Забава Музика Настани

Нашиот Лозано со спектакуларен концерт во „ВИП Арена“ на 23-ти Март

Нашиот Кичевчанец Влатко Лозаноски на 23 март ќе одржи концерт во „ВИП-арената“, спортски центар „Борис Трајковски.

„Лозано кој има безброј хитови, три студиски албуми и награди на над 20 фестивали во Македонија и во регионот, ќе се претстави пред македонската публика на 23 март во ‘ВИП-арената’ со почеток од 20.30 часот.

Спектаклот ќе биде од гламурозен карактер, со вистински модерен лик, како што доликува за една ваква музичка личност – која е од нашите краишта!

Сите почести до Авалон продукција кои велат дека Лозано заслужува ваков третман.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од утре, 13 февруари, во 09:00ч, преку продажната мрежа на „Авалон“ низ Македонија и онлајн на avalon.mk, по цени од 500 до 1.000 денари.

Нашиот Порта тим, како и дел Кичевчани кои дојдовме до личен контакт масовно се заинтересирани и веќе од утрешниот ден ќе го потврдат своето присуство на овој несекојдневен настан