Следете не

Lifestyle

Љубовта се создава за 8 секунди

Објавено пред

на

Ако машкиот поглед остане подолго прикован на жената кога ќе ја забележи за прв пат, толку е тој повеќе заинтересиран за неа.
Доколку погледот трае само 4 секунди, тогаш може да се каже дека таа не го импресионирала многу. Ако неговиот поглед се фокусира 8,2 секунди, тоа сигурно значи дека девојката успеала да го освои на прв поглед.
Меѓутоа, овие правила не важат кај жените. Жените во принцип погледот кон мажот можат да го задржат и повеќе од 8 секунди, но тоа не значи дека им се допаѓа.
Во ова истражување научниците користеле скриени камери за тајно да го следат движењето на погледот на 115 испитаници, додека разговарале со актери и актерки, а потоа требале да ја оценат привлечноста на своите соговорници.
Мажите гледале во очите на актерките кои им биле привлечни подолго од 8,2 секунди, а оние кои помалку ги привлекувале успеале погледот да им го задржат само 4,5 секунди.
Додека пак жените подеднакво долго ги гледале актерите кои им биле привлечни, а и оние кои не ги привлекувале.
Научниците овие резултати ги објаснуваат со тоа што мажите го користат погледот за да пронајдат потенцијално плодни потенцијални партнерки. Од друга страна, жените мораат да бидат многу повнимателни со привлекување на машко внимание, бидејќи не им е целта да згрешат и да одгледуваат деца како самохрани мајки. Токму затоа припадничките на понежниот пол ги “скенираат” мажите подолго.

Lifestyle

Храна што може да ја влоши главоболката

Објавено пред

на

Главоболките можат да бидат минливи или интензивни, значително нарушувајќи го квалитетот на животот. Иако многумина ги поврзуваат со стрес, замор или временски промени, исхраната исто така може да има големо влијание. Некои намирници содржат состојки што ги прошируваат крвните садови или предизвикуваат хемиски реакции во мозокот, што може да предизвика или влоши главоболка.

Храна што може да биде потенцијален предизвикувач

  • Преработена храна и вештачки адитиви – Конзервансите, вештачките бои и засилувачите на вкусот, како мононатриум глутамат (MSG), можат да предизвикаат непријатни симптоми. Вештачките засладувачи, особено аспартамот, можат да влијаат на функцијата на мозокот и да предизвикаат главоболки.
  • Стари сирења и ферментирана храна – Сирењата што содржат тирамин, како и кисела зелка, кимчи и соја сос, можат да ги прошират крвните садови и да предизвикаат главоболки.
  • Алкохол и дехидрација – Освен што предизвикува мамурлак, алкохолот содржи сулфити, кои можат да предизвикаат главоболки. Дополнително, алкохолот го дехидрира телото, што може да ја влоши болката.
  • Кофеин – Мали количини кофеин можат да ја ублажат главоболката, но прекумерното консумирање може да доведе до главоболки при нагло намалување на внесот.
  • Шеќер и вештачки засладувачи – Брзите промени во нивото на шеќер во крвта можат да предизвикаат главоболки. Преработената храна, газираните пијалаци и слатките често придонесуваат за овие флуктуации.
  • Преработено месо и нитрати – Производите како колбаси, виршли, салами и шунка содржат нитрати, кои можат да доведат до проширување на крвните садови и пулсирачка главоболка.
  • Храна богата со сол – Прекумерниот внес на сол може да предизвика задржување на течности и зголемен крвен притисок, што може да резултира со главоболки.

Како да си помогнете?

  • Пијте доволно вода.
  • Јадете балансирани оброци со протеини, здрави масти и сложени јаглехидрати.
  • Ограничете го внесот на преработена храна, шеќер и вештачки адитиви.
  • Следете како одредени намирници влијаат на вас и постепено елиминирајте ги оние што предизвикуваат главоболки.

Извор: Vecerni

Прочитај повеќе...

Lifestyle

Едноставно решение за чист и свеж тоалет што сите го имаме дома

Објавено пред

на

Со текот на времето, нечистотијата и бигорот се акумулираат во тоалетната школка, особено ако не се чисти редовно. Сепак, постои едноставно и ефикасно решение што веројатно веќе го имате во вашата бања.

Моќната комбинација на сода бикарбона и оцет

Овие две состојки се едни од најдобрите природни чистачи. Сода бикарбоната и оцетот ефикасно ги отстрануваат бигорот, непријатните мириси и бактериите.

  • Направете паста од сода бикарбона и вода, нанесете ја на загадените површини и оставете да делува некое време пред да ја исплакнете.
  • Истурете оцет директно во внатрешноста на школката и оставете го преку ноќ, потоа исплакнете наутро.

Чистење со паста за заби

Покрај сода бикарбоната и оцетот, постои уште едно неочекувано, но ефикасно средство – пастата за заби.

  • Земете паста за заби од која било марка и пресечете го крајот на тубата.
  • Со чепкалка направете мали дупчиња на двете страни на тубата.
  • Отстранете го капакот од цистерната на тоалетот и ставете ја тубата со пастата внатре.
  • Почекајте 10 минути, потоа вратете го капакот.

Оваа метода го освежува тоалетот, ги елиминира бактериите и остава пријатен мирис. Колку подолго стои пастата во цистерната, толку посилен ќе биде мирисот.

Овие едноставни трикови овозможуваат чист и хигиенски тоалет без употреба на агресивни хемикалии.

Извор: Republika

Прочитај повеќе...

Lifestyle

Без ботокс: Природен пијалок за сјајна и мазна кожа

Објавено пред

на

Ако барате природно решение за подобар тон на кожата, едноставен пијалок со портокал, морков и ѓумбир стана вистински хит во светот на убавината. Оваа комбинација ветува здрава, мазна и блескава кожа без потреба од скапи третмани и хемикалии.

Придобивки за кожата

Овој напиток содржи три клучни состојки со моќни ефекти:
Портокал – богат со витамин Ц, го стимулира производството на колаген и ја подобрува еластичноста на кожата.
Морков – содржи витамини А и Б, кои ја обновуваат кожата и го изедначуваат нејзиниот тон.
Ѓумбир – познат по антивоспалителните својства, ја подобрува циркулацијата и ѝ дава на кожата здрав изглед.

Лесен за подготовка

Редовната консумација на овој пијалок го поттикнува природното регенерирање на кожата, ги намалува знаците на стареење и враќа младешки сјај. Сè што ви треба се неколку минути дневно и неколку достапни состојки:

  • 2 портокали
  • 4-6 моркови
  • 3 см свеж ѓумбир
  • Малку вода

Сите состојки се цедат во соковник. Ако немате, можете да ги изблендирате и процедите низ газа или чиста памучна крпа.

Како да го консумирате?

Најдобро е да го пиете секојдневно, но можете да почнете со трипати неделно. Првите резултати – поздрава и помазна кожа – може да се забележат за само неколку дена.

Овој пијалок е идеален за сите кои бараат природни, неинвазивни методи за подобрување на изгледот, а со редовна употреба, вашата кожа ќе изгледа подобро од кога било!

Извор: Vijesti

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево6 часа

Вечерва тешка сообраќајка се случила кај с.Колибари кичевско, бил прегазен пешак

Пред нешто повеќе од половина час се случила сообраќајна несреќа на регионалниот пат во близина на с.Колибари кичевско, на раскрсницата,...

Хороскоп8 часа

Хороскоп за среда (12 февруари)

Овен Ситуацијата на работа е стабилна и задоволни сте со околностите во кои се наоѓате. Можете да очекувате добар ден....

Lifestyle19 часа

Храна што може да ја влоши главоболката

Главоболките можат да бидат минливи или интензивни, значително нарушувајќи го квалитетот на животот. Иако многумина ги поврзуваат со стрес, замор...

Lifestyle19 часа

Едноставно решение за чист и свеж тоалет што сите го имаме дома

Со текот на времето, нечистотијата и бигорот се акумулираат во тоалетната школка, особено ако не се чисти редовно. Сепак, постои...

Lifestyle19 часа

Без ботокс: Природен пијалок за сјајна и мазна кожа

Ако барате природно решение за подобар тон на кожата, едноставен пијалок со портокал, морков и ѓумбир стана вистински хит во...

Магазин19 часа

Кина планира детална истрага за App Store

Акциите на Apple паднаа за 2,6% откако се прошири веста дека Кина размислува за формална истрага за таксите и политиките...

Магазин19 часа

Apple итно го издава iOS 18.3.1: Корисниците предупредени за безбедносен ризик

Apple денес, на 11 февруари 2025 година, неочекувано ги објави ажурирањата iOS 18.3.1 и iPadOS 18.3.1, чија цел е поправка...

Магазин19 часа

Моќната кинеска вештачка интелигенција предизвикува страв: Овие земји го забранија DeepSeek

Кинескиот стартап DeepSeek неодамна го потресе технолошкиот свет, надминувајќи го ChatGPT по бројот на преземања во продавниците за апликации. Неговото...

Lifestyle19 часа

Колкав процент од нашиот мозок навистина користиме?

Често слушаме митови како: „Користиме само 10% од нашиот мозок“ или „Дури и Тесла користел само 10%“. Но, дали ова...

Магазин19 часа

Конечно поголеми батерии? Samsung размислува за голема промена

Samsung размислува да го зголеми капацитетот на батеријата за Galaxy S26 со примена на нова технологија за батерии. Според извештајот...

НАЈЧИТАНИ