Кичево
Кичево: Малолетник и човек на возраст од 56 год со кривична за измама, односно тешка кражба
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Љ.И. (56) од село Жубрино, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „измама при добивање кредит или друга погодност“. На 24.07.2014 година во Одделение за управни работи Охрид, пријавениот, во прилог на барањето за уверение за живеалиште, приложил лажна изјава дека се вратил да живее во Република Македонија, по што му била издадена потврда. Тој, потврдата ја приложил при постапка за идентификација на две товарни возила во Бирото за метрологија при Министерството за Економија со цел да ја искористи погодноста од член 24 од Законот за возила.
Полициската станица Кичево исто така поднесе кривична пријава против 15-годишник од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела „тешка кражба“. Во периодот од 31 мај до 12 јуни оваа година со погоден предмет ги отворил вратите на една сендвичара, еден ресторан и две продавници во централното градско подрачје во Кичево, каде што влегол и одзел пари, патики, техничка стока и други поситни предмети.
Извор: МВР
Кичево
ОВР Кичево: Ноќеска 10 пијани возачи и 1 одземен нерегистриран мотор

Во текот на изминатата вечер (13/14.08.2022) во рамки на Оперативниот план „Безбедно лето 2022“, во периодот од 22.00 до 04.00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе акциска контрола на територијата на град Кичево за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
При контролата санкционирани се 36 возачи, од кои 10 за возење под дејство на алкохол, а еден мотоцикл е одземен поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава.
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информираат од МВР.
Кичево
(ВИДЕО) Суспектниот кичевчанец на мајмунски сипаници денес бил тестиран, неговите резултати ќе се објават во текот на вечерта

Кичевчанецот суспектен на мајмунски сипаници кој неодамна се вратил од Австрија, конечно е тестиран и е во изолација, потврдија од Комисијата за заштита од заразни болести. По три дена брканица денеска или најдоцна утре Македонија конечно ќе донае дали во државата има мајмунски сипаници. Во меѓувреме, по наредба на Министерот за здравство веќе е испратен инспектор до неговиот дом за да му биде доставено и решение за здравствен надзор.
– „Пациентот од Кичево денеска беше исконтактиран, а потоа и тестиран од страна на Центарот за јавно здравје во Битола. Во моментов, тој е во изолација, а резултатите од тестот ги очекуваме до 20 часот.“ – изјави Мехмедовиќ
Видео од прилогот како и целиот натпис погледнете го на порталот од Алфа Телевизија ТУКА
Кичево
Алфа ТВ: Прв сомнителен случај со „мајмунски сипаници“ жител на град Кичево

Според извори од Алфа Телевизија пациент од Кичево е првиот сомнителен случај со „мајмунски сипаници“. Според информациите до кои дојде Алфа пациентот имал закажано термин на инфективна клиника во Скопје, така што го очекуваат да пристигне во секој момент.
Според истиот извор, кичевската брза помош одбила да го пренесе, па тој со сопствено возило се упатил кон клиниката во Скопје.
Дополнително како што наведуваат, врз пациентот најверојатно ќе му бидат извршени лабараториски испитувањa за да се потврди дали се работи за мајмунски сипаници.
Видео од прилогот на Алфа ТУКА
Извор и повеќе информации: Алфа Телевизија
-
Хороскоп1 ден
Дневен Хороскоп (14 август) – недела
-
Lifestyle24 часа
(ВИДЕО) Лозано: Дома си е дома, „Ја излези Ѓурѓо“ од многу грла во еден глас ❤️ Кичево!
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за понеделник (15 август)
-
Кичево13 часа
ОВР Кичево: Ноќеска 10 пијани возачи и 1 одземен нерегистриран мотор
-
Временска прогноза2 дена
Поизразено невреме проследено со интензивен пороен дожд – ова се најновите метео информации
-
Македонија2 дена
Ноќниот радар „коси“, вчера во зајакната акциска санкционирани 261 возач кои ја пречекориле дозволената брзина на возење
-
Македонија1 ден
СВР Охрид со активности на г.п. Ќафасан – „На пат секогаш тргнувај одморен“
-
Спорт7 часа
Академија Пандев со „петарда“ на гости, Силекс ја изненади Шкендија, додека стружани победија во Штип