Занимливости
Дневен Хороскоп (29.8) Среда

Овен
На работа не сте сами, иако мислите така. Можеби ви треба мало освежување на кое не сте обрнувале внимание досега.
Во љубовта, некој ве набљудува некое време. Партнерот е љубоморен, внимавајте што правите и зборувате.
Денеска ќе се соочите со тензија.
Бик
Премногу одговорно се поставувате кон соработниците, но не треба да е така. Бидете потаинствени.
Во љубовта, ако сте во брак ве очекува многу нехармоничен ден. По некои прашања, не се сложувате со партнерот.
Проверете ја работата на штитните жлезди.
Близнaци
Решавате многу проблеми на работа, па сега ви остануваат ситниците. Ако сте мислеле дека имате поддршка од колегите, се лажете.
Во љубовта, емоциите кои ги имате кон една личност која ја сакате веќе подолго, денеска ќе дојдат до израз. Некои ќе го ценат тоа.
Се чувствувате одлично.
Рак
Вие сте од оние кои нема да се откажат од својата цел и кои ќе успеат во тоа што го прават. Честитајте си себеси.
Полни сте со љубов, а Венера можно е да ви донесе нов партнер. Во суштина, ова е солиден ден за љубов.
Чувствувате голем притисок.
Лав
Можете да бидете успешни на полето на финансии, но само ако си ги завршите започнатите работи. Не е се така лошо кога ќе се земе предвид вашата упорност.
Ве мачат некои работи од минатото и не се чувствувате добро.
Денот е карактеристичен по лошото расположение.
Девица
Би сакале да сте поуспешни, но не сте во можност да го бирате тоа моментално. Бидете фокусирани на промената која ви е потребна.
Не сте во можност ништо да постигнете на полето на љубовта, но вреди да почекате.
Занимавајте се со спорт.
Вага
Премногу се вложувате на полето на работата и некој ве искористува. Денес сте спремни за поголема промена од вообичаено.
Партнерот се однесува како да ви врти грб, но не очајувајте. Се чувствува доза на скептицизам кај вас во однос на врската, но не сакате да ви биде повредено егото.
Пијте витамини.
Шкорпија
Сакате да работите, па макар и за помала заработувачка. Бидете отворени кон промени.
Една личност родена во знакот Бик е присутна во вашето окружување.
Зголемена тензија.
Стрелец
Покажувате интерес за некое патување и нема да се двоумите ако добиете понуда за тоа. Бидете сконцентрирани на своите обврски.
Една Шкорпија ви се допаѓа и се што е потребно е да се поставите отворено.
Солидно здравје, денеска.
Јарец
Не можете да покажете ентузијазам во работата бидејќи сте многу уморни. Не е се во парите, но вие не го сфаќате тоа. Сакате подобри услови.
Една личност родена во знакот Риби е заинтересирана за вас, но не и обрнувате внимание.
Проблеми со забите.
Водолија
Ако работата бара голема жртва од вас денес, ве очекува комплицирана ситуација. Бидете одговорни.
Сакате да излезете и да се опуштите во пријатно друштво. Следете го своето срце кога станува збор за љубовта.
Се чувствувате добро. на
Риби
Денес некој ќе преземе еден голем дел од вашите заслуги. Проширете ги своите видици и не напаѓајте ако не сте сигурни.
Многу барате од една личност родена во знакот Девица. Намалете ги очекувањата.
Медитирајте.
Занимливости
Генијален „стар“ трик за белеење заби

Белеењето на забите е постапка која постојано треба да ја повторувате, а тоа не е толку евтино доколку често го посетувате стоматологот.
Затоа пробајте ја методата за белеење на забите во домот. Потребни ви се само паста, сода бикарбона и фолија.
Смесата од паста помешана со сода нанесете ја на парче алуминиумска фолија, ставете ја на забите и притиснете за фолијата добро да се залепи на забите. Оставете ја така да отстои неколку минути и отстранете ја фолијата и добро исчеткајте ги забите.
Потоа погледнете се во огледалото!
Бидете подготвени за изненадување, бидејќи забите драстично ќе ја промнат бојата. Ако имате тврдокорни наслаги постапката повторувајте ја два пати неделно.
/denar.mk
Занимливости
(ВИДЕО) Џиновски делови од 22-тонската погонска ракета биле пронајдени во близина на брегот на Филипините

Парчиња од кинеската ракета Long March 5B, која вчера неконтролирано падна на Земјата, изгледа дека завршиле во Борнео. Иако погонската етапа на ракетата, тешка повеќе од 22 тони, падна на Земјата во текот на викендот, нејзината точна локација не беше позната. Кинеските експерти го поставија местото на несреќата во близина на брегот на Филипините.
Сепак, локалните медиуми во Борнео тврдат дека остатоците од ракетата завршиле и на тој остров. За среќа паднале на земјоделски ниви и нема повредени.
Астрономот Џонатан Мекдауел, кој го следи движењето на вселенските објекти, забележал дека остатоците паднале многу блиску до селата и куќите.
– „Сто метри лево или десно и можеше да биде сосема поинаква приказна“, истакна Мекдауел.
Кина вчера објави дека проектилот паднал во морето кај Филипините. Меѓутоа, додека минувал низ атмосферата, остатоците кои паѓаат од него би можеле да завршат во голем радиус.
Видео од остатоците може да погледнете ТУКА
/rts.rs
Занимливости
Во 2022 година исчезнаа 80.000 Bitcoin милионери

Инвеститорите кои го постигнаа својот статус на милионери благодарение на високата цена на водечката криптовалута, веќе не се милионери, барем повеќето од нив. Драстичниот пад на цената на криптовалутите, главно најпопуларни од сите, значи дека над 80.000 луѓе повеќе не се милионери.
Bitcoin милионери
Пред 9 месеци, поточно на 12 ноември 2021 година, неколку дена откако Bitcoin достигна рекордно високо ниво од 69.000 долари, скоро 109.000 биткоин паричници чуваа повеќе од 1 милион долари во криптовалута Bitcoin.
Денес, кога цената на 1 Bitcoin се бори да го задржи својот нос над 20.000 долари, само 26.284 паричници можат да кажат дека имаат повеќе од 1 милион долари во криптовалута Bitcoin , што значи дека бројот на милионери BTC е намален за над 75 отсто во последните 9 месеци.
Драматичниот пад на вредноста на криптовалутите доведе и до намалување на бројот на „крипто китови“, сопственици на паричници кои имаат повеќе од 10 милиони долари на својата сметка. Бројот на такви корисници падна од 10.587 паричници на 4.342, што е пад од речиси 60 проценти.
И покрај падот на вредноста на целиот крипто-пазар, се појавија над 13.000 нови паричници кои имаат најмалку еден BTC во нивниот дигитален џеб.
Сегашната состојба на пад на цените е комбинација од сложени настани кои имаа негативно влијание врз криптовалутите. Тука мислиме на регулативите на Федералните резерви на САД, геополитичката нестабилност, зголемената инфлација и кредитните стапки. За жал, без вистинска стабилност на финансиските пазари ширум светот, се чини дека цената на Bitcoin и другите криптовалути ќе продолжи да страда уште некое време.
-
Кичево2 дена
(ВИДЕО) Суспектниот кичевчанец на мајмунски сипаници денес бил тестиран, неговите резултати ќе се објават во текот на вечерта
-
Хороскоп1 ден
Викенд Хороскоп -(сабота 13 август)-
-
Македонија1 ден
Заврши испитувањето на брисот земен од кичевчанецот по сомнежот дека имал „Мајмунски сипаници“
-
Хороскоп10 часа
Дневен Хороскоп (14 август) – недела
-
Lifestyle1 ден
(ВИДЕО) Теа Таировиќ се оправда и распали со нашата „Македонско девојче“ – нема поубаво од Македонче!
-
Lifestyle7 часа
(ВИДЕО) Лозано: Дома си е дома, „Ја излези Ѓурѓо“ од многу грла во еден глас ❤️ Кичево!
-
Временска прогноза20 часа
Поизразено невреме проследено со интензивен пороен дожд – ова се најновите метео информации
-
Македонија19 часа
СВР Охрид со активности на г.п. Ќафасан – „На пат секогаш тргнувај одморен“