Скопје
Хулиганска работа: Ги запалија палмите во дворот на клиниката од Жан Митрев (ВИДЕО)

Четири момчиња минувајќи во саботата вечерта пред дворот од клиниката на доктор Жан Митрев запалија една од палмите кои се посадени во рамки на хортикултурното и партерно уредување на дворното место. Во вториот наврат, ноќеска вторник спроти среда, стигнувајќи со сино возило и со маица како маскирна заштита, уште едни хулигани запалија друга палма на истото место.
https://youtu.be/bNDvPphRzhQ
Скопје
65 возачи од Скопје ја пречекориле брзината на движење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (31.07.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 136 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 65 санкции, 16 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, 14 санкции за возење без возачка дозвола.
Изречени се седум мерки за нерегистрирани возила, шест санкции за возење под дејство на алкохол, пет мерки за возач почетник, три санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз…
Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, известуваат од СВР Скопје
Скопје
(ВИДЕО) Во Ѓорче грми мега хуманитарен спектакл „На Зајди Сонце“ во чест на Марија Михајловска

Во моментов нашата екипа присуствува на Меморијалниот годишен настан во чест на прерано починатата, почитувана Марија Михајловска, која за жал ја загуби најважната битка пред шест години.
Организацијата ја предводат блиски пријатели веќе втора година по ред и гламурозен организираат настан во нејзина чест. 🎶
Како што истакнуваат Марија беше љубител на моторите, музиката, пишаниот збор. Беше вистински пријател кој никогаш не изостави да придонесе за општина Ѓорче.
Агендата ја започнаа со утринкса крводарителска акција во Дом на Културата – Ѓорче Петров, потоа мото дефиле од ул. Борис Сарафов (Ѓорче Петров) – бул. Партизански Одреди – ул. Даме Груев – ул. Димитрије Чуповски – ул. Митрополит Теодосиј Гологанов – Парк Ѓорче Петров 🏍️
Додека за музичката програма веќе се грижат:
🎤 Life Wire
🎤 Beni Shaqiri
🎤 Jovche Pandev & Friends
🎤 Stojne Nikolova & Dynamic Band
Средствата собрани од продажба на пијалаците се наменети за донација за малата Ника Стојановска, која има дијагноза – Таласемија и ѝ е потребно пресадување на матични клетки во Турција. 🆘
Помагатели на овој настан се:
Општина Ѓорче Петров
Некст принт
Бистра Вода
Кафе Рузвелт
ProCam Production
ВИДЕО од пристигнувањето на моторџиите кои буквално го свртија цело Скопје во чест на Марија, предводени од нашите пријатели Љупчо Цветановски, Ленин Јовановски и останатите членови од мото клубовите.
Скопје
Кичевчанец во Скопје вчера бил нападнат од куче скитник

На 13.06.2022 во 19.50 часот во Полициската станица Аеродром, Д.Н.(52) од Кичево пријавил дека на бул. „АСНОМ“ бил каснат од куче скитник
Извор: МВР / СВР Скопје
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за понеделник (15 август)
-
Хороскоп2 дена
Дневен Хороскоп (14 август) – недела
-
Lifestyle2 дена
(ВИДЕО) Лозано: Дома си е дома, „Ја излези Ѓурѓо“ од многу грла во еден глас ❤️ Кичево!
-
Кичево1 ден
ОВР Кичево: Ноќеска 10 пијани возачи и 1 одземен нерегистриран мотор
-
Македонија8 часа
Ова се новите цени на горивата кои ќе стапат на сила од ноќеска
-
Македонија8 часа
Соборен рекорд, 47 пребрзо возеле во Кичево, додека на подрачјето на СВР Охрид вкупно 92 возачи надминале дозволена брзина
-
Спорт1 ден
Академија Пандев со „петарда“ на гости, Силекс ја изненади Шкендија, додека стружани победија во Штип
-
Македонија24 часа
„Се лета“ Тетово-Гостивар, дури 13 возачи движеле над 70 км/ч од дозволеното!