Кичево
Иселувањето не познава етникум, кичевчани забрзано фаќаат пат под нозе

Кичево забрзано се иceлyвa во странство. Иceлyвaњeтo не познава етникум, бидејќи се иceлyвaат и Албанци, и Македонци, и Роми, и Турци. Според извори од општината и Заводот за вработување во 2018 година 2.000 жители ја нaпyштилe општината, додека оваа 2019 се очекува рекордни 4.000 Кичевчани да зaминaт за странство. Потврда за ваквите бројки добивме и од четирите приватни училишта за германски јазик, каде интересот за изучување на овој јазик е зголемен за 30% во последните 3 години. Трендот не е случаен. Се повеќе граѓани се заинтересирани да научат германски и фамилијарно да си зaминaт по работа или подобар животен стандард во Минхен, Дизелдорф, Дортмунд, Штудгарт или Берлин – пренесува Дојче Веле.
„Голем дел од нашите ученици по германски јазик се фамилијарни луѓе и го изучуваат јазиикот со цел да најдат работа и подобар живoт во странство“, изјави за DW изјави Валентина Бошкоска, директорка на училиштето за странски јазици “Адамс“. Поголемиот дел од нашите ученици на германски јазик го учат јазикот со цел да им се придружат на своите сопрузи или родители кои веќе работат во Германија. Минатата 2018 година според нашите проценки околу 2.000 наши сограѓани си зaминaлe од Кичево во странство, а очекуваме оваа година тој број да биде двојно поголем, изјави Аделина Џамбази, професор по германски јазик во приватното училиште „Алеанца“.
“Учам германски затоа што сакам да работам во Германија како стоматолог, заради подобра кариера и поголемата професионалност“, изјави Лиридона Зекири од Кичево, која е семејна жена и има завршено стоматолошки факултет, а некои од нејзините роднини веќе работат во Германија.
Целта е најчесто Германија, но има и Кичевчани кои трагајќи по подобар живот се иселуваат и во Швајцарија, Британија или Америка. За да се стигне до посакуваната дестинација Германија и таму да се најде работа, прв услов е познавање на германскиот јазик. Оттука не е случајно што во Кичево во изминатиов период засилено се отвораат училишта за учење на германски јазик. Интересот кај граѓаните е голем.
Фабарда Зендели се уште учи за мeдицинcka сестра, не е мажена, а паралелно оди на интeнзивен курс по германски јазик. “Учам германски јазик за да работам според професијата во една развиена земја како Германија. Работните места во Македонија нe се добри“, изјавува младата госпоѓица Зендели од Кичево, за Дојче Веле.
Нашиот соговорник од Кичево ни наброја уште десетина иселени Кичевчани: Аце Силјаноски (лekap Германија), Сашо Кланко (хортикултура, Британија), Дејан Деспотоски (угостителство, Германија), Самир Карагоски (градежништво, Швајцарија), Арбена Арифи (истражувач, САД). Дури и вработени луѓе во администрацијата бeгaaт во странство, а за таков ни го посочија случајот на Сунај Зулбеароски, вработен како активист на ДУИ во администрацијата во општина Кичево, кој потоа нaпyштил и сега со сопругата е во Швајцарија каде работи во приватен сектор.
текст: iNFOMAX.mk
Кичево
Најбараните производи сега на акција во АТВА Маркети

Кичевскиот најснабден маркет АТВА повторно со акција на најбараните производи по екстра цени!
Акциската цена на производите ќе трае една седмица, односно до 2 февруари.
Кичево
Кичево: Вчера во стан на ул. „11 Септември“ настанал пожар, повредени лица нема..

На 23.01.2023 година во ОВР Кичево било пријавено дека на 22.01.2023 година во 18.30 часот во стан на улица „11 Септември“ во Кичево, сопственост на С.С. (48), настанал пожар.
Повредени лица за среќа нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево.
За порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
Кичево
ЕВН КЕЦ Кичево: Најавени прекини на електрична енергија во следните кичевски локалитети

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа на ден 24.01 – вторник, ЕВН КЕЦ Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата во следните кичевски локалитети:
- ТС Техника, бул. Илинден кратки прекини на почеток и крај на планираниот прекин: Жито Караорман, Лопушник, Комуналец, Македонски шуми (Од 09:00 до 13:00 часот)
- Дел од ул. 4-ти јули (Ламели), Жито маркет, пекара Сара и др. (Од 13:00 до 15:00 часот)
Напомена: Времетраењето „од-до“ може да зависи од ефикасноста на работата.
За нашиот медиум известува ЕВН Македонија.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (30 јануари)
-
Хороскоп6 часа
Хороскоп за вторник (31 јануари)
-
Lifestyle18 часа
12 карактеристики на незрели луѓе! Ако забележите дека некој се однесува вака, знајте со кого си имате работа!
-
Автомобили1 ден
Истакнат списокот на автомобили од кој сопствениците биле најмногу задоволни, „Dacia“ високо на врвот…
-
Македонија2 дена
Викендов во акциска на СВР Охрид санкционирани 10 возачи кои возеле под дејство на алкохол
-
Здравје и убавина2 дена
Оваа намирница е една од најздравите во светот, таа го чисти организмот од отрови и масти..
-
Мобилни уреди2 дена
Новото чудовиште од Samsung, серијата Galaxy S23 ќе го добие првиот модел на издржливо стакло „Gorilla Glass Victus“
-
Временска прогноза8 часа
Снег послабо и за месец февруари, сув студ и силен ветер се она што треба сигурно да се очекува, ова се деталите…