Забава Хороскоп

21.07.2018 Сабота | Вашиот дневен хороскоп

Овен

Работа – Свесни сте за тоа колку многу се вложувате во работата, имате јасен став и сигурни сте во себе. Но, денес – одморете малку.

Љубов –Ве гризе совест за тоа колку малку време му посветувате на својот партнер. Се трудите да воспоставите баланс меѓу работата и љубовта, но ви оди потешко.   

Здравје – Проблеми за хронично болните.

Бик

Работа – На работа ви е особено добро, особено кога ќе се внесете во работа и ќе заборавите на се околу себе.  

Љубов – Партнер кој е роден во знакот Шкорпија или Јарец, ви одговара во голема мера. Не ги туркајте далеку од себе.   

Здравје – Силен стрес.

Близнаци

Работа – Можеби треба да кренете „рачна“ и да уживате во денот.  

Љубов – Не ги сфаќајте сите работи на негативен начин. Бидете отворени кон саканата личност која ви дава поддршка.   

Здравје – Внимавајте на сончевите зраци.

Рак

Работа – Имате сработено многу работа за кратко време. Ви треба одмор. Искористете го овој ден за тоа.  

Љубов – Не сте сами и тоа ви претставува најолемо задоволство. Испланирајте го одморот.

Здравје – Проблеми со стомакот.  

Лав

Работа – Доколку сте позитивно поставени на работното место, воопшто немате причини за грижа. Ќе дојде до измена на планот, но тоа ќе ви одговара. Ќе бидете ценети.

Љубов – Досега не обрнувавте внимание на некои детали, но тие ја прават вистинската слика. Обрнете внимание.

Здравје – Проблеми со дишењето.

Девица

Работа  – Полето на работа ви е денеска нагласено иако е сабота. Имате поддршка од колегите, но тие не сакаат да работат постојано како вас. Сфатете го тоа.  

Љубов – Нагласена ви е емоционалната страна, но на негативен начин. Нешто не ви одговара, но се мачите тоа да го споделите.   

Здравје – Одморете.  

Вага

Работа – Се занимавате со работа која не ви се допаѓа и немате мотив да правите повеќе работи за поголема заработка. Повлечете се од играта ако тоа не ви е по мерак.

Љубов – Ако сте во врска со еден Рак или Овен, не влагајте во расправии кои нема да ви донесат ништо добро.  

Здравје – Движете се повеќе.  

Шкорпија

Работа – Иако е сабота, некој ќе се труди да ве подготви за неочекувани работи. Морате да бидете јасни и прецизни и цврсто да застанете на својот став.   

Љубов – Не морате да го нарушувате сопствениот интегрирет кога станува збор за личноста со која сте. Уживајте во слободата која ви е потребна и не барајте дозвола за тоа.   

Здравје – Избегнувајте тешка храна.  

Стрелец

Работа – Обидот да бидете отворени и директни ви носи проблеми. Внимавајте на комуникацијата со колегите и надредените.   

Љубов – Често мислите на една личност, но сметате дека тоа брзо ќе помине. Но, не поминува…  

Здравје – Покачен холестерол.   

Јарец

Работа – Малку сте растргнати кога станува збор за работата што ве става во неповолна положба. Искористете го периодот што е пред вас.   

Љубов  – Не очајувајте ако сте сами, бидејќи можно е да почне да ви се додворува личност која секогаш сте ја сметале за пријател.   

Здравје – Без тегоби.

Водолија

Работа – Сакате да се одморите од работата и да отпатувате подалеку. Ако ви се укаже прилика, не очајувајте.   

Љубов – Кога се во прашање емоциите, мислите на некоја личност од минатото. Таа личност е повторно тука околу вас и размислувате што да направите. Послушајте ја интуицијата.   

Здравје – Јадете поздрава храна.

Риби

Работа – Имавте полош период во однос на работата, но тоа поминува. Сепак, ја чувствувате финансиската криза и потребна ви е добра стратегија.

Љубов –Сакате во ред да ги доведете своите емоции и да се потпрете на личноста која ви е драга. Тоа може да е една Девица.

Здравје – Солидно.