Следете не

Спорт

(ФОТО) Кичевчанец се закити со сребро на овогодинешната „Атлета на Македонија 2019“

Објавено пред

на

Кичевчанецот Драган Веланоски на свои 29 години и 76 kg, го оствари сонот да се натпреварува во дисциплините на „Атлета на Македонија 2019“.
Со напорни диети, секојдневни тренинзи се стигнува до целта, иако дебитираше практично го зграбивме второто место во „Body Classic“ дисциплината и донесовме сребро во Кичево и диплома за клубот „Флекс“, а настапуваше за клубот „Атлета“ од Скопје.
– Можам да издвојам само дека прекрасно е чувството иако сосема различно на сцената, се надевам дека ова ќе биде мотив за поголема работа во иднина не само кај мене туку и кај помладите, бидејќи имаме потенцијал како град и заинтересирани момци кои сакаат да вложат во самите себе..
Ја користам оваа прилика да Ви се заблагодарам вас како медиумски покровител „ПОРТА.мк“, мојот тренер Живорад Милутиновиќ од Србија за професионалните тренинзи, Боди Билдинг Клуб – „Флекс“ Кичево, каде вежбав секојдневно и за мене беше секогаш отворен, момците без кои неможев да го замислам денот каде вистинско уживање беше секој миг пропратен со многу искуства, помагања околу вежби, тренинзи и најважно од се исхраната, луѓето кои ме бодреа и од зад сцената: Марјан Ризов, Артан Селими, Кристијан Цветаноски и Милан Дамјаноски, како и на сите спонзори и добронамерни луѓе кои ми помогнаа на секаков начин за ова натпреварување, АТВА Маркети, АТВА Резиденс, Balkan Sabit, 2ss, Унимак 95, Nusret Kompani и други – на кратко додаде за нашиот портал Драган.

Спорт

Пламенот на Олимписките игри кои летово ќе се одржат во Париз, официјално предаден на организаторите на игрите

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/youtube

Пламенот на Олимписките игри, кои летово ќе се одржат во Париз, вчера беше официјално предаден на француските организатори на Игрите на стадионот во Атина, каде во 1896 година се одржаа првите модерни игри.

Грчкиот ватерполист Јанис Фунтулис, последниот во низата факели низ Грција, го запали пламенот на стадионот Панатинаикос, а потоа пламенот му беше предаден на шефот на Олимписките игри во Париз, Тони Естанге.

Во сабота, Пламен ќе отпатува за Франција со едрилица од 19 век преку Средоземното Море, за да стигне до Марсеј 12 дена подоцна. Пламенот бил запален на 16 април во Олимпија, каде што се одржувале античките игри од околу 776 година п.н.е. до 393 година од нашата ера.

Олимпискиот оган преку ноќ ќе биде поставен во амбасадата на Франција, а во сабота, односно денес со брод од пристаништето Пиреја ќе биде пренесен во Марсеј. Пламенот треба да пристигне во Марсеј на 8 мај, а потоа преку Франција ќе патува до Париз, каде ќе се одржи церемонијата на отворање на Игрите.

Олимписките игри ќе траат од 26 јули до 11 август, а потоа и Параолимписките игри.

Прочитај повеќе...

Спорт

Ѓоковиќ: Српскиот „ас“ силно го посакува 25-иот „Грен слем“ и мисли само на победа, ништо друго.

Објавено пред

на

Новак Ѓоковиќ, најдобриот светски тенисер силно ја посакува 25-тата. Грен слем титула во кариерата и тоа не го крие. Српскиот „ас“ во интервју за „CNN“ истакна дека мисли само на победи бидејќи таков му е менталитетот.

Можеби на почетокот на сезоната Новак Ѓоковиќ не делуваше премногу мотивирано, но светскиот рекет број еден дефинитивно е тоа, како што изгледа повеќе од било кога.

Српскиот ас во интервју за Си-Ен-Ен проговори како веќе се визуелизирал како победник на Ролан Гарос и затоа едвај чека да започне турнирот на париската земјена подлога, пренесува Спутник.

„Само победа, ништо друго, таков е менталитетот. Визуелизацијата е важна, кога ќе видите дека успевате во неа, затоа се радувам и едвај чекам да започне турнирот. Секако дека знам дека не сум единствениот кој ја посакува таа титула и со нетрпение го чекам предизвикот“, изјави Новак.

Најдобриот светски тенисер е свесен дека младите играчи како Карлос Алкараз и Јаник Синер се желни за титули, но тоа уште повеќе го мотивира.

„Секако дека не сум единствениот кој сака да ја освои таа титула, но со нетрпение ја очекувам. Сакам да се натпреварувам со различни генерации. Влегуваат млади момци… сите се неверојатно гладни, спремни и брзи, ќе ја искористам мојата способност да се прилагодам за да им ја подготвам вистинската тактика. Разбирам што е потребно за да се остане на врвот и да се натпреварува со нив во борбата за титули“, изјави српскиот ас.

На крајот објасни дека нема многу време да размислува за победите и поразите кои се зад него, бидејќи секогаш има нов предизвик за него.

„Многу е важно да живеете во моментот, да ја цените сегашноста, но во исто време да се сеќавате на минатото, вашиот пат и да ги цените луѓето кои ве опкружуваат. Секоја недела се случува нешто ново во тенисот и тоа треба да го цените и вие. Иако, повеќе ќе размислувам за тоа кога ќе ја завршам кариерата. Додека сте уште активни, размислувате само за следниот предизвик, следниот турнир. Имате можеби неколку дена во годината, можеби една недела да размислите што сте постигнале“, заклучи Ѓоковиќ.

Првиот светски рекет го прескокнува Мастерсот во Мадрид додека игра во Рим, кој е последната станица пред Ролан Гарос.

Извор: politis.rs

Прочитај повеќе...

Спорт

КМФ „Форца 2015“ е освојувач на Купот на Македонија во футсал

Објавено пред

на

©ФФМ

Форца 2015 е освојувач на Купот на Македонија во футсал, по издвојуваната победа над тимот на Клими од Кавадарци, на финалниот натпревар одигран во спортскиот центар Гемиџии во Велес. Екипата на Форца 2015 во еден интересен натпревар успеа да слави победа со вкупен резултат од 6:2.

Зоран Левски го постигна првиот гол на средбата за предност на Форца 2015 од 1:0. Екипата на Клими брзо се вратија во игра и преку Мартин Никовиќ успеаа да го израмнат резултатот.

Во продолжението Форца ја наметна својата игра и успеа да постигне 5 голови за убедлива и сигурна предност. Стрелци на головите беа Харис Омеровиќ, Зоран Левески, Берат Рамадани, додека Иван Крстевски стрелаше два пати.

Голот за намалување на предноста и поставување на конечните 6:2 го постигна Димче Андов, истакнаа од ФФМ.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево5 часа

(ФОТО) Прекрасен ден со најмилите деца од Кичево, кои денес гласно го прославија „Лазаревото Воскресение“, среќа и радост на едно место!

Денес празнуваме еден невообичаен настан во кој се опишува победата над најголемиот страв на човекот – смртта, со кој воедно...

Култура12 часа

Денеска е Лазарева сабота, додека утре е „Цветници“

Денеска е Лазарева сабота, еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус. Лазарова сабота е променлив празник и секогаш се...

Спорт18 часа

Пламенот на Олимписките игри кои летово ќе се одржат во Париз, официјално предаден на организаторите на игрите

Пламенот на Олимписките игри, кои летово ќе се одржат во Париз, вчера беше официјално предаден на француските организатори на Игрите...

Хороскоп20 часа

Хороскоп за сабота (27 април)

ОВЕН Не се опуштајте премногу, особено ако имате впечаток дека имате целосна контрола врз вашиот живот и настаните што ве...

Социјални мрежи21 час

Врховниот суд и даде рок на социјалната мрежа „Х“ (твитер) да се изјасни зошто не ги почитува пресудите

Врховниот суд на Бразил ѝ даде рок на платформата Х (Твитер) до петок да објасни зошто не ги почитува претходните...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за петок (26 април)

ОВЕН  Ако денес планирате патување или треба да се справите со авторитети, внимавајте да не ги прекршите правилата. Некој ќе...

Магазин2 дена

Qualcomm го предизвикува Intel: претстави нови Snapdragon чипови за пазарот на компјутери

Qualcomm ги промовира двата чипсети како врвни решенија за вештачка интелигенција, нагласувајќи дека тие ги имаат најбрзите NPU за лаптопи...

Кичево2 дена

Во сабота по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во Кичево ќе се одржи свечена поворка со традиционални каланди

Возљубени наши пријатели, на наша чест, преку нашиот медиум ве информираме дека на ден 27.04.2024г. (сабота), по повод празникот на...

Автомобили2 дена

Електрични возила и губење на вредноста

Размислувате за купување на електрично возило, но не сте сигурни за неговата препродажна вредност? Новото истражување открива дека додека постарите...

Автомобили2 дена

Кои автомобили се најевтини за одржување во САД?

Првично, трошоците за одржување беа ниски и слични за повеќето брендови. Consumer Reports подетално ги разгледа трошоците за одржување на...

НАЈЧИТАНИ