Здравје и убавина
Мајката на Мери од с.Цер (Кичевско) моли за ќерката, потребна и е нашата хуманост, да стане од инвалидска количка! (ФОТО)
Здраво хумани луѓе ширум светов!
На Мери Тошевска (Китеска) и е потребна нашата помош, како што дојдовме до информација од нејзината мајка која е по потекло од с.Цер Кичевско направена е магнетна резонанса на глава и р’бет.
Од Турција добиен е одговор дека воопшто не се работи за мултиплекс склероза туку за повреда на р’бетот. Заради ова Мери добива повик од УК Тракија од Едрене Турција за целосно испитување и за изведување на хирушки зафат кој ќе ја крене на нозе и повторно ќе може да функционира самостојно и без помагала.
За оваа цел на Мери и се потребни 10.000€ кои ние треба да и помогнеме да ги собере.
Ајде како и секогаш да ја покажеме нашата хуманост. Да и помогнеме на Мери да ја фрли инвалидската количка и да застане на свои нозе.
Во тек е процедура за добивање на броеви за донирање, а во меѓувреме да не губиме време и да помогнеме колку што можеме.
Во прилог се денарската и девизната сметка од Мери
-Денарска Сметка
Мери Тошевска
210700000644798
НЛБ Банка АД Скопје
-Девизна Сметка
Meri Tosevska
Ul.Partizanska Br.55/4-1, Bitola
IBAN Code MK07210501725644502
NLB BANKA AD SKOPJE
Majka Tereza Br.1
MAKEDONIJA
SWIFT TUTNMK22
Би Ве замолиле секој од вас да го сподели овој пост на својот профил, со цел да се рашири оваа вест, кој би бил во можност да придонесе..
Здравје и убавина
На колку време треба да се менува четката за заби?
„Дали е вистина дека четката за заби треба да се менува секој месец?“, гласи прашањето на заинтересираните лица. Денталната хигиена, освен правилното миење на забите и користењето на соодветна паста, вклучува и соодветна четка за заби која треба да ја менувате секој месец. Апсолутно да!
Можеби ви изгледа нереално и претерано, но на четкичката за заби можат да се насоберат околу 10 милиони бактерии вклучувајќи и ешерихија коли и стафилокока. Нормално, освен тоа што е потребно да ја менувате често, важно е и каде ја чувате.
И покрај редовната промена која ќе ја вршите, ви препорачуваме и внимателност при изборот на соодветна паста за заби која содржи триклосан/кополимер, бидејќи пдобро ги убиваат бактериите. Исчистете ја повремено четката со антибактериска течност за плакнење на устата, а некои советуваат и да ја измиете во машина за садови, со цел да ја стерилизирате.
Никогаш не ја чувајте во пластично заштитно капаче, бидејќи така по користењето се задржува влажноста подолг период и развојот на бактерии е поголем.
Извор: denar.mk
Здравје и убавина
Како да направите диетален домашен сок од ананас
Благодарение на состојката бромелин, ананасот помага при варењето на протеините и буквално ги топи мастите во телото.
Ананасот се препорачува при слабеењето, но и за елиминација на целулитот, спречува создавање на брчки а помага и при алергии.
Здравиот домашен напиток од ананас многу лесно се подготвува…
Состојки:
– 1 ананас
– 1 лажица ленено масло
– 2 дл. Ладна вода
– малку сок од лимот или лимета
Подготовка:
Свежиот ананас разладете го во ладилник. Исчистете го и исецкајте го на коцки. Ставете го во блендер и додадете го лененото масло и лимонот, додадете и една шака коцки мраз или ладна вода.
Се добро измешајте. Готовиот напиток ставете го во фрижидер, а по желба разредете го со вода или леден домашен чај.
Извор: денар
Здравје и убавина
Овој е можеби единствениот напиток за отстранување на непријатната миризба од устата
Ако одржувате орална хигиена, но сепак имате лош здив, обидете се да го отстраните со помош на овој напиток. Станува збор за вода со додаток на овошје богато со витамин Ц, кое ја зголемува киселоста во устата и така ја намалува можноста за развој на бактерии.
Состојки:
– 2 литри обична природна вода
– 1-2 големи портокали
– 3 киви
– 5 јагоди
– сок од половина лимон или лимета
Начин на подготовка:
Измијте го овошјето, отстранете ја кората и сечете го овошјето на парчиња по желба. Додадете го овошјето во водата, сокот од лимон и оставете го напитокот најмалку еден час во фрижидер. Послужете со коцки мраз и лисја од нане, кои исто така се одлични отстранувачи на лош здив.
Извор: денар
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (15 декември)
-
Кичево2 дена
Со „Integral House“ – Кичево, се ѐ полесно, тимот на професионалци вашиот дом ќе го направат во чекор со модерната „smart“ технологија, во движење и на дофат
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за понеделник (16 декември)
-
Македонија18 часа
Од предмалку воведена забрана за тешки товарни возила за превој Стража
-
Македонија2 дена
Охриѓанка била измамена, лицето кое ја измамило и кажал дека има пари на сметка од Биткоин
-
Свет1 ден
Во Италија стапи на сила новиот ригорозен закон за возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол
-
Македонија16 часа
Поголемиот дел од Македонија под дожд, превоите и скијачките терени под снег
-
Македонија12 часа
ДПИ со соопштение за мониторинг на цени на производи од „Новогодишна кошница“