Македонија
Да му помогнеме на Горазд самостојно да зачекори по патеката на животот и да ја пронајде својата среќа, храбро и достоинствено

Горазд Исаковиќ е детенце со посебни потреби. Поради проблеми со колената и колковите, Горазд не може да се движи. Потребна му е хируршка интервенција за да застане на нозе.
Родителите не се во можност да ги обезбедат финансиските средства потребни за операција и затоа упатуваат апел до сите кои можат да одделат мал дел од своите финансиски средства за да подарат време кое ќе биде исполнето со среќа и со тага, со сета енергија која ја носи животот.
Да му помогнеме на Горазд самостојно да зачекори по патеката на животот и да ја пронајде својата среќа, храбро и достоинствено.
Телефони за донации: 070 143 133 на Телеком и 077 143 472 на Vip/One
Трансакциска сметка: 200002202808397 (Стопанска Банка)
IBAN: MK07200003295598951 EUR
SWIFT CODE: STOBMK2X
STOPANSKA BANKA AD SKOPJE
Skopje 11th Oktomvri no.7
Republic of Macedonia
Beneficiary: Suzana Isakovikj
Address: Ho Shi Min no. 214b Skopje
Republic of Macedonia
Македонија
Штип-Кочани: На место ограничено 80 км/ч возел 151 км/ч – експресно бил приведен од полицијата!

На 10.03.2025 во 15.30 часот на експресен пат Штип – Кочани, кај село Крупиште, општина Карбинци, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип го лишиле од слобода А.М.(26) од Скопје, со живеалиште во Кочани.
При контрола во патниот сообраќај со уред за мерење брзина – радар надвор од населено место, било измерено дека тој управува патничко возило „фолксваген пасат“ со кочански регистарски ознаки со брзина од 151 километри на час на место каде што брзината е ограничена на 80 километри на час.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, информира МВР.
Македонија
Дизелот и бензинот со нова намалена цена за литар од ноќеска

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.03.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,50 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.03.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 76,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.03.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,50 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.03.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 76,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.03.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 70,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 69,50 ден/лит. година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 70,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 69,50 ден/лит.
Македонија
Цената на бензин горивата од ноќеска солидно се намалува

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.03.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.03.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, односно остануваат на исто ниво, како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.03.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 72,00 ден/лит, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 71,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 43,501 ден/кг.
-
Хороскоп23 часа
Дневен Хороскоп (12 март) – среда
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (11 март)
-
Македонија2 дена
Штип-Кочани: На место ограничено 80 км/ч возел 151 км/ч – експресно бил приведен од полицијата!
-
Lifestyle2 дена
Природно ѓубриво за орхидеи: Кујнски трик за бујно цветање
-
Временска прогноза15 часа
Услови за грмежи проследени со дожд, но генерално температури во пораст – вели Попоски
-
Lifestyle2 дена
Колку чини одгледувањето куче? Најскапи и најевтини раси
-
Спорт7 часа
Омерагиќ: Со заеднички амбиции и взаемна желба, ФФМ добива нов спонзор за македонскиот фудбал
-
Спорт1 ден
Станиќ ги истакна избраниците на Македонија до 21 година против Белорусија и Азербејџан во Анталија