Спорт
Младите каратисти од Кичево ги собраа медалите на Државниот Шампионат во карате

На минатонеделниот Државен шампионат во карате што се одржа во Кавадарци и на кој учествуваа натпреварувачи од сите клубови во земјава, младите каратисти од клубот Ускана од Кичево, завршија со грст медали.
Кичевските каратисти, предводени од Анастасија Мингоска, Блерина Зендели, Јана Спасеноска, Бленд Махмуди, Тамара Ѓурчиноска, Нуредин Дервиши и Даријан Ристоски, освоија седум први места и две трети места и се вброија во редот на најуспешни клубови на овој шампионат.
Освојувачите на едно од првите три места на шампионатот обезбедија место во селекцијата на Македонија за Балканското првенство, кое ќе се одржи од 31 мај до 6 јуни во Бања Лука во БиХ.
– Во категоријата кати индивидуално женски 2006, златниот медал ѝ припадна на нашата Анастасија Мингоска. Ист резултат има и Блерина Зендели за женски родени во 2009 година. Таа го освои и првото место во кумите во категорија до 30 килограми. Јана Спасеноска во кати индивидуално беше најдобра за женски родени во 2007 година, додека Нуредин Дервиши во кати индивидуално за машки родени во 2008 година се искачи највисоко на пиедесталот. Во кумите во категорија до 54 килограми, Тамара Ѓурчиноска стана шампион на Македонија, додека триото во состав Јана Спасеноска, Анастасија Мингоска и Тамара Ѓурчиноска го освои првото место во кати за женски родени во 2006 и 2007 година. Со трети места во кати од овој шампионат се вратија Тамара Ѓурчиноска и Бленд Махмуди – истакна еден од двајцата тренери на КК Ускана, Неџби Дервиши.
Текст: Зоран Антоски
Спорт
ФФМ со реакција: Закажаното Собрание на ОФС Охрид не е според Статутот на сојузот

Фудбалската федерација на Македонија праќа информација дека закажаното Собрание за 19.02.2025 година на ОФС Охрид не е закажано во согласност со Статутот на ОФС Охрид во кој е утврден рок од 30 дена од денот на закажување до денот на одржување на Собранието.
Имено, Управниот одбор на ОФС Охрид на седница одржана на 27.01.2025 година го закажува своето Собрание за 19.02.2025 година.
Како што велат во интегралното соопштение на Фудбалската федерација, одлуката на Управниот одбор на ФФМ донесена на 27.12.2024 година не е променета, а тоа значи дека Фудбалската федерација на Македонија нема да има претставник на Собрание кое е закажано спротивно на одредбите од Статутот на Општинскиот фудбалски сојуз – Охрид.
Извор: ФФМ
Спорт
Судијата погрешил за поновениот пенал на мечот Вардар – Шкендија, одлучи ФФМ судиската организација и комисија

Судиската организација и комисија на Фудбалската федерација на Македонија излезе со соопштение по добиениот писмен допис од страна на ФК Шкендија, и како што наведуваат во текстот истиот гласи вака:
– Пред да го добиеме истиот ние како судиска организација и како комисија за делегирање на судии, а во координација со официјалните лица на натпреварите направивме анализа на одиграните натпревари, а посебен фокус е ставен кон дуелот Вардар – Шкендија (1:2).
Ние како надлежни тела на ФФМ, како судиска организација сме, исто така, сериозно загрижени за Ваквиот однос од Ваша страна. Фудбалот е спорт во кој треба стручните лица да ги решаваат спорните моменти, а не тоа да се прави со тенденциозни и намерни критики без притоа да се остави на надлежните органи да се справат со анализа на натпреварите.
Со овој допис, а по консултација со официјалните лица на споменатиот натпревар се донесени следните заклучоци.
Во прилог целосниот текст погледнете го на официјалниот натпис ТУКА
Спорт
Женската репрезентација на Македонија в петок ја дочекува селекцијата на Косово во Лигата на Нации, Андонова поради повреда без ангажман на овој меч

Македонската женска „А“ репрезентација на Македонија на 21-ти февруари на домашен терен, со почеток од 14:00 часот ја дочекува селекцијата на Косово во рамките на стартот на новото издание на Лигата на Нации.
Нашата женска селекција се наоѓа во групата 6 од сегментот „Ц“ заедно со селекциите на Косово и Летонија. Селекторот на Македонија, Александар Андов за претстојната пресметка со Косово се одлучи да ги повика следните фудбалери:
ГОЛМАНИ:
Берна Кабакчи Карсон Њумен, САД
Викторија Панчурува Тиверија Брера
Кристина Павлоска Топ Гол
ОДБРАНА:
Ана Милчевска Ланчхути, Грузија
Ане Бошевска Тиверија Брера
Павлинка Николовска Тиверија Брера
Елена Панеска Олимпија, Словенија
Бојана Петкова Полонија Срода, Полска
Сара Коларовска Скопје 2014
Викторија Недева Тиверија Брера
Александра Јовановска Љуботен
СРЕДЕН РЕД:
Хава Мустафа Љуботен
Александра Марковска Љуботен
Симона Ребека Меијер Макаби Кишронод Хадера, Израел
Ленче Андрееска Уние Кадин , Турција
Икмете Лимани Швеинфурт 05, Германија
НАПАД:
Јилза Максути Уние Кадин, Турција
Гентијана Рочи Купс, Финска
Лора Сулејмани ГПСО 92, Франција
Јована Павловска Легија, Полска
Марјана Нацева Борусија Дортмунд, Германија
Билјана Панева Тиверија Брера
Поради повреда, нашата најдобра фудбалерка Наташа Андонова нема да биде во можност да му се стави на располагање на селекторот Александар Андов за дуелот против Косово.
Инаку нашите фудбалерки денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски” во Скопје официјално ги започнаа подготовките за претстојните предизвици од новиот циклус на „Лига на нации”, известија од Фудбалската Федерација на Македонија.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (21 февруари)
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за сабота (22 февруари)
-
Култура2 дена
Три децении монашко служење и духовно татковство на Епископ Партениј, Игумен Бигорски
-
Македонија22 часа
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“
-
Временска прогноза2 часа
Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!
-
Македонија5 часа
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба
-
Магазин1 ден
Како да ја зачувате батеријата на телефонот: Четири клучни совети
-
Мобилни уреди2 часа
Крај на една ера, „Apple“ ја прекина една од најпрепознатливите функции на „iPhone“ по 18 години