудете се повеќе околу партнерот и не дозволувајте да се појавува сумничавост.
YouTube Live Stream
„Bitcoin“ ги премина сите бариери, нова шок вредност денеска..
Биткоинот ја проби границата од 98.000 долари вчера, поставувајќи нов рекорд, додека инвеститорите продолжуваат да ја слават победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, обложувајќи се дека тоа ќе донесе добар период за индустријата за криптовалути.
Најпопуларната криптовалута во светот се зголеми за уште четири отсто на 98.342 долари, објави Блумберг. Цената на биткоинот порасна за 40 отсто од изборите на 5 ноември, соборувајќи низа нови рекорди, пишува Financial Times.
За време на неговата кампања, Трамп гласно промовираше криптовалути, ветувајќи дека ќе ја направи Америка „биткоин суперсила на светот“ и ќе создаде „стратешка резерва“ на овој токен.
Неговата реторика ги возбуди инвеститорите кои се обложуваат на прилив на институционален капитал во секторот на криптовалути.
Биткоинот надмина 94.000 долари претходно оваа недела по извештаите дека компанијата на новоизбраниот американски претседател, Trump Media and Technology Group, преговара за купување на фирмата за трговија со криптовалути Bakkt. Оваа вест дополнително ги поттикна очекувањата за пријателскиот однос на идната администрација на Трамп кон криптовалутите.
/biznis.rs
Занимливости
Астрономите очекуваат експлозија на ѕвезда која се случува еднаш на 80 години
Деновиве, најголемите научници од сите вселенски агенции гледаат во темната точка што го чека ударот – ерупцијата на ѕвездата T Coronae Borealis. T The Northern Crown е систем со две ѕвезди на 3.000 светлосни години од Земјата со бела мртва ѕвезда која го краде притисокот и топлината од блиската древна ѕвезда – црвен џин.
Овој трансфер на енергија на крајот ќе предизвика термонуклеарна експлозија што се случува на секои 80 години, каде што помладата ѕвезда „нова“ ќе стане видлива со голо око една или две недели пред повторно да се затемни.
Ако се прашувате како една ѕвезда може да експлодира на секои 80 години, науката има одговор. Имено, оваа ерупција или експлозија не е како супернова, односно ѕвездата не „умира“. Таа веќе мртва, џуџеста ѕвезда останува недопрена по ерупцијата, а потоа циклусот продолжува и се повторува.
– „Тоа е настан кој се случува еднаш во животот кој ќе создаде многу нови астрономи, давајќи им на младите луѓе космички настан што ќе можат сами да го набљудуваат, да поставуваат прашања и да собираат свои податоци“, рече д-р Ребека Хаунсел, Њу на НАСА. Специјалист за настани во Центарот за вселенски летови Годард.
Во 1946 година, ѕвездата накратко се затемни неколку месеци пред да еруптира. Во 2023 година, невладината организација Американска асоцијација на набљудувачи на променливи ѕвезди (AAVSO) објави дека експлозија може да се случи во секое време.
Астрономите на НАСА процениле дека експлозијата би можела да се случи до септември 2024 година, но нема податоци дека се случила. Среќа да ја снимат оваа историска ерупција ќе имаат вселенскиот телескоп „Ферми Гама“, кој моментално се наоѓа во ниската орбита на Земјата, како и телескопот ИНТЕГРАЛ на Европската вселенска агенција.
Во оваа прилика, астрономите ќе можат да го проучуваат овој тип на ѕвездена експлозија од неколку различни агли.
Оваа експлозија се случува релативно блиску до Земјата, па така научниците ќе можат да ги проучуваат брановите должини и на тој начин да собираат податоци и подобро да ги разберат процесите за време на таквите настани.
„Едвај чекаме да добиеме целосна слика за тоа што се случува“, вели Елизабет Хејс, научник од НАСА.
Извор: 021.rs
Занимливости
Дали знаевте за мега-калкулаторот кој е практично компјутер?
TI-84 Plus е десетгодишен дигитрон кој има монопол на образовниот пазар. Овој конкретен уред доби ново ажурирање. ChromaLock го трансформираше овој уред во моќна алатка со пристап до Интернет, интеграција на ChatGPT и други напредни функции.
Модификацијата, Ti-32, воведува способност далеку од првичниот концепт на дигитрон и предизвикува загриженост за неговата потенцијална употреба во „академско мамење“.
Новиот дигитрон има можност за поврзување со други уреди преку Wi-Fi мрежа. Ова им овозможува на корисниците дискретно да пристапат до ChatGPT и да внесуваат сложени математички проблеми, да пребаруваат на Интернет и да комуницираат со други корисници.
ChromaLock го направи овој дигитрон комерцијално достапен, но нагласи дека нема желба да промовира „академско мамење“. Бидејќи самиот уред изгледа исто како обичен дигитален компјутер, никој нема да може да провери што навистина прави ученикот. Овој дигитрон е сон на секој „измамник на испити“.
Извор: tribune.com
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (21 ноември)
-
Фчерашни новости9 часа
Хороскоп за петок (22 ноември)
-
Кичево15 часа
Во пресрет на новогодишните празници „Intellect Education“ од Кичево организира „Новогодишна магична работилница“ – каде со креативноста на вашите деца ќе создаваат производи
-
Временска прогноза1 ден
Нашиот регион пред циклон од врнежи од дожд и заладување
-
Култура1 ден
Денеска е Св.Архангел Михаил, на помош празникот на војводата на сите ангели!
-
Спорт11 часа
Грујоски главен во Струмица, Ставрев ќе суди во Скопје – ова се судиите кои ќе ја делат правдата во 15-то коло во првата македонска фудбалска лига в недела
-
Временска прогноза12 часа
Од утре нашиот регион ќе биде под дождлив бран уште од претпладне, додека истиот ќе се проширува и во вечерните часови – ова се најновите метео информации
-
Автомобили2 дена
Истражување: Возачите најзадоволни од овие автомобилски брендови