Спорт
Времеплов: Историја на Светското првенство: Магија од Роналдињо и патот на Кан од херој до трагичар (ВИДЕО+ФОТО)

Веќе сме на прагот од почетокот на Светското првенство 2018 кое ќе се игра во Русија. Официјалниот почеток и првиот натпревар се за два дена, па во чест на најновата и веројатно најспектакуларна прослава на фудбалот која фудбалскиот свет ја искусил досега, нудиме уште малку ретроспектива и сеќавања од минатите изданија на Мундијалот.
Овој пат годината е 2002, а локацијата е комбинирана – Јапонија и Јужна Кореја. Еве што го одбележа тоа издание на Светското фудбалско првенство.
СЕНЕГАЛ ЈА ШОКИРАШЕ ФРАНЦИЈА НА СТАРТОТ
Четири години после неславниот крај на Светското првенство во Франција, Роналдо се врати во Јапонија и Јужна Кореја во полн сјај и со фризурата на годината доминираше на теренот и им ја донесе титулата светски прваци на своите сонародници. Бразилците тогаш потврдија дека Европјаните можат да сметаат на трофеј исклучиво на нивниот континент, а во четвртфиналето, за прв и единствен пат во историјата на мундијалите, играа репрезентации од Европа, двете Америки, Африка и Азија.
Одиме со ред, од почеток. Мундијалот на истокот од Азија почна порано од вообичаеното, а стартот го разубави дебитантот Сенегал кој ги растури светските и европски прваци, Французите. Сенегалците предводени од Ел Хаџи Диуф, на изненадување на сите, подоцна стигнаа до четвртфиналето, па никој не можеше да претпостави дека оваа африканска селекција нема пак да игра на Светското првенство сè до оваа година.
Французите со еден бод и без ниту еден постигнат гол останаа на дното од групната табела и го забележаа најслабиот настап на од сите бранители на титулата во историјата на Светското првенство. Данска го освои првото место во групата, додека Шведска заедно со Англија минаа низ групата на смртта, од која испаднаа Нигерија заедно со првиот фаворит на турнирот, Аргентина. Швеѓаните подоцна испаднаа од Сенегал преку златниот гол на Анри Камара, додека Англичаните ги поразија Данците.
Изненадувањето на претходниот Мундијал, Хрватска, која беше трета во Франција, во 2002 не успеа да ја помине ниту групната фаза.
ФЕНОМЕНАЛЕН ГОЛ НА РОНАЛДИЊО
Најдобриот гол на турнирот го даде дуелот меѓу Англија и Бразил, а режијата за пресврт ја презеде Роналдињо, упатувајќи шут од слободен удар од скоро 40-тина метри. Дејвид Симан се спремаше за центаршут, но доцна сфати дека топката оди право под пречката за голема радост на бразилските навивачи.
На ова Светско првенство Бразилците, генерално, имаа лесна задача бидејќи беа сместени во група со Турција, Костарика и Кина, а потоа во нокаут фазата ги победија Белгијците и уште еднаш Турција во полуфинале. Токму Турците, заедно со Сенегалците, беа најголемото изненадување и атракција на Мундијалот во Јапонија и Јужна Кореја. Го фасцинираа светот со квалитетна игра, која ги доведе до одличното трето место во светски рамки. Тимот го предводеше Хакан Шукур, а тука беа и одличниот голман Рушту, Емре, Умит Давала, Хасан Шаш и компанија.
Во дуелот за третото место Турција беше подобра од еден од домаќините, Јужна Кореја, која претходно исфрли неколку европски екипи. Прво, во групната фаза, ги надиграа Полска и Португалија, а потоа ги елиминираа гигантите Италија и Шпанија. Овие дуели останаа запаметени по жалбите на Шпанија и Италија на судиските водења на натпреварите, а уште порадикален чекор направи газдата на Перуџа,Лучијано Гаучи, кој го отпушти од својот тим стрелецот на победничкиот златен гол за Јужна Кореја против Италија, Јунг-хван Ан. Кореанците подоцна беа запрени од Германците во полуфиналниот дуел.
И Германија лесно мина во групната фаза, каде славеше со 8:0 против Саудиска Арабија. На тој дуел пет гола постигна фантастичниот Мирослав Клосе, а кој не успеа да постигне ниту еден гол во преостанатите натпревари на Светското првенство, иако Германија стигна до големото финале. Ги победија и Американците, Парагвајците и Кореанците, но во финалето едноставно беа немоќни пред Бразилците. Во текот на Мундијалот Германија беше носена на крилата од фантастичните одбрани на Оливер Кан, кој подоцна беше прогласен и за најдобар играч на Мундијалот. Но, истовремено, во финалето тој беше трагичар за својата репрезентација, подарувајќи му погодок на Роналдо.
ОСУМТЕ ГОЛА НА РОНАЛДО
Во финалето Роналдо постигна два гола, заокружувајќи го својот голгетерски учинок на осум мундијалски погодоци, а освен по одличната игра, тој ќе остане запаметен и по необичната фризура од тоа првенство.
„Тогаш ја влечев повредата на ногата за која сите зборуваа. Одлучив да се пострижам и да го оставам тој мал детал. Дојдов на тренинг и одеднаш сите почнаа да зборуваат за мојата нова фризура. Сите толку беа преокупирани со мојата фризура, што заборавија на мојата повреда. Мене тоа ми даде спокој и ми овозможи повеќе да се фокусирам на тренинзите. Не сум горд на таа фризура, знам дека беше чудна, но тоа беше начин да го тргнам вниманието од повредата“, неодамна објасни фудбалската бразилска легенда.
Ривалдо и Клосе го поделија второто место на листата на најдобри стрелци со по пет гола, а Јон Дал Томасон од Данска и Кристијан Виери од Италија беа трети со по четири погодоци.
Уште еден интересен податок е дека финалниот дуел помеѓу Бразил и Германија, истовремено, беше и прва средба на овие два фудбалски мастодони на некое Светско првенство, иако станува збор за репрезентации кои имаат играно на најмногу такви турнири, имаат најмногу одиграни натпревари и најмногу завршници на мундијалите.
Бразилците ова Светско првенство го завршија супериорно, со сите седум победи од седум одиграни натпревари, иако на истото се пласираа со многу среќа, во последното коло од квалификациите.
Спорт
„ИФАБ“ со ново правило, најмногу осум секунди може голманот да ја задржи топката, ако се надмине времето, се суди удар од аголот за противникот

Меѓународното раководно тело „ИФАБ“, за правилата на фудбалот ги објави своите промени во правилата за сезоната 2025-2026, при што особено се издвојува едно правило. На голманите сега и официјално ќе им биде дозволено подолго да ја држат топката, но казната за надминување на границата ќе биде многу построга.
Во моментов правилото е дека голманот може да ја држи топката најмногу шест секунди откако ќе ја заземе топката со свои раце, пред да биде побарано да ја ослободи. Меѓутоа, ако го надминат тоа време, судиите имаат тенденција да ги охрабруваат да побрзаат, без вистинска казна да ги снајде. Наводно, ИФАБ го идентификуваше како една од областите во кои се губи најмногу време, при што голманите го користат за да го забават натпреварот, а во некои случаи го задржуваат и до 20 секунди.
– Новото правило воведено од ИФАБ, како што пренесува Спорт, ќе им овозможи на голманите да го одржуваат поседот со раце најмногу осум секунди. По пет секунди, судиите со раце ќе им сигнализираат на голманите дека времето за користење на топката истекува, а доколку ги поминат осумте секунди, противникот ќе добие удар од аголот.
Како и со секое ново правило, колку функционерите се строги кон него, останува да видиме. Ова беше една од низата измени, повеќето од нив мали. Натпреварите сега можат да им дозволат на судиите да повлечат линија со пената од ѕидот за слободни удари, така што само капитенот може да зборува со нив, при што играчите не се придржуваат на ризик од казна за жолт картон.
Имено, немаше промена во однос на правилото за пенали со двоен допир, по несреќната судбина на Јулијан Алварез во Лигата на шампионите. Сепак, ова веројатно се случи премногу блиску до најавата за да се разгледа во овогодинешните прилагодувања, откако УЕФА објави дека ќе разговараат за промена на законот за да се избегне казнување на изведувачот на казната за лизгање, пренесува „football-espana.net“
Спорт
(ГАЛЕРИЈА) Вчера Велс издржа, во следното коло на 6-ти јуни Македонија на домашен терен ја дочекува Белгија

Македонската А репрезентација одигра нерешено, 1:1 против Велс во рамки на второто коло од квалификациите за СП 2026. По голема борба, избраниците на Благоја Милевски дојдоа до предност во 91. минута преку Бојан Миовски, но пред самиот крај, во 96. минута, Велшаните се спасија од пораз во Скопје.
Милевски по вчерашниот натпревар на прес конференцијата пред медиумите го истакна следново:
– Неможам да не бидам задоволен имавме сериозен противник, се работи за играчи кои се во премиер лига, .. како тим, видовте и самите дека противникот е агресивен на највисоко ниво, но од друга страна нашите фудбалери покажаа од собир во собир дека напредуваат..
– Мислам дека уште од некој фактор плус ни фали за да бидеме над топ репрезентации. Мораме да останеме фокусирани до крај, жалиме за 2 бода но најреално е реми.
– Кога ке се земат сите околности од самиот почеток неможам а да не бидам презадоволен од односот од реакцијата на фудбалерите и од карактерот нивни, како личности и како фудбалери на терен, така да, немам ни најмала замерка за било кој од фудбалерите. 4 бодови мислам дека да ни ги понудеше некој пред ќе бевме задоволни но остана горчината за начинот кој не зедовме уште 2, за медиумите заврши Милевски
Во следното коло од квалификациите за СП 2026, Македонија ќе биде домаќин на првиот фаворит во групата Белгија. Мечот се игра на 6-ти јуни на арена „Тодор Проески“, а потоа следи гостување кај Казахстан.
Вчерашниот меч ви го пренесуваме преку нашиот објектив:
Спорт
Велс спаси жива глава во Скопје, реми на вечерашниот дуел против Македонија во второто коло од квалификациите за СП2026

Фудбалот е повеќе од игра. Вечерашниот меч Македонија против Велс заврши без победник. Бојан Миовски ни донесе водство во 91-та минута, за на крај во финишот на мечот, речиси во последната секунда – Дејвид Брукс да ја замолкне среќата и да израмни на 1:1.
Прес конференција:
Крек Белами:
Може да испадне дека ова беше драгоцен поен на крај, спрема играта мислам 3 поени ќе беа повеќе од доволно, но ова е меѓународен фудбал имавме претходно добри резултати, последните минути не сакав воопшто да гледам во семафорот.
Благоја Милевски:
– Неможам да не бидам задоволен имавме сериозен противник, се работи за играчи кои се во премиер лига, .. како тим, видовте и самите дека противникот е агресивен на највисоко ниво, но од друга страна нашите фудбалери покажаа од собир во собир дека напредуваат..
– Мислам дека уште од некој фактор плус ни фали за да бидеме над топ репрезентации. Мораме да останеме фокусирани до крај, жалиме за 2 бода но најреално е реми.
– Кога ке се земат сите околности од самиот почеток неможам а да не бидам презадоволен од односот од реакцијата на фудбалерите и од карактерот нивни, како личности и како фудбалери на терен, така да, немам ни најмала замерка за било кој од фудбалерите. 4 бодови мислам дека да ни ги понудеше некој пред ќе бевме задоволни но остана горчината за начинот кој не зедовме уште 2, за медиумите заврши Милевски
Инаку, македонската фудбалска репрезентација им оддаде почит на 59 жртви во несреќата во Кочани запирајќи ја играта, а тоа публиката го аплаудираше на натпреварот со Велс точно во 59-тата минута.
-
Македонија44 минути
Љупче Спироски од Кичево избран за нов началник на „РЦ Запад“, истакнат професионалец во својата работа
-
Автомобили1 ден
Ова се 10-те најпродавани автомобили во Европа: Еден е победник во дури 42 земји
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (26 март)
-
Македонија1 ден
„Рурална Коалиција“ ја изработи првата мапа со туристички локалитети во реонот на „Илинска планина“
-
Хороскоп17 часа
Хороскоп за четврток (27 март)
-
Спорт19 часа
(ГАЛЕРИЈА) Вчера Велс издржа, во следното коло на 6-ти јуни Македонија на домашен терен ја дочекува Белгија
-
Временска прогноза16 часа
Врнежи од дожд, проследени со Сахарска прашина, ова се најновите метео вести
-
Спорт2 дена
Велс спаси жива глава во Скопје, реми на вечерашниот дуел против Македонија во второто коло од квалификациите за СП2026