Временска прогноза Случувања

ВРЕМЕ: Променливо со пороен дожд попладне, температура до 33 степени

Утринската температура ќе се движи од 12 до 21 степени, а дневната температура од 22 до 33 степени.

Во Кичево ќе биде слично како и во Скопје – променливо облачно. Утринската температура до 18 степени, а дневната температура ќе достигне до 32 степени.

Во петок и сабота условите за нестабилност ќе се намалат и во поголем дел од земјава ќе преовладува сончево време со мала до умерена облчаност. Во недела и понеделник во попладневните часови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.