Следете не

Здравје и убавина

Магнезиум за притисок, витамин Б6 за имунитет: Што му треба на вашето тело и како тоа го покажува?

Објавено пред

на

Научниците од универзитетот “Minnesota” во трудот “Food As Information – Examples of the Roles Nutrients Play” откриваат како хранливите супстанци делуваат на поединечни органи и им помагаат да ги извршуваат своите функции. Напоменуваат дека овој приказ е само илустрација и дека многу повеќе намирници се вклучени во процесите кои ги наведуваат, вклучувајќи минерали во трагови и ко-фактори.

  • За имунолошката функција важни се: витаминот А, витаминот Е, цинк, фолна киселина, витамин Б6, рибофлавинот, магнезиумот, селенот и витамин Ц.
  • За нервниот систем: натриум, калиум, калциум, магнезиум, витамин Б6 и Б12, фолна киселина, бакар, витамин Ц.
  • За регенерација на ткивата: витамините А, Е, Ц и Б6, бакар, рибофлавин, магнезиум.
  • За метаболизмот: калиум, тиамин, ниацин, рибофлавин, фолна киселина, витамин Б6 и витамин Ц.

Магнезиумот е неопходен за сите горенаведени функции. Тој е минерал кој се наоѓа во пченичните микроби, оревите и семките (особено семките од тиква), сојата, тофуто, темното чоколадо, темнозелениот зеленчук, јогуртот и другите млечни производи и рибата. Меѓутоа на количината магнезиум кој се содржи во храната која го има, влијае содржината на почвата во која е одгледувана. А факт е дека процентот на магнезиум во земјата во текот на  минатиот век значително е намален, па не е едноставно да се внесе во голема количина исклучиво преку храната.

Функции на магнезиумот:

-потребен за здрави коски,

-учествува во преносот на нервните импулси,

-ги опушта мускулите,

-ја зголемува енергијата,

-допринесува за здравјето на крвните садови,

-го снижува крвниот притисок,

-го зголемува ХДЛ холестеролот,

-вомага во контрола на шеќерот,

-поттикнува заздравување на рани,

-и ја ојакнува имунолошката функција.

Што се случува кога на организмот му недостига магнезиум? Ако некоја личност во тек на некое време не добива доволно магнезиум може да дојде до зголемен крвен притисок, грчење на мускулите и аритмија. Потребата за магнезиум се зголемува кај луѓе кои се под стрес, раздразливи и склони кон депресивни состојби, имаат проблеми со грчеви во мускулите, успорена пробава, кај спортисти, трудници и доилки.

Како да обезбедите доволни количини магнезиум? Најновите истражувања покажаа дека, ако се работи за ниско ниво на магнезиум најдобро е да го надокнадите со орални додатоци на исхраната, односно со употреба на магнезиум во облик на спреј кој се нанесува на кожата или како купка. Растворот на магнезиум може да се прска на кожата, а телото може побрзо да го апсорбира бидејќи влегува директно во крвотокот и ткивата, а притоа не влегува во бубрезите како што е случај кај орална употреба на магнезиум. Предност е тоа што телото зима магнезиум колку што му е потребно, а остатокот не го апсорбира.

Преголемите дози магнезиум можат да предизвикаат нус-појави. Додатоците магнезиум треба да се земаат внимателно и дури откако добро ќе се информирате, бидејќи превисоките дози можат да предизвикаат негативни ефекти како дијареа, умор, мускулна слабост, намалување на срцевите отчукувања и крвниот притисок, плитко дишење и губење на рефлекси.

/попара

Здравје и убавина

Знаете колку е битна положбата на спиење за здравјето?

Објавено пред

на

Сигурни сме дека често не размислувате за позата во која спиете, бидејќи после напорниот ден единствено е важно да легнете во кревет и да заспиете. Сепак, научниците дошле до заклучок дека положбата во која спиете може да има големо влијание врз вашето здравје.

Имајќи предвид дека приближно една третина од животот поминуваме спиејќи, позицијата која дава најдобра поддршка треба да биде еден од нашите приоритети.

„Спиењето на грб е најдобрата положба во која ‘рбетот може природно да се усогласи и да биде во неутрална положба без никакви свиоци или кривини, така што оваа положба е најздрава за’ рбетот. Телото на секого е различно и некои положби може да бидат подобри за одредена личност врз основа на неговата висина, тежина или какви било претходни повреди, а ако имате некаква болка во грбот, дефинитивно препорачувам да спиете на грб“, објаснува експертот за спиење Кјара Причард.

Само 10 проценти од луѓето спијат на грб

Покрај споменатите придобивки, докажано е дека оваа положба на спиење помага во спречување на металоиди, рефлукс на киселина во желудникот, но и ги ублажува симптомите на настинка или алергија. Во случај спиењето на грб да не ви доаѓа природно, експертите советуваат дека е доволно само да го практикувате.

Меѓутоа, истражувањата покажуваат дека само 10 отсто од луѓето имаат навика да спијат на грб, додека 16 отсто од нив спијат на стомак, а најголемиот број, дури 74 отсто, спијат на страна.

Важно е да се спомене дека спиењето на стомак е единствената поза која се смета за нездрава бидејќи создава притисок на ‘рбетот, градите и белите дробови. Со оваа поза повеќе е функцијата на вратот кој мора да го свртите на левата или десната страна и затоа, предупредуваат лекарите, го загрозувате протокот на крв.

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Киселини во желудник: Седум намирници за спас кои ја гасат „огнената“ болка

Објавено пред

на

Киселините во желудникот се симптом на болести во дигестивниот систем или на несоодветна исхрана кои се проследени со непријатно печење и болка зад градната коска. За среќа, и за нив постои олеснување, а тоа доаѓа во облик на овие производи.

Храна која ги смирува киселините во желудникот:

Чај од ѓумбир

Зовријте во вода исчистен и исечкан корен ѓумбир (со големина на палец), оставете го да отстои 10-тина минути, па испијте. Оваа напивка е делотворна против разни видови воспаленија, а ќе ги смири и киселините во желудникот.

Банани

Ако ги чувствувате симптомите на непријатните киселини во желудникот, изедете банана. Ова тропско овошје содржи минимални количини киселини, па така го штитат и смируваат надразнетиот желудник.

Бадемово млеко

Оваа здрава алтернатива на класичното кравјо или козјо млеко помага во неутрализирање на киселините во желудникот. Со бадемовото млеко изматете „смути“ во кое секако додадете јагоди, банани и спанаќ.

Овесни снегулки

Иритираниот желудник сака храна богата со прехранбени влакна како овесни снегулки. Наутро почнете со чинија снегулки кои ќе ви дадат енергија во текот на денот и ќе ја згаснат секоја евентуална болка.

Коморач

Во врела вода ставете две лажици семки од коморач. Оставете да отстои половина час, зачинете со мед и испијте. По консумирањето на оваа напивка ќе немате проблеми со киселините во желудникот.

Кефир и алое

Лажица сок од алое вера измешајте со кефир и изедете за појадок. Оваа одлична комбинација која го смирува системот за варење, а покрај тоа е мошне вкусна.

Лиснат зеленчук

Со зеленчукот е тешко да згрешите. Јадете што повеќе лиснат зеленчук како целер, брокули, карфиол и аспарагус кое содржи малку киселини па се добри во борбата против желудочните киселини.

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Дали знаете дека кафето штити од цироза на црниот дроб?

Објавено пред

на

Секојдневното консумирање кафе штити од цироза на црниот дроб, заклучуваат британските научници во студијата објавена во магазинот Alimentary Pharmacology & Therapeutics. Научниците од универзитетот во Саутемптон ги анализирале податоци од девет долгорочни истражувања спроведени врз речиси половина милион луѓе од шест држави.

Цирозата на црниот дроб е тешка болест којашто може да биде фатална, бидејќи значително ја зголемува можноста од затајување на функцијата на црниот дроб и појавата на рак.

Притоа заклучиле дека зголеменото консумирање кафе значително го намалува, речиси за половина, ризикот од заболување од цироза на црниот дроб. Шест повеќе шолји кафе, ризикот е помал, тврдат научниците. Според нив, два дополнителни филџани кафе во денот го намалуваат ризикот од цироза за 44 отсто.

Научниците појаснуваат дека кафето, освен кофеинот, содржи и многу биолошки активни состојки, како што се материите кои помагаат против воспаленијата. Освен индиректниот биохемиски ефект, кафето има и директна улога во заштитата од цироза, бидејќи разните состојки откриени во кафето ги блокираа вирусите хепатитот Б и Ц, а кафето го намалува и појавата на дијабетес од типот 2.

Во студијата се заклучува дека врските меѓу зголемените дневни консумации на кафе и намалениот ризик од цирозата на црнито дроб е голена, и е поголема отколку кај многу лекови кои се користат за превенција на оваа болест. Покрај тоа, спротивно од дејството на многу медикаменти, кафето нема ниту одблизу толку несакани појави.

/denar

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогноза2 часа

Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!

Во текот на следната седмица, односно во периодот од 24 февруари (понеделник), па до 2 март (недела) студот во Македонија...

Свет2 часа

(ВИДЕО) Страшна несреќа во САД, автомобил падна од мост

Во Сакраменто, Калифорнија, автомобил падна од надвозник на автопат. За чудо, и покрај тоа што се превртел и слетал на...

Мобилни уреди2 часа

Крај на една ера, „Apple“ ја прекина една од најпрепознатливите функции на „iPhone“ по 18 години

Многу корисници изразуваат жалење поради отстранувањето на копчето Home и Touch ID, посочувајќи колку овие функции им биле корисни на...

Македонија5 часа

Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба

На 21.02.2025 година во 11,05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, случајни минувачи на кеј „Македонија“ во водите на...

Магазин13 часа

YouTube конечно ги намалува цените. Наскоро доаѓа нова опција Premium Lite без реклами

YouTube официјално ќе започне со поевтина претплата Premium Lite, која ќе им овозможи на корисниците да гледаат видеа без реклами...

Хороскоп21 час

Хороскоп за сабота (22 февруари)

Овен Препораката е да водите сметка со кого соработувате во иднина за да немате поголеми проблеми. Not seeing a widget?...

Македонија22 часа

Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“

АМСМ издаде известување за работа на пат, кое гласи: На автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 20.02.2025 г....

Lifestyle1 ден

Како да го искористите празното шише за детергент за чистење?

Пред да фрлите нешто, размислете дали може повторно да се употреби. Овој совет важи за сè – од стари тегли...

Магазин1 ден

Старомодни колачиња со јаткасти плодови кои одлично се комбинираат со кафе или чај

Овие неодоливи колачиња со ореви ќе ги воодушеват и најпребирливите љубители на слатки. Совршени за оние моменти кога сакате да...

Храна1 ден

Рецепт за највкусна чоколадна торта: Тајната е во овие три неочекувани состојки

Секој љубител на чоколадни торти знае дека правењето на совршено мека, сочна и вкусна торта е уметност. Но, што ако...

НАЈЧИТАНИ