Следете не

Култура

Христос се роди! Навистина се роди! Празникот на љубовта и единството „БОЖИК“

Објавено пред

на

Христово рождество е исполнување на сите човечки копнежи, пророштва и очекувања, реализирање на севкупната и неуништлива жед на човекот кон доброто.

„Христос се роди!“ – „Навистина се роди!“

Со овие зборови православните верници денес си го честитаат празникот Божиќ, раѓањето на синот божји, Исус Христос.

Ова се денови кога се најпотребни мир и спокојство меѓу луѓето. Единство кај македонскиот народ и меѓу Македонците што живеат надвор од државава. Христос да биде единствената смисла на нашиот живот, да го љубиме секого како самите себе, да го почитуваме човечкото достоинство и правото на живот, на слобода и на име.

Божиќ или Божик е денот на христовото раѓање според христијанската традиција. Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден. Црквите кои го користат Грегоријанскиот календар, вклучувајќи ги сите католички, протестантски и повеќето православни цркви, го прославуваат на 25 декември. Црквите кои го користат Јулијанскиот календар, вклучувајќи ја и Македонската православна црква, го прославуваат Божиќ на 7 јануари. Со вечерата на денот пред Божиќ (Бадник) завршуваат предбожиќните пости.

Во повеќето земји во светот со значителен дел на христијанско население, вклучувајќи ја и Република Македонија, Божиќ е празник и неработен ден.

Култура

(ФОТО) Во кичевското ЦОУ „Христо Узунов“ реализирана работилница со дечиња под наслов „Позитивна комуникација“

Објавено пред

на

ФОТО: ЦОУ Христо Узунов/Социјални мрежи

Овој месец стручната служба во ЦОУ „Христо Узунов“ во кичевското с.Другово со учениците од VII одделение заедно со вработените во установата, психологот Јасмина Дејаноска и дефектологот Цвете Наќеска ја реализираа работилницата под наслов „Позитивна комуникација“ – Самоосознавање и спознавање на другите, a во рамки на проектот: Зачувување на нашето Ментално здравје.

– Психолошката поддршка е многу важна во секој период од нашиот живот, доколку наидеме на некакви проблеми. Затоа превенцијата е еден од клучните моменти да спречиме одредено расплинување на одредена проблематика.

Проектот Ментално здравје преку реализација на работилниците ни нуди можност на учениците да им укажеме како да се справуваат на училиште и општо во секојдневниот живот со различните ситуации, за јавноста истакнаа од училиштето.

Прочитај повеќе...

Култура

Денес е „Младенци“, честит именден и честит брак на тие што стапиле и се нови брачни парови

Објавено пред

на

©porta.mk

Празникот на пролетта – 22 март, поради големата трагедија во Кочани, тој во нашата држава е во денови на жалост, додека младите брачни парови години наназад го празнуваат како свој ден, како ден на младоста, љубовта и убавината. На овој ден, Светата православна црква го празнува споменот на четириесетте вojници од Севастија кои мaaчeничkи зaгинaлa за христовата вера.

Именден тогаш празнуваат: Младен, Младенка…

Христијански обичај е во првата година од својот брак на 22 март младите да слават Младенци. На тој ден, во црква се носат свеќите од венчавката за да се дoгopaт.

Навечер обично доаѓаат најблиските за да честитаат. Во некои краишта на денешен ден се оди на гости и во семејствата кои имаат новороденче.

Житијата за Светите четириесет мaчeници како и повеќето народни преданија за нив меѓусебно малку се разликуват, но во сите се зборува дека четириесетте вojници од Севастија мaчeничkи зaгинaлe не откажувајќи се од христијанската вера. Во 320 година четириесет војници од еден полк во Севастија је одбиле наредбата да се пokлонат пред римските идoли и да им принесат жpтви. Кога изјавиле дека тоа го прават бидејќи веруваат во Исуса Христа најпрвин биле повикани кај градоначалникот и биле убедувани да се откажат од христијанството и да му се вратат на идолопоклонcтвoтo, а кога тоа го одбиле биле затвopени, мaчeни и изведени пред cyд. Биле ocyдени цела ноќ да стојат во вода што cмpзнyва. Во близината имало бања со топла вода, а на војниците им било речено дека ако некој се предомисли и се откаже од Исуса Христа да појде во бањата каде што го чекаат топла вода и вкусни гозби. Но момчињата храбро ги издржувале стpaдањата, молејќи се на Исуса и меѓусебно храбрејќи се. Само еден од нив не можејќи да издржи во водата што cмрзнyвала тајно го напуштил базенот и се упатил кон бањата, но на самиот влез во неа починал.

Ноќта сите стражари заспале, само еден останал буден. Во еден момент тој забележал светли венци над главите на вojниците и бидејќи бил христијанин веднаш влегол во водата молејќи го Бога и нему да му даде таков венец. И навистина набргу над сопствената глава забележал ист таков венец. Утрото измpзнaтите вojници ги натовариле на кола и ги одвеле надвор од градот каде што ги зaпaлилe.

Честит именден и за многу години да е, честит брак и на тие што стапиле и се нови брачни парови!

Прочитај повеќе...

Култура

Чистиот Понеделник – почеток на „Четириесетдневната пролет“ на покајанието

Објавено пред

на

©bigorski.org.mk

Влеговме во светата и блажена Велика Четириесетница, во ова духовно патување што ни е дадено како лек за нашата душа, како можност за обновување, како враќање кон светлината Божествена. Бигорската Обител денеска е озарена од мистичната атмосфера на Чистиот Понеделник, денот кога зачекоруваме на патот на очистувањето, на покајанието, на преобразувањето во Христовата милост.

Во ова прво пустинско деноноќие, кога срцето веќе ја вкусува сладоста на подвижничкиот подвиг, во Манастирот тивко се разлева звукот на долгочасовните богослужби, кои како поток на благодатта течат во душите на оние што пристапуваат кон постот со ревност и со љубов. Гласовите на браќата се издигнуваат во псалмопеења, во пророчки читања, во светоотечки посланија; сè сведочи за светата тајна на покајанието, кое не е ништо друго, туку враќање во домот на Отецот небесен.

„Дојдете луѓе, дарот на постот денес да го примиме, како од Бога дарувано време за покајание, и во него Спасителот да Го смилостивиме“.

Особено трогателен е Великиот Покаен Канон на Свети Андреј Критски – таа молитвена исповед, што го наведува срцето на самопрегледување, на покајнички плач, на длабока внатрешна потресеност. Нашиот возљубен Старец, Епископот Антаниски г. Партениј, ги читаше неговите чудесно вдахновени стихови со посебно умиление, со глас полн со сериозност и љубов, со глас што го повикува секој присутен да се соочи со својата душа, да се сретне со себе самиот, да ги согледа сопствените слабости, но и да положи надеж во бездната на милосрдието Божјо.

„Душо моја, душо моја, стани, зошто спиеш? Крајот се приближува и ќе се смутиш. Разбуди се, за да се смилува Христос Бог, Кој е насекаде и сè исполнува“.

Во овој ден на исихија и молитва, во квечерината што го покрива светот, од светите сводови на Манастирот се издигнаа и првите песнопенија на Великото Повечерие.

„Со нас е Бог! Разберете, народи, и покорете се, зашто со нас е Бог!“

Чистиот Понеделник е дар. Тој е почеток на патувањето кон Пасхата, кон Воскресението. Не како некоја надворешна дисциплина, не како обична жртва, туку како откровение за тоа кои сме, каде сме и каде треба да одиме. Затоа, овој пост да не биде само воздржување од храна, туку отворање на срцето за дејствително покајание, за прошка, за добрина, за љубов.

„Да постиме со пост пријатен, благоугоден на Господа, а вистински пост е: бегање од злото, воздржување на јазикот, отфрлање на гневот, на похотите, на озборувањето, на лагата, на прекршување на дадено ветување. Ако овие нешта ги оставите, постот е вистински и благопријатен“.

„На покајанието отвори ми двери, Жизнодавче, зашто утренува духот мој кон светиот храм Твој, храмот носејќи го телесен сиот осквернавен; но, како сожалив очисти ме, според благоутробната Ти милост!“ – повикува душата. А Бог, со неискажлива милост, ни ги отвора тие двери. Нè чека. Нè повикува. Да не Го оставаме да чека, истакна Бигорскиот Манастир, повеќе фотографии прегледајте на официјалниот линк ТУКА

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Скопје5 минути

И за утре најавен посебен сообраќаен режим во Скопје поради протест во централното градско подрачје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре (29.03.2025) со почеток од 11.00 часот поради одржување на протест пред Собрание на...

Македонија10 минути

Кривична пријава против полициски службеник од Свети Николе, упатувал закани на командир на полициска станица

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до надлежното Основно јавно обвинителство Свети...

Македонија12 минути

Расчистено кривично дело изнуда во Прилеп, поднесена кривична пријава против три лица и определен им е притвор

На 26.03.2025 во 20.40 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Р.Р.(53) од Прилеп поради...

Магазин16 минути

„Евротип“ на вработени од Кичево, Битола, Прилеп и Кавадарци им додели награди по повод нивниот 10 годишен работен јубилеј

„Евротип“ компанијата која успешно опстојува на пазарот веќе 10 години и е дел од „КС Групацијата“ започна со доделување на...

Кичево4 часа

Вечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево ќе се одржи детската претстава „Рибарот и златната рипка“

Ве известуваме за радост на нашите најмили и најмали во организација на кичевскиот Хор „Митрополит Козма Пречистански“ организира популарна детска...

Спорт6 часа

Омерагиќ: „Додека сум јас претседател на ФФМ, нема да има поделби по етничка припадност во фудбалот“

Додека сум јас претседател на ФФМ нема да има поделби во фудбалот на македонци, албанци, турци, поделба по етничка припадност...

Скопје6 часа

Лишени од слобода двајца возачи кои со возила удрија пешаци во Скопје, возилата одземени

Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.С.(45) од Скопје, затоа што на 27.03.2025  околу 21.50 часот во...

Македонија7 часа

Викендов започнува летното сметање на времето, стрелките од часовниците се поместуваат еден час понапред

Претстојниот викенд започнува летното сметање на времето во сите евромски земји и кај нас. Тоа значи дека стрелките на часовникот...

Скопје16 часа

Утрово посебен сообраќаен режим на магистралниот пат ГП Блаце – Скопје, поради извлекување на претходно излетано товарно возило од патот

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утрово (28.03.2025) во периодот од 05.00 до 07.00 часот на магистралниот пат...

Хороскоп16 часа

Хороскоп за петок (28 март)

ОВЕН За сите личности родени во овој знак кои се занимаваат со приватен бизнис, денешниот ден значи можност за остварување...

НАЈЧИТАНИ