Следете не

Временска прогноза

Летно возење во малку поинакви услови

Објавено пред

на

Познато по високите температури, убавото време, годишните одмори и омилените патувања, летото е период од годината кој сите со нетрпение го очекуваме. Оваа година имаме малку поинакво, нетипично лето, со променливо време, многу врнежи и променливи температури.

Во вакви временски услови, возењето е отежнато, специфично и иако се работи за лето, условите се посебни и бараат посебен начин на возење.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата советува добро да се подготвите пред да тргнете на пат. Одморете се добро, проверете ја техничката исправност на возилото, проверете ги гумите, проверете го притисокот на воздухот во нив, проверете ги бришачите затоа што во услови на дожд и лошо време ќе ви бидат повеќе од потребни.

Проверете ги светлата, маслото во моторот и најважно од сѐ, проверете ја временската прогноза за денот кога планирате да патувате.

Доколку во текот на патувањето времето е облачно и тмурно со некој зрак сонце, препорачливо е да носите со вас очила за сонце за да не го напрегате видот, односно за да не се заморите прерано.

Доколку, пак, за време на патувањето ве фати невреме проследено со обилни врнежи од дожд, грмотевици и ветер, тогаш задолжително следете ги следниве совети:

1. Забавете. Намалете ја брзината на движење за 10 или 20 км/ч. При поголеми брзини, автомобилот го губи контатктот со подлогата, се подига од патот и се однесува како да скија на водатата. Ако се случи тоа, не паничете! Единствено што треба да направите е да забавите до онаа брзина кога автомобилот ќе го чувствувате нормално.

2. Избегнувајте возење низ поплавени делови (улици, области). Проблемот ќе настане кога нема да можете да ја процените добро длабочината на водата и таа ќе навлезе длабоко во вентилот за довод на воздух, а потоа и во моторот и автомобилот ќе изгасне.

3. Ослободете ги сопирачките откако ќе поминете низ вода (вир, бара). Тргнете го стапалото од педалата за гас. Ова создава топлина и триење што помага да се исушат сопирачките.

4. Запрете. Кога дождот е многу силен и видливоста преку ветробранското стакло е намалена до 50 метри – запрете! Тргнете се на страна и почекајте да се намали интензитетот на врнење.

5. Многупати, и покрај тоа што сте ги примениле сите совети за возење во услови на дожд, сепак може да настане проблем со возилото и да останете дефект на патот.

Во тој случај, РСБСП ви советува:

1. Осигурајте се дека автомобилот е надвор од сообраќај на патот. Тргнете го на страна и вклучете ги трепкачите. Обезбедете ја околината со траголник или со конуси. Внимавајте тие да бидат поставени на содветно и пропишано растојание.

2. Не излегувајте од возилото. Побарајте помош и почекајте во возилото. Доколку сакате сами да се соочите со проблемот на возилото, почекајте да престане врнењето, облечете рефлектирачки елек и бидете внимателни.

Условите за возење, особено во лето, се менуваат многу брзо. После дождот се појавува сонцето, водата испарува и се јавува нов проблем за возачите – магла. Иако оваа магла не е толку густа и опасна како маглата во зима, сепак бидете претпазливи, вклучете ги магленките на време и намалете ја брзината пред да навлезете во маглата. Ова ќе ги предупреди и другите возачи да ја намалат брзината. Особено бидете внимателни кога возите по угорнина, рид или планинско место.

Намалете ја брзината пред да почнете да го качувате ридот. Можноста да има запрен автомобил, одрон на карпа или колона возила е голема, а поради маглата нема да имате можност да ги видите на време.

Внимателното возење е клучно за безбедноста на секој учесник во сообраќајот, а одговорноста при возењето е одлика на карактерот на секој возач и придонесува за безбедно одвивање на сообраќајот.

Од РСБСП повторно со апел: „Почитувајте го сообраќајот, почитувајте ги правилата и прописите, не ги занемарувајте временските услови, предупредувањата од метеоролозите и моменталните услови на патот. Возете внимателно, бидете одговорен возач.“

Временска прогноза

Викендов на повидок екстремен сибирски ладен бран

Објавено пред

на

Уште од недела (6 април) рано наутро, па во текот на целиот ден ќе има пообилни врнежи кои најпрвин ќе бидат од дожд на ниските места (градовите) и од снег на повисоките населени места  и на планините, секако и на Скијачките центри. Поради брз продор на многу ладен бран директно од Сибир, во текот на денот во недела (6 април) а особено попладнето и вечерта врнежи од снег ќе има  и во повеќето пониски места (градовите).

Сето ова ќе биде проследено со засилен, до повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 65 км/час). Температурите ќе опаднат дури за 10 до 15 степени во однос на оние кои ги имаме сега, и тие ќе бидат далеку под просекот за април (дури и за повеќе од 10 степени пониски од просечните за овој период од годината).

Покрај појавана на силен мраз, на планинските и на Скијачките центри ќе се формира снежна покривка од 15 до 20 cм снег, понекаде во овие предели снежната покривка ќе биде со висина дури и до 30 cм. Што се однесува до градовите, особено во западната половина од Република Македонија ќе се формира снежна покривка од 5 до 10 cм, локално и повеќе од 10 cм. На другите места снежната покривка ќе биде многу помала, а во Повардарието и во југоисточните предели речиси снежна покривка и нема да има.

Обилните врнежи кои ќе ги имаме се поради формирањето на секундарниот циклонски систем (поле со низок воздушен притисок) над нашиот дел од Балканот, а формирањето на овој циклон ќе го предизвика токму овој продор на многу ладен воздух директно од Сибир кон Македонија и регионот, предмалку истакна Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Ново ажурирање: Доаѓа екстремно ладно време за април, силен северен ветер и снег, невообичаено за овој период од годината

Објавено пред

на

Почнувајќи од ноќта сабота кон недела (5/6 април) директно од Сибир во Македонија брзо ќе продре многу ладен воздух и истиот ќе услови формирање на секундарен циклонски систем (поле со низок воздушен притисок). Сето ова ќе биде проследено со засилен, до повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 65 км/час).

Уште во недела (6 април) рано наутро од север ќе се прошируваат пообилни врнежи кои ќе бидат најпрвин од дожд на пониските места (граодивте) и од снег на повисоките места  и на планините, каде ќе се формира снежна покривка. На планините и на Скијачките центри ќе се формира снежна покривка од 10 до 20, во делови од нив  и до 30 cм снег. Овој многу ладен воздух ќе предивика во недела (6 април) особено од пладневните часови па натаму врнежите од дожд да преминуваат во врнежи од снег во повеќето пониски места (градовите).

Снежна покривка до понеделник (7 март) наутро ќе се формира  и во повеќе градови, во дел од градовите, особено во западната половина од Република Македонија ќе се формира снежна покривка со висина од 10 до 15 cм. На другите места таа ќе биде помала од 10 cм. Во Повардарието и во југоисточните предели не очекувам формирање на некоја си снежна покривка.

Со овој многу ладен воздух од Сибир, врнежи од снег ќе има  и во делови од Скопскиот регион, а особено во повисоките предели од котлината ќе се формира  и снежна покривка, а малку поголема снежна покривка ќе се формира на околните планини. И во Скопје  и околината повремено ќе дува силен ветер од северен правец (над 60 км/час).

Овој многу ладен Сибирски воздух  ќе ги спушти температурите за 10 до 15 степени во споредба од оние кои ги имаме сега, а особено во утринските и ноќните часови ќе има појава на посилен мраз во повеќето делови од Македонија, кој особено лошо ќе се одрази врз земјоделието, а особено на овошките.

Да напоменам и предупредам дека поради тоа што се работи за брзо спуштање на овој многу ладен воздух од Сибир, ветерот кој го очекувам би можел да прави и проблеми, па токму поради ова граѓаните да бидат крајно внимателни, особено да бидат внимателни возачите и да не ги ставаат своите автомобили во близина на дрвјата, за да не дојде до штети на истите.

Овој многу ладен Сибриски бран кај нас ќе потрае најмалку три до четири денови, предмалку истакна Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Попоски: Влегуваме во период на температури во минус, студ и снег, невообичаено за месец април – ова се информациите

Објавено пред

на

Почнувајќи од 5 април (сабота) па во текот на следната седмица, ни следува многу ладен период, и тоа поради спуштањето на многу ладен воздух директно од Сибир кон Балканот и Република Македонија. Сето ова ќе го предизвика Антициклонот (поле на висок воздушен притисок) над Велика Британија, токму овој Антициклон слободно ќе дозволи кон нашите предели од Сибир да продре овој многу ладен воздух.

Овој многу ладен воздух ќе го активира Јадранот и Средоземјето, па ширум Балканот, особено централен Балкан, како и јужните  и југоисточите предели од истиот поради стварање на плиток циклон токму над Јадранот и над Средоземјето ќе услови пообилни врнежи од снег  и формирање на снежна покривка, локално позначителна, како на повисоките  и планинските места, така  и во делови од градовите.

На Метеоролошката карта можете да погледнете колку снег се очекува да наврне во текот на веќе споменатиот и најавен многу ладен бран од Сибир. Може да се види дека најголема снежна покривка очекувам во западната половина од нашата Република Македонија (локално и над 10/20 cм снег) а на планините  и на Скијачките центри и до околу, па и над 30 cм снег.

Исто така на вторава Метеоролошка карта може да се види дека од сабота па во текот на следната седмица очекуваме и појава на посилен мраз, а температурите локално во Македонија ќе се спуштат до близу -10 степени, а на планинските и на Скијачките места  и до, па и под -10 степени.

– Да напоменам дека температурите кои се очекуваат за време на Сибирскиот многу ладен бран, ќе бидат многу пониски од просекот за април месец, дури за околу, па  и за повеќе од 10 степени под просекот за овој дел од годината, доцна вечерва информираше Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Lifestyle10 минути

Планирате патување во Бали? Еве што треба да знаете

Бали е една од најпопуларните туристички дестинации во светот. Познат е по егзотичните плажи, тропската природа и богатата култура. За...

Lifestyle14 минути

4 природни начини за бојадисување велигденски јајца

Се ближи Велигден, а многу домаќинки веќе размислуваат како да ги бојадисаат јајцата на поубав и покреативен начин. Иако индустриските...

Гејминг19 минути

Indiana Jones and The Great Circle пристигнува на PS5 на 17 април

По првичниот дебют на Xbox и PC на почетокот на годината, акционата авантура Indiana Jones and the Great Circle конечно...

Македонија1 час

Граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајки, веднаш да пријават во полиција

Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи од страна на граѓаните пријавени се повеќе кривични дела „измама“, кои се...

Хороскоп12 часа

Хороскоп за сабота (5 април)

ОВЕН Кога станува збор за заработката ве очекуваат некои проблеми, можеби ќе имате некои задоцнувања на исплати. Чувствувате многу силна...

Временска прогноза12 часа

Викендов на повидок екстремен сибирски ладен бран

Уште од недела (6 април) рано наутро, па во текот на целиот ден ќе има пообилни врнежи кои најпрвин ќе...

Скопје13 часа

МВР: Дисциплинска постапка за двајца полициски службеници кои лажно тврделе дека возилото „порше“ е службено

Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди на МВР извршени се проверки по објавена видео...

Автомобили13 часа

(ВИДЕО) Toyota најавува надградена верзија на GR „Corolla“, премиерата закажана на есен

Toyota најавува надградена верзија на GR Corolla чија премиера е закажана за наесен. Дотогаш Јапонците прикажуваат камуфлиран развоен прототип. Сепак,...

Магазин18 часа

(ВИДЕО) „Форца Бенд“ го објави својот најнов „свадбарски сплет“, во најава нови авторски песни, сплетови и кавери

„Форца Бенд“ предводени од кичевчанецот проф. Христијан Тришоски кој важи за еден од најдобрите вокали во нашите простори и добро...

Скопје23 часа

МВР со соопштение за видеото во Дебар Маало, настанот е од минатиот месец, сопственикот е казнет

Во врска со видеото на социјалните мрежи на кое се гледа непрописно паркирано возило со скопски регистарски ознаки на територија...

НАЈЧИТАНИ