Следете не

Случувања

Во дворецот на кичевскиот храм св.Петар и Павле во сабота се собираат донации за загрозени семејства и намирници за медицинскиот персонал

Објавено пред

на

Со голема почит према делото на сопствениците од декоративното студио „Роденденски Пињати“ и нивната само-организација на граѓани од град Кичево се приклучуваме кон иницијативата за хуманитарни акции за лицата чии семејства имаат неопходна потреба од тоа што ние доброволно ќе го донираме.

Пред неполна седмица истата организација помогната од хумани луѓе и реномираните АТВА маркети од Кичево донираа за 9 семејства – така што ги повикуваме сите претпријатија, институции кои можат да помогнат да се приклучат во оваа иницијатива и на истите јавно ќе им се заблагодариме!

Да бидеме сплотени без разлика на верска припадност и заеднички да допринесеме кон уште еден успешен поход за подавање рака на оние кои имаат потреба.

Почнувајќи од утре сабота 05.12.2020 год12:00 до 15:00 часот почитувајќи ги протоколите за заштита од Ковид-19, без групирање и задолжително носење на заштита на лицето, сите хумани граѓани во дворецот на нашиот кичевски храм св.Апостоли Петар и Павле на посебно место обележано со натпис „ДОНАЦИИ“ ќе може да ги донирате вашите намирници како што се на пример: Храна, Вода, Домашен прибор, Зимска облека, средства за лична хигиена, непотребна компјутерска галантерија и се што се мисли дека некому би му користело.

Паралелно со донациите за социјално загрозените семејства ќе има пункт и акција за нашиот медицински персонал од Кичево кој се борат за секој од нас изложувајќи го сопственото здравје во време на пандемија, да ја покажеме нашата хуманост и за нив со: Скафандери за еднократна употреба, Заштитни маски (KN-95), Мантили, Храна, Сокови, Вода

Ајде добри луѓе, да ја покажеме нашата хуманост на дело, понесете нешто со вас – со тоа на некое семејство ќе му го олесниме животот, ќе направиме добро барем за одреден период од нивните животи, бидејќи рака што дава не се суши!

Бидете дел и направете добро дело!

Временска прогноза

Попоски најавува невреме после есктремно топлиот бран кој ја зафати државата, ова се најновите детали

Објавено пред

на

Екстремно топлото време ќе се задржи уште утре кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 34 до 43 степени. Меѓутоа од попладневните часови, па во текот на ноќта кон петок и во петок времето ќе биде променливо облачно, на некои места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално има услови процесите да бидат ИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд, СИЛЕН, до ОЛУЕН ветер, силен електрични празнења и со појава на град.

Максималните температури во петок и во сабота ќе бидат пониски за околу 5 степени и ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 38 степени, додека од недела повторно ќе бидат во пораст а времето ќе биде стабилно, суво и сончево.

Услови за нестабилност, проследена со пороен дд, СИЛЕН ветер и грмежи утре попладне и навечер, како и во петок ќе има и во делови од Скопската котлина. Температурите во петок и во сабота ќе бележат тенденција на пат и ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 32 и 35 степени, додека од недела повторно ќе бидат во пораст.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Утре попладне и во текот на ноќта кон петок, како и во петок во случај на појава на елкектрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на СИЛЕН ветер граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и да не излегуваат на отворено.

Инфо: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Кичево

„ОО Црвен крст“ и „Службата за трансфузиона медицина“ од Кичево организираат „Крводарителска акција“ – Да бидеме хумани!

Објавено пред

на

Почитувани, на ден 06.08.2021 година – петок, кичевската „Општинска организација на Црвен крст“ во соработка со „Службата за Трансфузиона Медицина“ исто така од Кичево, организираат крводарителска акција.
Акцијата ќе се одржи во просториите на Црвен крст Кичево со почеток од 09 часот до 14 часот.
Да бидеме хумани, за оние на кои сме им најпотребни! #ДарувајКрв #БидиХуман
Апел до сите крводарители кои ќе даруваат крв, да ги почитуваат препораките за заштита од Ковид-19, да носат заштитна маска на лицето и да држат дистанца.
ФОТО: Mohamed Hassan / pixabay
Прочитај повеќе...

Македонија

МВР казни 28 возачи кои немале атест на вградени фолии на стаклата од автомобилите

Објавено пред

на

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во периодот од 26 јули до 1 август спровело засилена контрола за санкционирање возила во кои се вградени неатестирани фолии (затемнети стакла) при што санкционирани се 28 возачи.

Од МВР информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Извор: МВР

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогнозаПред 1 час

Попоски најавува невреме после есктремно топлиот бран кој ја зафати државата, ова се најновите детали

Екстремно топлото време ќе се задржи уште утре кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 34 до...

КичевоПред 2 часа

„ОО Црвен крст“ и „Службата за трансфузиона медицина“ од Кичево организираат „Крводарителска акција“ – Да бидеме хумани!

Почитувани, на ден 06.08.2021 година – петок, кичевската „Општинска организација на Црвен крст“ во соработка со „Службата за Трансфузиона Медицина“...

МакедонијаПред 3 часа

МВР казни 28 возачи кои немале атест на вградени фолии на стаклата од автомобилите

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во периодот од 26 јули до 1 август спровело засилена контрола за санкционирање возила...

ТехнологијаПред 3 часа

Гигантот „Амазон“ под закана за голема казна, поради како што велат – прекршување на законите за приватност од ЕУ

Амазон се соочува со рекордна казна од 746 милиони евра (околу 887 милиони долари) откако регулаторното тело за заштита на...

ХороскопПред 16 часа

Хороскоп за денес (4 август) среда

ОВЕН  Некои од вас денес повторно ќе бидат во контакт со личност од минатото. Ако таа личност е некој што...

Здравје и убавинаПред 20 часа

Активности кои се препорачуваат за зачувување на младоста врз мозокот

Добрата загатка поттикнува гама активност во мозокот, што е одлично за креативност и одржување на мозокот млад. Исто така, читањето...

КичевоПред 20 часа

Настап на Balter во Република 96250

Овaa сабота за прв пат во Република 96250 познатиот Rock & Roll бенд Balter. Бидете тука и уживајте во прекрасниот амбиент...

МузикаПред 22 часа

Концерт во живо на најпопуларното музичко дуо – „Куку Леле“ на кичевскиот подиум во „La Casa“ ресторан & бар

Легендарните Роберт и Панки, најпопуларното музичко дуо познати како „Куку Леле“ кој децении ја забавува македонската публика, после подолго време доаѓаат во...

КичевоПред 1 ден

с. Србјани – кичевско: Вчера била опожарена нискостеблеста вегетација

Вчера на ден 02.08.2021 година околу 12 часот, во ОВР Кичево пријавен е пожар кај месноста ,,Бели воденици,“, атар на...

МакедонијаПред 1 ден

Големо поскапување на дизелот од ноќеска, ова се новите цени

Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за 3,5 денари за литар, Екстра лесното масло за домаќинство за 1,5 денари, а...

НАЈЧИТАНИ