Следете не

Здравје и убавина

Лук на утро прави чуда на организмот, иако одбегнат поради непријатна миризба

Објавено пред

на

Дали сте знаеле дека јадењето на цело чешне лук на ден прави чуда за вашето тело? Лук – едноставна состојка со неверојатни здравствени придобивки. Лукот го стимулира имунолошкиот систем и ја нормализира стомачната флора.

Лукот е моќен природен антибиотик. Навистина делува! Лукот убива многу голем број на различни бактерии. Лукот нашироко се користи во народната и традиционална медицина за лекување на многу болести и заболувања. Одгледувањето на лукот започнало пред околу 5000 години. Лукот се користел од страна на Римјаните, Асирците, Египќаните, Грците, Евреите, Арапите и многу други култури. Питагора го нарекол лукот „крал на зачини„. Најраните познати записи покажуваат дека лукот е важен дел од секојдневната исхрана на Египќаните. Египетски ракопис од тој период вклучува 800 лекови, од кои 22 биле направени со лук.

Дали сте знаеле дека јадењето лук на празен стомак всушност е навистина ефикасно во спречување и лекување на многу болести?

Научниците откриле дека кога ќе консумирате лук на празен стомак, тоа само ќе ја зголеми својата моќ, што го прави исклучително моќен природен антибиотик. Тоа се случува затоа што бактериите се веќе видливи и не можат да се одбранат од неговата моќ.

Користете лук наместо антибиотици

Лук е составен од азотни материи, натриум, калиум, селен, калциум, магнезиум, силициум, сулфурна и фосфорна киселина, витамин Ц, Д, Б, фитостероли, екстрактиви и есенцијални масла. Покрај тоа, лукот е богат со фитонциди, како што е алицинот, кој пак е формиран со механичкото уништување на растенијата, всушност со дробење или мелење на чешниња лук. Според некои истражувачи, алицинот има силен бактериостатски ефект кој помага во побрзо лекување на инфекции. Лукот, исто така, може да се користи против габични инфекции, што го прави лукот многу корисен лек од многуте денешни антибиотици.

Лук : Природен лек од од природата
Лукот содржи повеќе од четиристотини различни минерални состојки, вклучувајќи и многу антиоксиданси, кои имаат голем број позитивните терапевтски својства.

ДЕСЕТ НЕВЕРОЈАТНИ ЗДРАВСТВЕНИ ПРИДОБИВКИ НА ЛУКОТ

-Лукот спречува стареење и затнување на главните и периферни артерии.
-Лековитите својства на лукот помагаат при намалување на нивото на лошиот холестерол во крвта.
-Многу е важно да знаете дека лукот го зајакнува имунолошкиот систем, на тој начин ја зголемува способноста на телото да се одбрани од штетни природни влијанија.
-Лукот уништува голем број на различни бактерии.
-Лукот помага при заштита од срцеви заболувања. Ја намалува синтезата на триглицеридите во црниот дроб, која спречува развој на атеросклероза.
-Лукот го намалува крвниот притисок, а има и анти-воспалителни својства.
-Лукот е природен антибиотик и ефикасен лек против настинки.
-Препорачливо е да го користите лукот за нарушувања на нервниот систем.
-Лукот помага при уништување на клетките на глиобластома – малиген мозочен тумор.
-Лукот, исто така, делува како анти-коагулант, кој ја разредува крвта и спречува формирање на опасни крвно згрутчување (помага во намалување на ризикот од срцев удар или срцев напад).

Здравје и убавина

Знаете колку е битна положбата на спиење за здравјето?

Објавено пред

на

Сигурни сме дека често не размислувате за позата во која спиете, бидејќи после напорниот ден единствено е важно да легнете во кревет и да заспиете. Сепак, научниците дошле до заклучок дека положбата во која спиете може да има големо влијание врз вашето здравје.

Имајќи предвид дека приближно една третина од животот поминуваме спиејќи, позицијата која дава најдобра поддршка треба да биде еден од нашите приоритети.

„Спиењето на грб е најдобрата положба во која ‘рбетот може природно да се усогласи и да биде во неутрална положба без никакви свиоци или кривини, така што оваа положба е најздрава за’ рбетот. Телото на секого е различно и некои положби може да бидат подобри за одредена личност врз основа на неговата висина, тежина или какви било претходни повреди, а ако имате некаква болка во грбот, дефинитивно препорачувам да спиете на грб“, објаснува експертот за спиење Кјара Причард.

Само 10 проценти од луѓето спијат на грб

Покрај споменатите придобивки, докажано е дека оваа положба на спиење помага во спречување на металоиди, рефлукс на киселина во желудникот, но и ги ублажува симптомите на настинка или алергија. Во случај спиењето на грб да не ви доаѓа природно, експертите советуваат дека е доволно само да го практикувате.

Меѓутоа, истражувањата покажуваат дека само 10 отсто од луѓето имаат навика да спијат на грб, додека 16 отсто од нив спијат на стомак, а најголемиот број, дури 74 отсто, спијат на страна.

Важно е да се спомене дека спиењето на стомак е единствената поза која се смета за нездрава бидејќи создава притисок на ‘рбетот, градите и белите дробови. Со оваа поза повеќе е функцијата на вратот кој мора да го свртите на левата или десната страна и затоа, предупредуваат лекарите, го загрозувате протокот на крв.

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Киселини во желудник: Седум намирници за спас кои ја гасат „огнената“ болка

Објавено пред

на

Киселините во желудникот се симптом на болести во дигестивниот систем или на несоодветна исхрана кои се проследени со непријатно печење и болка зад градната коска. За среќа, и за нив постои олеснување, а тоа доаѓа во облик на овие производи.

Храна која ги смирува киселините во желудникот:

Чај од ѓумбир

Зовријте во вода исчистен и исечкан корен ѓумбир (со големина на палец), оставете го да отстои 10-тина минути, па испијте. Оваа напивка е делотворна против разни видови воспаленија, а ќе ги смири и киселините во желудникот.

Банани

Ако ги чувствувате симптомите на непријатните киселини во желудникот, изедете банана. Ова тропско овошје содржи минимални количини киселини, па така го штитат и смируваат надразнетиот желудник.

Бадемово млеко

Оваа здрава алтернатива на класичното кравјо или козјо млеко помага во неутрализирање на киселините во желудникот. Со бадемовото млеко изматете „смути“ во кое секако додадете јагоди, банани и спанаќ.

Овесни снегулки

Иритираниот желудник сака храна богата со прехранбени влакна како овесни снегулки. Наутро почнете со чинија снегулки кои ќе ви дадат енергија во текот на денот и ќе ја згаснат секоја евентуална болка.

Коморач

Во врела вода ставете две лажици семки од коморач. Оставете да отстои половина час, зачинете со мед и испијте. По консумирањето на оваа напивка ќе немате проблеми со киселините во желудникот.

Кефир и алое

Лажица сок од алое вера измешајте со кефир и изедете за појадок. Оваа одлична комбинација која го смирува системот за варење, а покрај тоа е мошне вкусна.

Лиснат зеленчук

Со зеленчукот е тешко да згрешите. Јадете што повеќе лиснат зеленчук како целер, брокули, карфиол и аспарагус кое содржи малку киселини па се добри во борбата против желудочните киселини.

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Дали знаете дека кафето штити од цироза на црниот дроб?

Објавено пред

на

Секојдневното консумирање кафе штити од цироза на црниот дроб, заклучуваат британските научници во студијата објавена во магазинот Alimentary Pharmacology & Therapeutics. Научниците од универзитетот во Саутемптон ги анализирале податоци од девет долгорочни истражувања спроведени врз речиси половина милион луѓе од шест држави.

Цирозата на црниот дроб е тешка болест којашто може да биде фатална, бидејќи значително ја зголемува можноста од затајување на функцијата на црниот дроб и појавата на рак.

Притоа заклучиле дека зголеменото консумирање кафе значително го намалува, речиси за половина, ризикот од заболување од цироза на црниот дроб. Шест повеќе шолји кафе, ризикот е помал, тврдат научниците. Според нив, два дополнителни филџани кафе во денот го намалуваат ризикот од цироза за 44 отсто.

Научниците појаснуваат дека кафето, освен кофеинот, содржи и многу биолошки активни состојки, како што се материите кои помагаат против воспаленијата. Освен индиректниот биохемиски ефект, кафето има и директна улога во заштитата од цироза, бидејќи разните состојки откриени во кафето ги блокираа вирусите хепатитот Б и Ц, а кафето го намалува и појавата на дијабетес од типот 2.

Во студијата се заклучува дека врските меѓу зголемените дневни консумации на кафе и намалениот ризик од цирозата на црнито дроб е голена, и е поголема отколку кај многу лекови кои се користат за превенција на оваа болест. Покрај тоа, спротивно од дејството на многу медикаменти, кафето нема ниту одблизу толку несакани појави.

/denar

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп4 часа

Хороскоп за недела (23 февруари)

ОВЕН Бидете јасни и гласни, но не фокусирајте се само на приказни за планови. Денот е идеален за први чекори...

Временска прогноза10 часа

Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!

Во текот на следната седмица, односно во периодот од 24 февруари (понеделник), па до 2 март (недела) студот во Македонија...

Свет10 часа

(ВИДЕО) Страшна несреќа во САД, автомобил падна од мост

Во Сакраменто, Калифорнија, автомобил падна од надвозник на автопат. За чудо, и покрај тоа што се превртел и слетал на...

Мобилни уреди10 часа

Крај на една ера, „Apple“ ја прекина една од најпрепознатливите функции на „iPhone“ по 18 години

Многу корисници изразуваат жалење поради отстранувањето на копчето Home и Touch ID, посочувајќи колку овие функции им биле корисни на...

Македонија13 часа

Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба

На 21.02.2025 година во 11,05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, случајни минувачи на кеј „Македонија“ во водите на...

Магазин21 час

YouTube конечно ги намалува цените. Наскоро доаѓа нова опција Premium Lite без реклами

YouTube официјално ќе започне со поевтина претплата Premium Lite, која ќе им овозможи на корисниците да гледаат видеа без реклами...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (22 февруари)

Овен Препораката е да водите сметка со кого соработувате во иднина за да немате поголеми проблеми. Потребно е да имате...

Македонија1 ден

Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“

АМСМ издаде известување за работа на пат, кое гласи: На автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 20.02.2025 г....

Lifestyle2 дена

Како да го искористите празното шише за детергент за чистење?

Пред да фрлите нешто, размислете дали може повторно да се употреби. Овој совет важи за сè – од стари тегли...

Магазин2 дена

Старомодни колачиња со јаткасти плодови кои одлично се комбинираат со кафе или чај

Овие неодоливи колачиња со ореви ќе ги воодушеват и најпребирливите љубители на слатки. Совршени за оние моменти кога сакате да...

НАЈЧИТАНИ