Мобилни уреди
Samsung Galaxy S10 so 5000mHa батерија и моќни 8 до 12GB RAM?
Во текот на викендот добро познатиот Еван Блас објави на Twitter неколку нови фотографии кои очигледно доаѓаат од производител на додатоци, и ги покажуваат неговите заштитни маски за очекуваните на 20 февруари нови телефони во серијата Galaxy S10.
Интерес во кадрите буди тоа што е внатре во аксесоарите, бидејќи тој практично ги покажува трите модели кои ги очекуваме Samsung да ги претстави по месец – Galaxy S10 E (или Lite), Galaxy S10 и Galaxy S10 +. Ќе има и поголем модел со име Galaxy S10 X, кој ќе понуди 6.7-инчен дисплеј и 5G можности, но ќе се нуди на ограничен број пазари.
Сликите потврдуваат она што веќе го знаеме – трите уреди ќе имаат дисплеј кој ја зазема речиси целата предна површина, во кој ќе има отвор за предната камера. Таа ќе биде единечна во Galaxy S10 E и Galaxy S10 и двојна во Galaxy S10 +.
Најмалиот модел, кој ќе биде со рамен 5.8-инчен дисплеј, е со двојна главна камера, а во двата поскапи и поголеми (со 6.1, односно 6.4-инчен двострано заоблен екран) варијанти ќе биде додадена тројна камерата.
„Евтиниот“ уред ќе предложи и страничен сензор за отпечатоци, а кај останатите тој ќе биде вграден во екранот.
Магазин
Еве колку ќе чинат Redmi Note 14 телефоните во Европа
Магазин
iPhone vs. Android: Над 70% од корисниците сметаат дека AI функциите се бескорисни
Над 70% од корисниците на телефони iPhone и Android сметаат дека функциите на вештачка интелигенција (AI) на нивните уреди се „донекаде корисни“ или сосема бескорисни. Интересно, корисниците на iPhone покажуваат поголем интерес за AI во споредба со оние на Samsung Galaxy.
Негативни реакции на AI функциите
Според истражување на SellCell спроведено меѓу 2.000 корисници во САД:
- 73% од корисниците на iPhone веруваат дека функцијата Apple Intelligence е „речиси бескорисна“ или „не многу релевантна.“
- Кај корисниците на Samsung Galaxy, негативниот одговор е уште поголем – дури 87% сметаат дека Galaxy AI не е вреден додаток.
Поголем интерес за AI кај iPhone корисниците
Иако имаат слични негативни оценки, корисниците на iPhone се значително повеќе заинтересирани за AI:
- 47,6% од корисниците на iPhone велат дека AI функционалностите се „многу важен“ или „донекаде важен“ фактор при изборот на нов телефон.
- Само 23,7% од корисниците на Samsung изразуваат сличен интерес.
- Кога станува збор за дополнителна цена, 11,4% од корисниците на iPhone би платиле за AI функционалности, за разлика од само 4% од корисниците на Samsung Galaxy.
Омилени AI функции кај двата бренда
Најпопуларните AI функции се разликуваат помеѓу корисниците на Apple и Samsung:
- iPhone корисници:
- „Writing tools“ (72%)
- „Notification summary“ (54%)
- Samsung корисници:
- „Search circle“ (82,1%)
- „Photo assistant“ (55,5%)
Извор: Benchmark
Мобилни уреди
Дали Apple ќе се одлучи за новиот модел „iPhone Air“ кој практично би бил по тенок во дизајн
Следната година Apple планира да направи промени во телефонската линија. Според досегашните информации, Apple наводно ќе го замени iPhone Plus со моделот iPhone 17 Air, кој би требало да биде многу тенок уред и би можел да има само една камера на задната страна.
Новите извештаи сугерираат дека iPhone 17 Air сега влезе во процес на масовно производство. Тоа е првиот чекор на патот кон производството и вклучува соработка помеѓу Apple и добавувачите за обработка на изводливоста на дизајнот и методите на производство кои ќе бидат потребни за склопување на уредот.
Исто така, потребно е да се осигура дека планираниот производствен пристап е исто така практичен. Во оваа фаза сè уште може да се појават мали промени во дизајнот. После тоа, има мало тест производство за да се осигура дека сè оди според планот.
Засега, сè уште е рано iPhone 17 Air да стане реалност. Ова речиси дефинитивно значи дека Apple се откажа од моделот os Plus за следната година и останува да се види како ќе се движи Air на пазарот.
Извор: b92.net
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за четврток (19 декември)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (18 декември)
-
Кичево2 дена
Соопштение од кичевската црква Св.Петар и Павле по повод благословување и осветување на славските колачи за големиот ден Св.Николај Мирликијски
-
Кичево24 часа
Дедо Мраз пристигна во Кичево, на голема радост на најмилите
-
Временска прогноза2 дена
Еве какво време не очекува викендот пред нас
-
Автомобили2 дена
По нивното автомобилско стратешко партнерство, дали производителите на автомобили „Honda“ и „Nissan“ ќе се спојат?
-
Култура21 час
Пред нас е големиот празник Св.Никола, светоцот заштитник на децата, сиромашните и работниците, за многу години најчестата слава во македонските домови!
-
Свет18 часа
Јапонската ракета „Каирос“ откажа неколку минути по полетувањето