Следете не

Македонија

На денешен ден далечната 1943 после сурово измачување убиени се македонските херои Мирче Ацев и Страшо Пинџур – Вечна слава!

Објавено пред

на

На денешен ден, 4 јануари 1943, во Скопскиот затвор, после сурово и нечовечко мачење од страна на бугарските фашисти, се убиени се македонските херои Мирче Ацев и Страшо Пинџур.

Прогонувани од бугарскиот окупатор биле жално мачени во скопскиот затвор, дури со клешти им ги откорнале ноктите, сечеле прстите и им кинеле месо од телата. По повеќедневно ѕверско измачување без судски процес, наjпрво умира Страшо Пинџур, а истиот ден поради тоа што не кажал ниедно име и не предал никого, бугарските фашисти го убиваат и Мирче Ацев. Кога Мирче Ацев бил однесен на погреб во Прилеп, неговите блиски виделе дека му биле откорнати ноктите од прстите, некои прсти му биле исечени, а фашистите дури му кинеле и месо од телото, што предизвикало огромен револт кај Македонците кои дошле на неговиот погреб. Кога виделе колкав е револтот кај Македонскиот народ од погребот на Мирче Ацев, никогаш не го покажале телото на Страшо Пинџур, и до ден денес не се знае неговиот гроб.

Партизанскиот леток во кој беше опишана нивната смрт, откако 5 дена беа ѕверски мачени од фашистите: „Мирче Дончов Ацев и Страхил Пинџуров се мртви. Тие не умреа како што умира секоj смртен човек, ами беа на најѕверски начин мачени и претепани… па после утепани. На колку хиљади чесни Македонци им се дига косата кога ќе го види Мирчета во болничка мртвачница и во Прилеп кога го закопуваа со исечени прсти, со извадени нокти и искинато месо од коските.

Македонските мајки, татковци и сестри виделе ногу свој синови и браќа мачени и утепани, но досега вакви ѕверства и нечовечно мачење немаја видено. Вака не мачеле ни турските јаничари, башибозлуци и крџалии… Додека Пинџурот го скрија да не се гледаат неговите искршени коски, оти поучени од Мирчевиот случај, виде како за резилок стануват во очите на народот…“

Повеќе за нивната историја ќе најдете на официјалните натписи на Wikipedia Линк1 и Линк2

Вечна Слава Херои!

Македонија

Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба

Објавено пред

на

ФОТО: Никола Наумоски @nikolanajk1

На 21.02.2025 година во 11,05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, случајни минувачи на кеј „Македонија“ во водите на Охридското езеро, забележале неексплодирана бомба.

Местото е обезбедено од полициски службеници а овластен претставник на Дирекција за заштита и спасување, безбедно ја подигнал по што е пренесена за натамошна постапка, информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Прочитај повеќе...

Македонија

Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“

Објавено пред

на

АМСМ издаде известување за работа на пат, кое гласи: На автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 20.02.2025 г. до 31.05.2025 година, поради изведба на реконструкција на левата тунелска цевка на Тунел Т2 ќе има времена измена на сообраќајот.

Левата тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во десната тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот.

Прочитај повеќе...

Македонија

Нова бензинска станица на ЛУКОИЛ во Гостивар, целосно модернизиран објект во населба Драчево

Објавено пред

на

©LukoilMacedonia

Реномираниот бренд Лукоил Македонија кој 20 години постои на пазарот, синоним за успех и квалитет, достигнувања во работењето и квалитетот на услугите, во рамки на денешниот ден ја отвори 40-тата бензинска станица во Гостивар, на барање на потрошувачите. Таа се наоѓа на ул. 101 бр.5, снабдена со најдобриот асортиман на производи во маркет, најдобрите ЕКТО еколошки горива, ТНГ автоплин и препознатливото највкусно кафе.

– Претходно, модернизирана беше и бензинската станица во населба Драчево, а во тек се реализации на повеќе бензински станици, на превој Стража и други.

БС Драчево

БС Драчево

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп12 часа

Хороскоп за недела (23 февруари)

ОВЕН Бидете јасни и гласни, но не фокусирајте се само на приказни за планови. Денот е идеален за први чекори...

Временска прогноза17 часа

Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!

Во текот на следната седмица, односно во периодот од 24 февруари (понеделник), па до 2 март (недела) студот во Македонија...

Свет17 часа

(ВИДЕО) Страшна несреќа во САД, автомобил падна од мост

Во Сакраменто, Калифорнија, автомобил падна од надвозник на автопат. За чудо, и покрај тоа што се превртел и слетал на...

Мобилни уреди17 часа

Крај на една ера, „Apple“ ја прекина една од најпрепознатливите функции на „iPhone“ по 18 години

Многу корисници изразуваат жалење поради отстранувањето на копчето Home и Touch ID, посочувајќи колку овие функции им биле корисни на...

Македонија20 часа

Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба

На 21.02.2025 година во 11,05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, случајни минувачи на кеј „Македонија“ во водите на...

Магазин1 ден

YouTube конечно ги намалува цените. Наскоро доаѓа нова опција Premium Lite без реклами

YouTube официјално ќе започне со поевтина претплата Premium Lite, која ќе им овозможи на корисниците да гледаат видеа без реклами...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (22 февруари)

Овен Препораката е да водите сметка со кого соработувате во иднина за да немате поголеми проблеми. Потребно е да имате...

Македонија2 дена

Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“

АМСМ издаде известување за работа на пат, кое гласи: На автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 20.02.2025 г....

Lifestyle2 дена

Како да го искористите празното шише за детергент за чистење?

Пред да фрлите нешто, размислете дали може повторно да се употреби. Овој совет важи за сè – од стари тегли...

Магазин2 дена

Старомодни колачиња со јаткасти плодови кои одлично се комбинираат со кафе или чај

Овие неодоливи колачиња со ореви ќе ги воодушеват и најпребирливите љубители на слатки. Совршени за оние моменти кога сакате да...

НАЈЧИТАНИ